Четири нови случаи на голема кашлица – утре ќе заседава Комисијата за заразни болести

Расте бројот на заразени со  Пертусис. 

Нови четири случаи се регистрирани во Скопје и тоа 11-месечно бебе, четиригодишно дете и две деца на 11 и 14 годиншна возраст, информираат од Центарот за јавно здравје.

Само еден од потврдените случаи бил целосно имунизиран, другите два се делумно вакцинирани, а 11-месечното бебе воопшто не било вакцинирано. Во Скопје досега има 124 пациенти заболени со Пертусис, поради што утре ќе заседава комисијата за заштита од заразни болести, која ќе треба да одлучи дали ќе има нови мерки и препораки по зголемувањето на бројката на новозаразени со голема кашлица, но и можноста кашлицтаа да се рашири и во останатите градови во земјава.

Народна банка: Новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од курсната листа

Народната банка информира дека е изработена нова веб услуга за автоматизирано преземање на податоците од курсната листа, којашто може да се користи паралелно со старата.

Старата веб-услуга, како што информира Народната банка, ќе биде достапна на веб-страницата до крајот на мај годинава и дотогаш сите корисници треба да почнат да ја употребуваат новата веб-услуга.

- Деловните банки веќе се префрлија на новата апликација и автоматизирано ја читаат Курсната листа секој ден. Оваа апликација на Народната банка за Курсната листа и за курсевите за државните органи е изработена со нови современи алатки и е достапна на следнава врска: https://www.nbrm.mk/web-servis-novo.nspx , на која има и упатство за корисниците за нејзиното користење, велат од централната банка.

Посочуваат дека воведувањето на новата услуга е во рамки на унапредувањето на ИТ-безбедноста на процесите преку примена на нови технологии што се поотпорни на нападите од дигиталниот простор.

- Постојаното јакнење на киберотпорноста, како и користењето на технологиите за подобрување на услугите кон корисниците е заложба на централната банка. Оттука, неодамна започна билатерална соработка со централната банка на Италија, проект на Европската Унија, чијашто цел е преку пренесување на искуствата да се зајакнат стандардите и најдобрите практики во Народната банка за развивање и одржување апликативен софтвер, се наведува во соопштението.

Камерон го повика Израел да не возвраќа по иранскиот напад

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон го повика Израел да не возвраќа по иранскиот напад со беспилотни летала и ракети и рече дека потегот на Техеран речиси целосно пропаднал.

Според Камерон, фокусот треба да остане на постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Доколку сте во Израел утрово, сосема со право мислите дека имате целосно право да одговорите на ова и тие (Израел) го имаат тоа. На многу начини, ова е двојна загуба за Иран. Нападот речиси целосно пропадна и тие му открија на светот дека тие се лошото влијание во регионот кои се подготвени да го направат тоа. Затоа се надеваме дека нема да има одмазда“, додаде Камерон.

Вучиќ: Формирање на владата на Србија за 10 до 15 денови

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Владата на Србија треба да се избере во следните 10 до 15 дена.

Тој за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека би сакал Велигденските празници да се прославуваат со новата влада, пренесе Бета.

Тој додаде дека во неа ќе има и нови министри, како и дел од оние кои веќе биле, додавајќи дека е задоволен од работата на претходната влада.

Вучиќ, зборувајќи за набавката на авионите Рафал, рече дека тие се исклучително скапи, дека малку земји можат да си ги дозволат.

Тој исто така додаде дека медиумите во регионот пишуваат негативно за таа набавка и дека се наведува дека Србија ја нарушува стабилноста во регионот со набавка на авионите, а таков текст не бил објавен кога „Хрватите ги набавиле“.

притисни ентер