Четиринаесет лица, меѓу кои и родители, повикани на разговор во врска со врсничкото насилство во Ѓорче Петров - Канал 5

Четиринаесет лица, меѓу кои и родители, повикани на разговор во врска со врсничкото насилство во Ѓорче Петров

Четиринаесет лица биле повикани на разговор во полиција во врска со случајот на бруталното меѓуврсничко насилство врз 11-годишно девојче од Ѓорче Петров. 

Четиринаесет лица, меѓу кои и родители, повикани на разговор во врска со врсничкото насилство во Ѓорче Петров

Како што посочи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во координација со Јавното обвинителство во тек е истрага за случајот, а за дел од повиканите лица, меѓу кои и родители, ќе има соодветни постапки. Тошковски уверува дека МВР сериозно пристапува кон расчистување на случајот, но со особена внимателност бидејќи станува збор за малолетни лица. Тој повика на поголема вклученост на училиштата, институциите и родителите, нагласувајќи дека е потребен заеднички пристап за справување со врсничкото насилство, како сериозен општествен проблем.

-Се води истрага,14 лица се повикани на разгвовор и за дел од нив ќе следат одредени процесни дејствија. Секако во рамки на овој предмет е вклучено и ЈО се постапува по насока на надлежен јавен обвинител. Сепак станува збор за малолетници кои што мора да одиме со редуцирани информации во јавност имајки го предвид типот на овој криминалитет, но сакам да упатам една порака до македонската јавност а тоа е и те како мораме да бидеме фокусирани во делот на овој тип на криминалитет. Мора сите институции да бидат вклучени во рамки на овој процес да дадеме еден повеќесекторски одговор,- -Панче Тошковски – министер за внатрешни работи.

Од Јавното обвинителство потврдуваат дека се постапува по предметот, но засега не споделуваат повеќе детали.

Во меѓувреме, дел од родителите зад камерите раскажуваат дека имињата на дел од учениците вклучени во насилството имале проблематично однесување и биле посочувани на родителските средби, поради вербални и физички напади врз соученици.

Според извори на Канал 5 дел од учениците кои учествувале во насилството не се непознати за училиштето. На дел од нив им биле изрекувани воспитни мерки и им било намалено поведението и за други девијантни однесувања во училиштето, надвор од насилството врз шестоодделенката.

Шестооделенката, која била предмет на изживување од група ученици, кои и гаснеле цигари од телото, ја тепале, дури и ја приморале да јаде измет од кучиња, во моментов следи настава од дома, како дел од процесот на закрепнување. Засега не се размислува за преместување на насилните ученици во друго училиште, информира за Канал 5 директорката на ОУ „Мирче Ацев“ Гордана Билбилоска. Таа вели дека веднаш по добиената информација биле преземени сите неопходни мерки.

-По комплетирање на целата документација во делот на изјави и разговори изречени се соодветни мерки согласно правилниците од училиштето и правилниците за насилство од МОН. По оваа формална процедура, направен е од страна на училиштето и стручните соработници педагог и психолог и тим за поддршка на сите учесници во ова насилство,- -Гордана Билбилоска – директорка на ОУ „Мирче Ацев“.

Предмет за случајот отвори и Народниот правобранител, од каде апелираат на поголема одговорност кај родителите и итно и ефикасно постапување од сите надлежни институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер