2Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
ЖивотЧетири знаци кои укажуваат на тоа дека односот нема иднина, предупредува терапевтСекоја врска поминува низ подеми и падови, но кога односот станува исцрпувачки, полн со фрустрации и емоционална дистанца, важно е да се запрашате дали оди во вистинската насока. Останувањето во врска исклучиво од страв, вина или навика може да нè спречи да пронајдеме среќа и исполнетост. Психологот и терапевт Џефри Бернштајн сподели четири клучни знаци кои може да укажуваат на тоа дали врската има иднина. Има повеќе негативни отколку позитивни моменти „Сите врски имаат предизвици, но ако тешките времиња станат правило, а не исклучок, тоа е знак на загриженост. Постојаните расправии, емоционалната дистанца и недостатокот на блискост може да укажуваат на врска која ја изгубила стабилноста и поврзаноста. Ако врската ви носи повеќе стрес отколку радост, вреди да се запрашате дали вреди да останете во неа“, вели Бернштајн за Psychology Today. Се чувствувате неисполнето и несреќно Врската би требало да го обогати вашиот живот, а не да го исцрпува. Ако чувствуваме дека постојано мора да се прилагодуваме на партнерот или да ја поправиме врската без да напредок, можеби всушност стагнираме, тврди терапевтот. „Исто така, ако во врската останувате повеќе од страв од осаменост отколку од вистинска љубов, тоа може да биде знак дека е време да се посветите на сопствениот раст и среќа“, додава тoj. Трпението ви е при крај "Ако ви пречат ситници кои претходно не сте ги ни забележувале и ако чувствувате иритација почесто отколку поврзаност, ова може да биде знак на насобрано незадоволство. Кога основната врска ослабува, дури и малите нешта може да станат неподносливи, а некогашната блискоста да ја заменат постојаните", предупредува Бернштајн. Имате чувство дека нешто не е во ред Внатрешното чувство дека нешто не е во ред е често најдобар показател за проблеми во врската. "Ако помислата за иднината со партнерот ве исполнува со чувство на немир, наместо возбуда, тоа може да значи дека сте свесни за подлабоки проблеми кои можеби не сакате да си ги признаете. Во такви ситуации, корисно е да ја послушате сопствената интуиција и да размислите за следните чекори", советува терапевтот. Да се препознае дека врската нема иднина никогаш не е лесно, но останувањето во врска што ве исцрпува може да ве оддалечи од среќен и исполнет живот. „Ако се препознавте во овие знаци, важно е да се запрашате: Дали сум подобра личност откако сум во оваа врска? Ако одговорот е не, не задоволувајте се со помалку отколку што заслужувате. Вистинската врска дава енергија, а не исцрпува“, заклучува Бернштајн.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуски опозиционер е осуден на 11 години затвор- ја критикувал војната во Украина Заменик-претседателот на руската либерална партија Јаблоко, Лев Шлосберг, беше осуден во понеделник на 11 години и еден месец во казнена колонија поради критикување на војната во Украина.За време на судењето, Шлосберг ја нарече војната катастрофа за Русија, објави Ројтерс. Обвинение за дискредитација на армијата Шлосберг беше обвинет за дискредитација на руските вооружени сили и ширење лажни информации за војската. Во своето последно обраќање пред судот во Псков минатиот петок, тој ја прогласи својата невиност и тврдеше дека е жртва на политичкиот процес. Тој, исто така, го повтори својот повик за прекин на огнот. The veteran Yabloko politician was found guilty of “discrediting” and spreading “fake news” about the Russian military.https://t.co/EISH7xLjpI — The Moscow Times (@MoscowTimes) August 17, 2026 Забрана за учество на избори Пресудата против Шлосберг беше донесена кратко време по одлуката на Врховниот суд на Русија на 10 август. Со таа одлука, на партијата Јаблоко ѝ беше забрането да учествува на парламентарните избори што ќе се одржат следниот месец.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаСДСМ: Експлозија на бомба во дворот на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на МицкоскиСДСМ објави видео од експлозија на бомба во дворот на М. Б, вработен во МВР, поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски.Зошто се крие од јавноста? Која е позадината? Утре објавуваме детали кои свиркачи ги доставија до СДСМ, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО: Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во СрбијаДосегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на Србија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка против уште седум лица. Седуммината се осомничени дека како припадници на организираната криминална група го сториле истото кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, од засега неутврден период во текот на 2025 година до крајот на јануари 2026 година, на македонската и српска територија, шестмината против кои се води постапка во Србија, шестмината опфатени со истрагата на ОЈО ГОКК од февруари, седуммината новоосомничени, како и други засега непознати лица, се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет наркотична дрога марихуана. Секој од нив имал определена улога, при што самите или преку други непознати лица преземале, држеле и пренесувале наркотична дрога марихуана заради нејзина понатамошна неовластена продажба и пуштање во промет на територијата на Република Србија и други држави. Како параван за недозволените активности било користено правното лице во Скопје кое поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели и дозвола за производство на екстракти од канабис за медицински потреби. Сопствениците на правно лице од Скопје, од кои едниот е и управител, заеднички и по претходен договор организирале и други засега непознати лица од Србија и Македонија за заеднички да набавуваат наркотична дрога марихуана и во повеќе наврати да ја транспортираат од Македонија во Србија. За таа цел користеле товарни возила и царински декларации со кои се прикажувало дека се превезува текстилна, прехранбена и друг вид стока. Откако наркотичната дрога ќе била пренесена преку државната граница, организирале нејзино складирање во месноста Коњух кај Крушевац, каде марихуаната се препакувала и дистрибуирала за натамошна продажба. Според досега обезбедените докази, истиот modus operandi бил применет при најмалку пет транспорти, за кои биле користени различни патнички и товарни моторни возила. Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од царинетата стока, а на нејзино место се ставале кутии со наркотична дрога марихуана со тежина приближно еднаква на тежината на извадената стока. Потоа товарното возило се упатувало кон ГП Табановце, при што било следено од некој од осомничените со патничко моторно возило. На овој начин марихуаната била транспортирана прикриена како прехранбени производи, перници и јоргани. На 21 јули 2026 година, српското Јавно обвинителство за организиран криминал поднесе обвинителен акт против шест членови на организирана криминална група за меѓународен недозволен транспорт на марихуана. Според тамошното обвинение, двајца од сопствениците на правното лице од Скопје давале насоки и инструкции и ги координирале припадниците на криминалната група кои имале задача во месноста Коњух да ја примат и складираат наркотичната дрога марихуана во магацински простор на правно лице, чиј сопственик и управител е исто така обвинет. Дел од дрогата потоа се складирала во помошни објекти во неговиот дом во Коњух, каде било организирано нејзино препакување за натамошна продажба, по што марихуаната наменета за продажба на територијата на Белград му била предавана на друг обвинет член на групата. Во меѓувреме, во постапката што се води пред ОЈО ГОКК, на 10 август 2026 година Основниот кривичен суд Скопје донесе две пресуди врз основа на предлог-спогодби склучени со двајца осомничени. Со спогодбите осомничените признаа дека го сториле кривичното дело што им се става на товар. Притоа им се изречени казни затвор во траење од три години и шест месеци, односно три години и осум месеци, соопштувата од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook