Четиригодишно дете се отруло со канабис- италијанската полиција дошла до неверојатно откритие - Канал 5

Четиригодишно дете се отруло со канабис- италијанската полиција дошла до неверојатно откритие

Четиригодишно момче од италијанскиот град Арецо било однесено во одделот за итни случаи под сомнение за труење со канабис откако изело бисквит направен со таа супстанца.

Четиригодишно дете се отруло со канабис- италијанската полиција дошла до неверојатно откритие

Момчето одеднаш се разболело, а потоа ја изгубило свеста. Лекарите во болницата Сан Донато пронашле зголемени нивоа на канабиноиди во крвта и урината на детето, објавува „Раи Уно“.

Откако мајката на детето објаснила дека нејзиниот син го изел бисквитот во куќата на неговите баба и дедо, започнала полициска истрага.

Полицијата утврдила дека слатките ги подготвил вујкото на момчето, 30-годишен маж без криминално досие, но кој претходно бил пријавен за злоупотреба на дрога.

Претресот на неговиот дом открил стаклена градина за одгледување канабис, во која имало ламби, вентилатори и ѓубриво, како и околу 600 грама сушена марихуана.

Дополнително, во замрзнувачот биле пронајдени бисквити со канабис, кои биле идентични со оние што ги изело детето.

Мажот бил приведен по наредба на дежурниот јавен обвинител за поседување, одгледување и производство на наркотици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина Бутел

Општина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства.

Ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина Бутел

На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа.

Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на родителите.

Вредноста на училишниот пакет и униформата претставува заштеда од околу 9.000 денари за секое семејство кое годинава има прваче.

Покрај висококвалитетниот анатомски ранец, пакетот ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка.

Со оваа активност, Општина Бутел продолжува да инвестира во квалитетно образование и подобри услови за најмладите, создавајќи средина во која секое дете ќе има можност да учи, расте и да го развива својот потенцијал.

Вложувањето во децата е вложување во иднината на Општина Бутел.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затвор

На 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско.

Приведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затвор

Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син

Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.

Уапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син

Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“.

Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата.

Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер