ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС
ЗдравјеЧетири трикови за смирување на иритиран нос и слузницаСезоната на вируси доведува до кивање, кашлање и течење или затнат нос. Дувањето на носот е добро бидејќи слузта нема да се собира во ноздрите. Но, често тоа може да доведе до црвенило и иритација, па носот станува чувствителен на допир. Добрата вест е дека постојат начини да се спречи ова, како и едноставни третмани кои можат да помогнат да се смират црвенилото и болката. Користете масти и мелеми Кога станува збор за лечење на носот кој и онака е во лоша состојба, стручњаците велат дека најдобро е да користите хидратантни производи кои помагаат при заздравувањето. Најдобро е да нанесете малку гел од алое вера после секое течење на носот. Д-р Гаршик, њујоршки дерматолог, препорачува користење на хијалуронска киселина, глицерин, пантенол и вазелин. Мастите кои содржат вазелин, не само што ја задржуваат влажноста туку и ја штитат кожата од надворешни иритирачки фактори. Таа додава дека и топичните стероидни креми се корисни во намалување на воспалението. Антибактериски агенси Бидејќи криеме многу бактерии во ноздрите, понекогаш додавањето локални средства со антибактериски својства може да помогнат во лекувањето на иритираниот нос, вели Роберт Фини, дерматолог од Њујорк, а пренесува „24sata.hr“. Навлажнувач на воздух Кога носот ви е црвен, а неговата внатрешност иритирана, добро е да го подобрите воздухот што го дишете. Кога има помалку влага во воздухот, носот брзо се суши. Решението за ова е да вклучите навлажнувач на воздухот кој ќе ја подобри природната бариера за влажност на кожата. Марамчиња За дување на носот се препорачуваат марамчиња од мека ткаенина (не тоалетна хартија) во кои има лосион кој ќе предизвика минимално оштетување и иритација на внатрешната и надворешната страна на носот. Доколку течењето на носот е предизвикано од алергија, би било добро да размислите за сад за плакнење на носот кој може да помогне во исфрлање на слузта, пишува Real Simple. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНСВенко Филипче и Зоран Заев, по нивниот пример како неразделни другари, си земаа и советници од партијата СНС, на нивниот другар Александар Вучиќ.Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ како олицетворение на Вучиќ, од кој СДС и Филипче, по поразот на изборите, сакаат да се дистанцираат и од него бегаат како ѓавол од темјан, си ги вдомија во владата. Обрадовиќ, иако балкански мешетар, беше ангажиран како советник на Зоран Заев, кој потоа дури сакаше да го постави и за директор на ЕЛЕМ. Благодарение на притисокот што како ВМРО-ДПМНЕ тогаш го направивме оваа постапка беше стопирана, но сепак, во 2021 година Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ. Истиот овој човек, Обрадовиќ, кој Заев го вдоми во Македонија, од функцијата директор на Електростопанство на Србија, беше сменет поради луксуз и хедонизам. Кумот пак на Вучиќ, Башановиќ, кој исто така Заев си го вдоми во македонската влада, е и сегашен ПР шеф на СДС, на чело со Венко Филипче, и заедно со Милјан Шчекиќ им ги пишуваат соопштенијата и прес-конференциите кои потоа Венко и другите ги читаат. Дополнително, за Башановиќ се зборува дека е човекот којшто ги споил Зоран Заев и Алексис Ципрас кои го променија името на Македонија и дека во координација со Заев бил одговорен за зделки во делот на енергетиката. Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште одамна. Па, оттука се поставува прашањето, дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција? А, „Зобек мининг груп“ е истата таа фирма која на Филипче му купи автомобил од марката „АУДИ“. Преку вакви кадри СДС, Заев и Филипче го носеа српскиот свет во Македонија и единственото по што жалат е што не се власт во државата за да продолжат и понатаму да местат милионски тендери со луѓето на Вучиќ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМосква цел на масовен напад со 862 украински дронаГрадоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека ноќеска бил извршен масовен напад со украински дронови. Според него, од синоќа до утрово кон московскиот регион биле испратени 862 беспилотни летала.Руската воздушна одбрана неутрализирала најголем дел од дроновите. Од нив, 170 биле соборени при приближувањето кон руската престолнина.Руските медиуми нападот го оценуваат како еден од најмасовните оваа година. Претходниот голем напад врз Москва бил регистриран ноќта меѓу 28 и 29 октомври. Тогаш, според руските власти, биле испратени околу 613 дрона. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го оцени нападот како невообичаен. Тој посочи дека се случил за време на Самитот Русија-Африка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСамит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-ЛавровВо Соединетите американски држави, денеска се оддржува самитот на министрите за надворешни работи на Г20 земјите. Во Атланта пристигна и рускиот шеф на дипломатијата – Сергеј Лавров, кој се очекува да оддржи средба и со државниот секретар на САД – Марко Рубио. Средбата се оддржува пред трилатералниот самит САД-Русија-Украина првично закажана за 4ти ноември каде ќе продолжат напорите за ставање крај на војната во Украина, но и долгорочни гаранции за безбедност, како за Русија така и за Украина. Дополнително, како што пренесува Ројтерс, Пентагон им порачал на балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија да го намалат непријателскиот тон кон Русија и да избегнуваат провокациска реторика во однос на Москва, со цел да не се нарушува безбедноста на Европа. Рускиот претседател Владмир Путин вчера исто така порача дека доколку би дошло до војна со Европа, Русија е подготвена, но се надева дека нема да дојде до такво сценарио,Тагови: Г20 САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook