Четири пантомима - претстави на седмиот фестивал „Панфиз“ - Канал 5

Четири пантомима - претстави на седмиот фестивал „Панфиз“

Четири претстави, од кои три гостински се на програмата на 7. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“ кој ќе се одржува од 4-ти до 7 октомври во Универзалната сала.

Четири пантомима - претстави на седмиот фестивал „Панфиз“
Фестивалот в сабота на сцената Потковица ќе го отвори американската пантомимичарка Иман Лизаразу со претставата „Баскет ќес“, а во наредните три дена на Малата сцена на Универзална ќе бидат изведени и македонската претставата „Проклетството на Виктор и Викторија“ во режија на Војо Цветановски со актерите Дарко Вељиќ и Марија Бејкова, „Месечев човек“ на британскиот „Невидлив ансамбл“ во режија на Џулиета Килгелман и романската „Приказни без зборови“ и Стефан Руксанда на последниот ден од фестивалот.

„Панфиз“ ќе заврши со доделување на наградата за најдобра претстава, која е парична и спонзорирана од Росен Пацов и Антонија Цветанова од Ботевград, Бугарија.

Буџетот за фестивалот од Министерството за култура е ист како и лани (200.000 денари), намален за 45 отсто од предминатата година. Директорот на „Панфиз“ Трајче Георгиев денеска на прес-конференција рече дека поради скратените средства организирањето на фестивалот, кое ги вклучува и покривањето на трошоците за патување, престој и хонорари на учесниците од странство, се потпира, како што рече, на стари пријатели и луѓе кои им излегуваат во пресрет и дека им доаѓаат учесници на кои фестивалот може да им покрие само одредени трошоци.

- Се надевам дека оваа ќе биде последна таква година кога на стари пријателства и другарства ќе се случуваат настаните. Моја лична идеја кога го почнувавме овој фестивал беше тој да расте. Фестивалот дојде до некое ниво кое го очекувавме и посакувавме и ми се чини дека понатаму ќе биде многу тешко да се одржува тоа ниво поради средствата кои ги добиваме т.е. не ги добиваме. За жал, она што сакаме да го донесеме на овој фестивал се уште не можеме да си го дозволиме. Се надевам дека во иднина ќе успееме, но скептичен сум, првпат по седумгодишно организирање на фестивалот, гледајќи што се случува околу нас - манифестации со јадење и пиење се третираат како културни настани, а сето друго што нешто значи и е раритетно на Балканот, па и во Европа, е оставено на маргините да се снаоѓа со 200.000 денари, рече Георгиев.

Наместо во МНТ „Панфиз“ оваа година од технички причини е во нов простор. - Замислата беше фестивалот да се одвива на малата сцена во новиот објект, но поради поплавите од пред неколку месеци таа сцена во моментов не е во употреба. За среќа, нашите стари соработници - Театарот 007 и Универзална сала ни излегоа во пресрет, додаде Георгиев кој, заедно со Гораст Цветковски, е автор на плакатот за годинашниот „Панфиз“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Илјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. 

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно.

Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај.

,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД

И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува.

,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,,

Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност.

,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,,

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавува

Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. 

19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавува

„Утрата почнуваа со навреди од свекорот со плукање по мене и викање и клоци, зошто сум го јадела лебот во куќата, а не сум го купила. Попладне добивав шлаканици од сопругот зошто сум се скарала со неговиот татко, бидејќи не можев да ги трпам навредите и клоците“ ова е почетокот на приказната на млада скопјанка која на почетокот се радувала на бракот, а потоа и на нивниот син. А сега, раскажава за одлуката да стави крај на семејното насилство од сопругот и неговите родители. Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. По молбите и извинувањата таа ја повлекла пријавата, но теророт не престанал.

„Зошто ве нападна свекорот? Бидејќи сум го земала лебот да го јадам. Ми рекоа тоа што ќе го купам тоа да го јадам. Вие сте сега на породилно имате деветмесечно бебе и не сте во работен однос? Не сум. Му се јавив на сопругот да му каже да не ме вреќа и да не плука додека јадам и да ме колца. Кога се врати се скаравме за сите случувања и ме истепа“, раскажува 19 годишната скпојанка.

Спас од ќотекот бил девет месечниот син, кога го држела во раце не ја тепале. Но, заканите продолжувале да го остави детето, за да заврши „лекцијата“ со тепање кон неа. По оваа пријава во полиција сопругот добил мерки да не си доближува, а свекорот само усмен укор за што таа регира дека тој е исто насилен колку и сопругот. Полицијата регаирала веднаш на јавувањето, но проблемот продолжува во институциите, и лекциите што ќе прави сама со детето?

„Првиот пат ме убедуваа и ми рекоа да не ја повлечам пријавата од полиција, во социјално лошо се однесуваа ми викаше што ќе направам ако јас се оставам со мажот“, објаснува младата жена.

Таа со детето заминува од Македонија, не верува во заштита од институциите, бидејќи само усна опомена од полицијата кон свекорот не е доволно, а голем чекор тој повторно да ја нападне, со образложение “јадела леб во неговата куќа“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер