Четириесет проценти од новороденчињата во Виена не се австриски државјани - Канал 5

Четириесет проценти од новороденчињата во Виена не се австриски државјани

Бројот на деца родени во Австрија кои немаат австриско државјанство бележи постојан раст.

Четириесет проценти од новороденчињата во Виена не се австриски државјани

Најновите податоци за 2024 година покажуваат дека тие сочинуваат 40 проценти од вкупниот број новороденчиња, јави австрискиот јавен сервис ОРФ, повикувајќи се на државната Статистичка служба.

Според статистиката, пред 20 години овој удел изнесувал околу 20 проценти, додека денес во одредени делови на Виена над 50 отсто од новороденчињата немаат австриско државјанство. Иако постои законска можност за натурализација, истражувачот за миграции од Економскиот универзитет во Виена, Јудит Коленбергер, посочува дека процесот е долготраен и оптоварен со бирократски пречки.

- Ова значи дека долг временски период овие деца немаат форма на политичка припадност, бидејќи државјанството е директно поврзано со активното и пасивното право на глас, нагласува Коленбергер. Таа предлага децата на родители кои законски престојуваат, работат и плаќаат даноци во земјата, да добиваат државјанство по автоматизам со самото раѓање.

Сепак, федералната влада, која е надлежна за ова прашање, како и градските власти во Виена, засега ја отфрлаат можноста за ваква фундаментална промена на регулативата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер