МакедонијаЧетири училишта добиваат паметен систем за енергетско управувањеЧетири училишта добиваат паметен систем за енергетско управување – потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика, Телеком и основни училишта во Скопје.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес потпиша Меморандум за соработка со четири основни училишта од Скопје и со Македонски Телеком, со што започнува реализацијата на иницијатива за поефикасно користење на електричната енергија и за унапредување на енергетската свесност во образовниот систем. „Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде што ги воспитуваме и идните граѓани и идните професионалци. Преку вакви конкретни чекори, ја пренесуваме пораката дека секоја институција, па и секој поединец, има улога во одржливото управување со енергијата. Истовремено, со ваквите проекти ги учиме младите генерации на свесност, одговорност и рационално користење на енергијата – вредности коишто се суштински за иднината што ја градиме заедно.“, истакна министерката Сања Божиновска. Станува збор за прв чекор во воведувањето паметно следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во јавните институции, почнувајќи од основните училишта „Мирче Ацев“ (Ѓорче Петров), „Исмаил Ќемали“ (Чаир), „Кирил Пејчиновиќ“ (Кисела Вода) и „Лазо Ангеловски“ (Аеродром). Во овие училишта ќе биде инсталирана донација од Македонски Телеком – напредно решение за паметно мерење и управување со електричната енергија (Smart Energy Metering and Management – SEMM). Решението ќе им овозможи на училиштата да имаат подобар увид и контрола врз енергетските трошоци и ќе поттикне поодговорно користење на ресурсите. Од училиштата го поздравија партнерството со министерството и ја истакнаа важноста на ваквите проекти за нивното секојдневно функционирање. „Ова не е само техничко решение, туку алатка што ни помага како институции да бидеме поефикасни, поодговорни и да ја вклучиме енергетската свест во воспитно-образовниот процес“, порачаа директорите на четирите училишта во заедничка изјава. Решението SEMM е целосно развиено од Македонски Телеком. Системот овозможува училиштата во реално време да следат како и колку трошат, со што полесно ќе се идентификуваат можностите за намалување на непотребната потрошувачка и за подобрување на енергетската ефикасност. „Особено ми е драго што сме дел од овој проект за енергетска ефикасност, со донација на наше паметно решение во четири училишта во Скопје. Во ерата на поврзани технологии, нашата цел не е само да придонесеме за дигитализација, туку и за поздрава животна средина, во овој случај преку намалување на потрошувачката на електрична енергија. Соработката со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и училиштата е многу важна, затоа што само преку вакви партнерства се креираат долгорочни и темелни решенија“. – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком. „Се надеваме дека сè повеќе компании ќе го следат овој пример и ќе се вклучат во решенија коишто ќе им помогнат на овие институции полесно и поефикасно да се справуваат со потрошувачката и трошоците за електрична енергија.“, истакна Божиновска. „Компаниите не треба да бидат само технолошки иновативни – од нив очекуваме и вистинска општествена одговорност. Денес, кога сите се соочуваме со енергетски предизвици, особено е важно приватниот сектор да вложува и да помага таму каде што е најпотребно – во јавните институции како училиштата и болниците.“, заклучи Божиновска.Тагови: Сања Божиновска училишта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08