Четири знака дека имате работа со емоционално незрел маж, според студиите - Канал 5

Четири знака дека имате работа со емоционално незрел маж, според студиите

Препознавањето на знаците на емоционална нестабилност кај партнерот е клучно за избегнување на токсични врски. 

Четири знака дека имате работа со емоционално незрел маж, според студиите

Понекогаш овие знаци се суптилни, но истражувањата покажуваат дека одредени модели на однесување може да укажуваат на неразрешени емотивни проблеми. Доколку ги забележите овие сигнали, тоа може да значи дека мажот не е подготвен за здрава и стабилна врска.

Постојано ве споредува со бившата партнерка

Ако вашиот партнер често укажува на сличностите помеѓу сегашната и бившата партнерка, особено во физичка смисла, тоа може да биде знак дека е емоционално нестабилен. Според истражувањето на Американската психолошка асоцијација (АПА), мажите кои не ги преболеле бившите партнерки честопати несвесно ги проектираат минатите врски врз новите врски. Ако редовно ја спомнува бившата партнерка и споредува однесување, големи се шансите сè уште емотивно да не го затворил тоа поглавје, пишува YourTango.

Имате чувство дека не ја преболел претходната врска

Понекогаш не е потребно директно спомнување на поранешната партнерка за да почувствуваме дека нешто не е во ред. Може да забележиме дека тој сè уште ги чува нејзините работи, како фотографии или облека, или избегнува да зборува за минатото. Според една студија од 2017 година, емоционално нестабилните мажи често остануваат приврзани за нивната поранешна врска, без разлика дали преку сентиментални предмети или несвесни модели на однесување. Ако имате чувство дека ве доживува како замена или продолжување на старата врска, тоа може да укажува на подлабок емотивен проблем.

Имате чувство дека играте одредена улога и не сте свои

Ако чувствуваме дека од нас се очекува да бидеме некој друг, тоа може да биде знак дека нашиот партнер не е емотивно присутен во врската со нас, туку се обидува да ја пресоздаде претходната врска. Истражувањето на АПА покажува дека партнерите кои не ја преболеле бившата, може да создадат динамика во која очекуваат новата партнерка да се однесува како претходната. Ако чувствуваме притисок да се прилагодиме со некоја однапред замислена слика, тоа може да биде знак дека нашиот партнер не е вистински заинтересиран за нас, туку повеќе за илузијата на односот кој се обидува повторно да го создаде.

Чувствувате притисок да се однесувате на одреден начин за да му угодите

Оваа динамика може да биде тешка за препознавање бидејќи често се развива суптилно. Ако вашиот партнер инсистира да јадете одредена храна, да носите специфична облека или да се вклучите во одредени активности, можно е да се обидува да го контролира вашиот идентитет. Овие модели на однесување може да укажуваат на емоционална нестабилност и потреба за контрола, што може да биде знак за нездрава врска.

Ако ги забележите овие модели, важно е да ги препознаете навреме и да процените дали вашата врска е емотивно сигурна и дали ви служи како поткрепа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови 7 осомничени за транспорт на марихуана во Србија, двајца склучиле спогодби за казни под 4 години

Јавното обвинителство ја прошири истрагата против седум нови лица за шверцот на пет тони марихуана во Србија, во јануари годинава.

Нови 7 осомничени за транспорт на марихуана во Србија, двајца склучиле спогодби за казни под 4 години

Со нив, за случајот во Македонија осомничени се вкупно 13 лица. Тие, заедно со шестмината уапсени во Србија, и други засега непознати лица организале најмалку 5 транспорти на марихуана, соопшти Обвинителството.

Како параван било користено правното лице во скопје кое поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели, а за транпортот користеле товарни возила и царински декларации со кои се прикажувало дека се превезува текстилна, прехранбена и друг вид стока. Откако наркотичната дрога ќе била пренесена преку државната граница, организирале нејзино складирање во месноста Коњух кај Крушевац, каде марихуаната се препакувала и дистрибуирала за натамошна продажба.

Според досега обезбедените докази, истиот modus operandi бил применет при најмалку пет транспорти, за кои биле користени различни патнички и товарни моторни возила. Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од царинетата стока, а на нејзино место се ставале кутии со наркотична дрога марихуана со тежина приближно еднаква на тежината на извадената стока. Потоа товарното возило се упатувало кон ГП Табановце, при што било следено од некој од осомничените со патничко моторно возило. На овој начин марихуаната била транспортирана прикриена како прехранбени производи, перници и јоргани. – соопшти Обвинителството..

Од таму додаваат дека во меѓувреме, двајца од првично шестмината осомничени, склучиле спогодби со Обвинителството, кои на 10 август биле потврдени од кривичниот суд.. Едниот добил 3 ипол години затвор, а вториот три години и 8 месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење: Сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење: Сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија , вчера изгореа куќи

Се уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија тимот на Дирекцијата за заштита и спасување составен од доброволни пожарникари од Битола .

Се уште е активен пожарот кај селото Чаниште, останува уште еден крак од огнената линија , вчера изгореа куќи

Работеше цела ноќ, а продолжува со работа и утринава ова утринава го изјави за Канал 5 директорот на дирекцијата Стојанче Ангелов.

Според него изгорени се напуштени куќи или куќи во кои се пртестојаувало ретко .Нема повредени жители ниту пожарникари.селото е оддалечено околу 35 километри од прилеп.

Поради лошиот и кривулест пат, на екипите им бил потребен околу еден час за да стигнат до населеното место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер