Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ТехнологијаЧетири знаци дека вашиот телефон можеби е хакиранСе случува нешто необично со вашиот телефон? Ако се сомневате дека сте хакирани, проверете ги овие ставки.Батеријата се троши побрзо од вообичаено Ова е еден од најефикасните начини да проверите дали сте „хакирани“. Ако се загрева без причина (дури и кога не е на полначот), многу е веројатно дека некоја апликација работи во позадина, дури и кога екранот е исклучен. За да ја проверите потрошувачката на батеријата, треба да изберете „Battery -> Battery Usage“ во поставките. Побарајте нешто необично, некои апликации што ви се непознати или чудни скокови во проценти. Ако тоа се случи, рестартирајте го телефонот, сами исклучете ја апликацијата што троши енергија и избришете ја доколку е потребно. Често се појавуваат реклами Поп-ап рекламите може да се појавуваат на различни начини. Сега е прашање на рутина да ги исклучите, знаеме кога може да се појават и каде. Најдоброто нешто што можете да направите е да дознаете која апликација ви испраќа реклами (или која веб-сајт ако е интернет прелистувач), а потоа да ги исклучите. Чудни трансакции Секако, доколку забележите необични банкарски изводи, или трансакции од вашата сметка за кои сте сигурни дека не сте ги направиле, многу е можно да сте жртва на хакер. За да направите се што е во ваша моќ за да спречите кражба на банкарски податоци, пред да ги дадете податоците за вашата картичка на апликација или веб-сајт, проверете го нејзиниот „SSL “сертификат - тоа значи дека „URL“-то започнува со „https“, известува „Make Use Of“ . Сомнителни СМС пораки Ако вашите пријатели ви кажат дека добиле некоја чудна СМС порака од вас или некој ве контактира од непознат број поради порака што наводно сте им ја испратиле, постои голема шанса дека вашиот уред е хакиран. На овој начин, малициозниот софтвер се обидува да се „рашири“, односно да се најде во што повеќе уреди. Ако забележите некоја непозната апликација (што може да биде причина за ова), не заборавајте да го блокирате пристапот до неа и да ја избришете. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризитеДенес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата. СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот. За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси. Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото. Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСавески: Повлекувањето на сексуалното образование не значи намалување на последицитеНевладината организација „Хера“ објаснува дека не треба да се избрзува со повлекувањето на предметот секуслано образование, бидејќи тоа е повеќе од важно во ера кога младите избираат да учат од интернет каде има многу непроверни инфомрации. Претседателот на Хера Велимир Савески објаснува дека се подготвени за разговри и со преставници од црквата и министерството за образовние за важноста на едукацијата кај младите, по примерот на речиси сите развиени земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец60 годишен маж од скопско Кадино, ја раскажа две неделната сага преживеана со нилската треска.Маката започнала три дена по големото невреме во јули во Скопје. Тој расчистувал паданти дрва, кровови и верува дека тогаш бил каснат од комарец. Почнало со треска и силна главоболка, чувство на нервоза и страв, по два дена лекување дома одма отишол на инфективната клиника. Десет дена се лекувал во болница, но излегувањето од болница значи надминување на треската, но не и на уморот. Бара редовни контроли и одмор. Во инфективната клиника има шест пациенти, двајца се критични. Нови приеми нема. Диреркторот на клиниката Фадил Цана во вести плус на канал 5 посочи дека за да се спречат потешки последици е едукација на населението за зашитата но и навремено прскање на каналите и нивно чистење. 60 годишниот скопјанец објасни дека последен пати на клиниката бил пациент со ковид, но овој пат вирусот на нилска треска бил многу потежок. Тој со апел заштита со средства против комарци, но општините да ги одржуваат водните површини и редовно да прскаат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter