Четирите најславни манекенки на сите времиња заедно на насловната на „Вог“ (ФОТО) - Канал 5

Четирите најславни манекенки на сите времиња заедно на насловната на „Вог“ (ФОТО)

Септемврискиот број на Вог носи насловна страница која ќе влезе во историјата.

Четирите најславни манекенки на сите времиња заедно на насловната на „Вог“ (ФОТО)

Жените чии имиња се синоним за супермодели – Кристи Тарлингтон, Наоми Кембел, Синди Крафорд и Линда Евангелиста – позираа заедно за насловната страница на изданието во кое зборуваа за кариерата, љубовта и семејството. „Најголемите на сите времиња“, пишува на насловната страница.

„Во доцните 80-ти до средината на 90-тите, високата мода премина од хоби во основна забава. Во центарот на оваа трансформација беа Кристи, Наоми, Синди и Линда. Нивната комбинација на неверојатно фотогенични карактеристики, самодоверба, дух , интуитивниот стил, љубопитноста и работната етика беа прекинувач за индустријата. И оттогаш тие светла никогаш не се изгаснале“, се вели во објавата на Vogue.

Сѐ укажува дека интервјуто е инспирирано од документарниот серијал Супермодели, кој започнува да се емитува оваа есен. Серијата содржи ексклузивни интервјуа со супермодели кои ќе дадат увид во нивните кариери и ќе се потсетат на нивните манекенски почетоци. Режисер на серијата е Барбара Копл, а продуценти се Брајан Грејзер и Рон Хауард. Документарецот пристигнува на 20 октомври на Apple TV+.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко

Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста во својата северноафриканска енклава Сеута, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко.

Видео: Шпанија испраќа војници за да ја зајакне безбедноста, откако илјадници мигранти вчера допливаа од Мароко

Најмалку 15 лица се удавија додека се обидуваа да стигнат до Сеута. Локалните власти апелираа до Мадрид за помош по неодамнешното зголемување на обидите за преминување на мигрантите, но вчера имаше хаотични сцени бидејќи граничните контроли не можеа да ги запрат.

Врховниот суд на Шпанија,овој месец пресуди дека мигрантите запрени на море додека се обидуваат да стигнат до Сеута или Мелиља, друга шпанска енклава, не можат по брза постапка да бидат вратени во Мароко.

Шпанското министерство за внатрешни работи ги обвини мрежите за трговија со луѓе дека го искористуваат тоа за „поттикнување на протокот на мигранти“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Софија работните групи постигнале согласност за изградба на прекуграничкиот железнички тунел на коридор 8

Во Софија вчера се одржал првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на коридор 8.

Во Софија работните групи постигнале согласност за изградба на прекуграничкиот железнички тунел на коридор 8

Во согласност со усвоените заклучоци, беше договорено следниот состанок на заедничката работна група да се одржи во Скопје, каде што ќе биде направен преглед на реализацијата на договорените активности и ќе се утврдат наредните чекори за реализација на проектот, соопштија од минситерството за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 39 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. 

Сончево и топло со температура до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло. Особено топло ќе биде од среда кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер