ЖивотЧетиридневната работна недела може да биде добра и за планетатаЕден од најважните фактори кои придонесуваат за климатските придобивки од четиридневната работна недела е намалувањето на неопходното патување.Во 2011 година, Сајмон Арсел и другите тројца ко-основачи на тогаш младата консултантска компанија за животна средина Тајлер Гранџ во Обединетото Кралство одлучија на сите свои вработени да им дадат еден слободен ден месечно под услов да работат волонтерска работа надвор од компанијата. Откриле дека многу од нивните нови вработени веќе го посветуваат слободното време на волонтирање, помагајќи им на организациите за зачувување на дивиот свет. „Нашите екологисти отсекогаш сакале да бидат екологисти“, вели Арсел. Минатата година „Тајлер Гранџ“ го презеде она што некои би го нарекле многу порадикален чекор во корист на благосостојбата на своите вработени, воведувајќи четиридневна работна недела за сите вработени. Компанијата учествуваше во најголемиот светски експеримент „четири дена неделно“, кој се одржа во ОК од јуни до декември 2022 година. Целта на испитувањето беше да се процени дали компаниите можат да ја одржат продуктивноста со намалени работни часови – и што е најважно , без намалувања на платите на работниците. А климата? Менаџерите и вработените во „Тајлер Гранџ“ со ентузијазам ја поздравија промената, а нивните резултати покажаа дека дневната продуктивност се зголемила за 22%. Но, Арсел сакаше да процени уште една работа: влијанието на четиридневната работна недела врз јаглеродниот отпечаток на компанијата. И четиридневната недела се покажа како „неверојатно добра и во тоа“, изјави тој за Би-Би-Си. „Во просек бележивме 21% намалување на бројот на поминати километри со автомобил“, забележува тој низ насмевка. „Тајлер Гранџ“ исто така ги прекина состаноците и патувањата кои се сметаа за непотребни. Тестирања низ целиот свет Дебатата околу четиридневната работна недела се засилува ширум светот. Непрофитната организација која го координираше тестот во Обединетото Кралство, 4 Day Week Global, имаше пилот тестирања и во САД и Ирска, а компании во Исланд, Шпанија, Шведска, Белгија, Јапонија и Нов Зеланд исто така испробаа пократки работни недели. Но, истражувањето во Обединетото Кралство беше најголемо досега, во кое беа вклучени повеќе од 60 компании и организации. Резултатите беа објавени на 21 февруари, а некои од компаниите почнуваат отворено да го артикулираат она што го сугерираа претходните студии: пократка работна недела може да и помогне на планетата. Џулиет Шор, економист и социолог на Бостонскиот колеџ и водечки истражувач на 4 Day Week Global, која беше вклучена и во експериментите во Обединетото Кралство и во САД, тврди дека скратувањето на работната недела е важен фактор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата. „Иако климатските придобивки се најтешкиот параметар за квантификација, многу студии покажуваат дека со текот на времето, како што земјите го намалуваат работното време, се намалуваат и емисиите на јаглерод диоксид“, вели Шор. Намалувањето на работното време за 10% е поврзано со намалувањето на јаглеродниот отпечаток за 8,6%, според студијата од 2012 чиј коавтор е Шор. Помалку часови во патувања Еден од најважните фактори кои придонесуваат за климатските придобивки од четиридневната работна недела е намалувањето на неопходното патување. Податоците од истражувањето во Обединетото Кралство покажуваат намалување на времето за патување за 10%, од 3,5 часа на 3,15 часа неделно. Во американскиот експеримент од 2022 година, намалувањето беше уште поголемо, од 3,56 на 2,59 часа неделно (пад од 27%). И во ОК и во САД откриле дека многумина го користеле времето што го заштедувале на активности со ниска емисија на ЦО2, како што се пешачење или хоби дома. Податоците од Британија, исто така, забележаа дека „смената“ во пократка работна недела доведе до поеколошки активности: учесниците поминуваа повеќе време волонтирајќи за еколошки причини и беа повнимателни за рециклирање и купување зелени производи. „Кога луѓето работат помалку, тие имаат повеќе слободно време за одржливи активности“, забележува Стефани Џеролд, истражувач на Технолошкиот универзитет во Бранденбург во Германија, која не била вклучена во испитувања во ОК и во САД, но има развиено различни модели за намалување на работното време имплементирано од австриски компании. Интернет сообраќајот (исто така) паѓа Неочекуван резултат што го забележаа во „Тајлер Гранџ“ беше дека емисиите на јаглерод диоксид поврзани со испраќањето и складирањето податоци исто така беа значително намалени. Секој од големите центри за податоци може да троши количество електрична енергија како 50.000 домови. „Недостатокот на [онлајн] деловен сообраќај во петок може да има значително влијание врз емисиите, потенцијално уште позначајно од намалувањето на патувањето“, вели Арсел. Загриженост Меѓу речиси сите компании кои учествуваа во британскиот експеримент, „пресудата“ беше позитивна: пократката работна недела е од корист за бизнисот и животната средина. Но, некои експерти забележуваат дека намалувањето на работното време може да биде придружено со други, индиректни ризици за животната средина. На нивниот дополнителен слободен ден, вработените не мора да се вклучат во „зелено“ однесување. Некои би можеле да се качат во авион за да го прослават својот платен петок во странство. „Тридневен викенд може да доведе до поголема потрошувачка на стоки и услуги" со висок јаглероден отпечаток, вели Анупам Нанда, професор по урбана економија на Универзитетот во Манчестер. „Ако на крајот земете авион или се возите сто километри од забава" тоа нема да помогне во борбата против климатските промени и кризи“, вели Нанда. Ниту во ОК ниту во САД не е целосно пресметан јаглеродниот отпечаток од потенцијалните дополнителни активности на дополнителниот слободен ден. Филип Фреј, истражувач во Институтот за технолошка проценка и системска анализа во Карлсруе, Германија, и автор на книгата „Еколошките граници на работа“, вели дека ја разбира загриженоста за потенцијалните дополнителни емисии од активности вон слободно време, но забележува дека оваа претпоставка се чини дека во моментов не е потврдена. Фреј дури цитира студија која покажува дека луѓето во Северна Америка и Европа оставаат помал јаглероден отпечаток во деновите од викендот. Но, емисиите за време на викендите не се намалуваат во Источна Азија. Севкупно, неделните емисии во Северна Америка и Европа беа 40% под просекот, додека емисиите во недела беа скоро 20% над просекот. Податоците од американската Управа за енергетски информации, исто така, покажуваат дека луѓето во САД согоруваат речиси 10% помалку фосилни горива за време на викендите отколку во работните денови. Поради оваа причина, Фреј проценува дека дополнителен слободен ден во текот на неделата може да ги намали емисиите од согорувањето на фосилните горива. Дополнителните податоци, исто така, изгледаат релативно смирувачки. Бројот на домашните рекреативни патувања направени од работниците кои учествуваат во истражувањето во ОК се намали за 5,5%, додека речиси и да нема промена во бројот на меѓународни летови заради рекреација. Меѓутоа, американска студија не открила промена во домашните рекреативни патувања, додека меѓународното патување се зголемило повеќе од двојно, но нивната фреквенција пред „експериментот“ била мала. Сепак, и покрај зголемениот број на истражувања, остануваат премалку податоци за целосно да се разбере какво би било влијанието врз климата со преоѓање на четиридневна работна недела. Можеби ќе биде тешко прецизно да се измерат некои од климатските придобивки поради други фактори кои имаат влијание. Во 2022 година, на пример, цените на енергијата пораснаа, што го отежнуваше анализирањето на влијанието што четиридневната недела го има врз какви било намалувања во потрошувачката на енергија на компаниите. Во секој случај, загриженоста за животната средина не е главниот двигател за многу од фирмите вклучени во истражувањата. Затоа, влијанието врз климата не беше истакнато толку многу во споредба со социјалните и економските ефекти како што се рамнотежата помеѓу работата, приватниот живот и продуктивноста. Понекогаш, компаниите едноставно не се свесни дека може да има некакви придобивки за климата. „Запознав многу малку компании кои навистина размислуваа за четиридневната недела како нешто што ќе има позитивно влијание врз животната средина“, вели Арсел. Работодавците едноставно имаат други приоритети. Потребни се повеќе истражувања за да се добијат точни податоци. Понекогаш, на работодавците им треба само мал притисок, и тука стапува на сцена владината акција. „Потребна е политичка акција за да се поттикне толку голема промена. Националните влади мора да го покажат патот“, вели Фреј. Шпанската влада неодамна потврди дека ќе им плати до 150.000 евра на малите и средни претпријатија кои ќе ја тестираат четиридневната недела. Поддршката од владите би можела да се материјализира и на други начини, вели Фреј, како што е намалувањето со закон на максималната граница на работното време или самите да дејствуваат како пионери. „Јавниот сектор е еден од најголемите работодавачи во сите европски земји. Ако понуди четиридневна недела, приватните компании ќе мора да останат конкурентни за да привлечат вработени, вели тој. Сепак, колку повеќе компании самите ќе се впуштат во оваа територија, толку повеќе владите ќе бидат притиснати да дејствуваат. „Овие пилот-програми се навистина важни за да се поттикне политичката агенда, особено ако климатските придобивки влегуваат во разговорот“, вели Џеролд. Четиридневната недела, исто така, има предност во однос на многу други климатски решенија: таа не се сфаќа како жртва. Пократка работна недела без загуба во платата е радосна работа. Тоа е нешто што сите го сакаме, истакнува Џеролд. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНекои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш Еве што ја прави разликатаИскуството, навиките и темпераментот влијаат на снаоѓањето на мачките, но дури ни доброто познавање на територијата не гарантира дека ќе го пронајдат патот до домот. Мачките се познати по својата способност да се снајдат во просторот. Додека некои успеваат да го најдат патот до својот дом дури и кога се оддалечени со километри, други се губат и на многу помало растојание. Во што е тогаш тајната на нивниот „внатрешен GPS“? Јулија Малкова, експерт за однесување на мачките, објаснува дека на способноста за нивна ориентација влијаат искуството, навиките, темпераментот и генетиката на мачките. Затоа сите мачки не се снаоѓаат подеднакво добро, и нивниот инстинкт не е гаранција дека ќе го пронајдат патот до домот. Искуството и познавањето на територијата Мачките кои од мали имаат навика да престојуваат надвор обично имаат поголемо искуство да се снајдат во околината. Познатите звуци, мириси им помагаат во полесно препознавање на територијата и полесно пронаоѓање на местата што им се познати. Од друга страна, мачките кои цел живот го минуваат во затворен простор може да имаат потешко да се снајдат надвор. Непознатите улици, новите мириси, различната околина може да ги збунат, особено ако се исплашени и под стрес. Зошто некои мачки никогаш не се враќаат дома? Дури ни мачките кои добро ја познаваат својата околина, не се имуни на опасноста да се изгубат. Големите градови, густиот сообраќај, непознатите подрачја и стресот може да им го отежнат враќањето, додека стравот може да ги натера да се скријат и да останат на едно место. Врз нивната способност да се ориентираат влијаат повеќе фактори, па ни долгогодишното искуство не гарантира дека мачката ќе успее да го најде патот до дома. Не потпирајте се на мачешкиот инстинкт Иако мачките се исклучително снаодливи, нивната способност не треба да се преценува. На сопствениците им се советува да обезбедат сигурна околина, како и соодветна идентификација за да ги зголемат шансите за нивно пронаоѓање доколку залутаат. Многумина прашуваат дали нивната мачка треба да излегува надвор. Нивниот т.н. „внатрешен GPS“ е фасцинантна способност, но не е непогрешлив. Затоа најдобро е да го спречите неконтролираното лутање и да го намалите ризикот миленикот да се изгуби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Сотир КостовВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир КостовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопругКај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Раздразливост, недостаток на енергија, лош сон и намалена концентрација можат да бидат знаци на „синдром на несреќен сопруг“, што се поврзува со постепено опаѓање на нивото на тестостерон кај мажите. Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Помалку е познато дека и мажите, со текот на годините, минуваат низ хормонални промени кои влијаат како на телото, така и на расположението. Во науката, оваа фаза се нарекува андропауза – популарно позната како „машка менопауза“ – додека промените во расположението што ја придружуваат, во секојдневниот говор се нарекуваат и „синдром на несреќен сопруг“. Кај мажите, нивото на тестостерон почнува постепено да опаѓа веќе после триесеттите години. Додека кај жените производството на женски хормони нагло опаѓа за време на менопаузата, кај мажите овој процес се одвива побавно. Тестостеронот не исчезнува целосно, но телото го произведува во сè помали количини. Намаленото ниво на тестостерон може да предизвика изразени промени во расположението, при што раздразливоста е еден од главните симптоми. Мажот може да стане поимпулсивен и да се вознемирува поради ситници на кои инаку не би реагирал. Сепак, хормоните не се оправдување. Иако падот на тестостеронот придонесува за лошо расположение, мажот сепак е одговорен за своите емоции и постапки; истурањето на гневот врз партнерката е неприфатливо. Првиот чекор е да се препознаат промените и за нив да се разговара со лекар или специјалист. Чести симптоми се и губењето на енергијата и ентузијазмот. Ако мажот повеќе не покажува интерес за активности во кои претходно уживал, тоа може да биде знак за депресија, која може да биде поттикната токму од падот на нивото на хормоните. Депресијата може да се развие постепено или да се појави ненадејно. Во двата случаи, таа го нарушува квалитетот на животот – како на лицето што минува низ неа, така и на неговиот партнер, пишува „Your Tango“. Затоа се важни отворените разговори за менталното здравје, особено за мажите, кои често се учени дека ранливоста е слабост. Напротив, барањето помош е знак на сила и грижа за себе. Хормоналните промени можат да влијаат и на квалитетот на сонот. Ако мажот ноќе немирно се превртува во креветот, тоа исто така може да биде поврзано со андропаузата. Доволниот сон е неопходен за физичка и емоционална рамнотежа, па затоа е најдобро за промените во сонот да се разговара со лекар. Намаленото ниво на тестостерон може да го отежне концентрирањето, фокусирањето и краткорочното помнење, или пак да го промени начинот на кој мажот ги обработува информациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33