ЗдравјеЧетири намирници кои според нутриционистите лошо влијаат на здравјето на цреватаКако што наближува летото, многумина од нас се трудат да се ослободат од вишокот сало на стомакот и бутините и да постигнат што повитка фигура. Сепак, одредена храна може да ги саботира нашите цели, доведувајќи до надуеност, воспаленија и зголемување на телесната тежина. Диететичарите Крутика Нанавати и Аби Грим открија неколку намирници за кои тврдат дека ги уништуваат нашите црева и го спречуваат слабеењето. 1. Печива Преполни со рафинирани јаглехидрати, шеќер и нездрави масти, печивата може да предизвикаат надуеност, воспаление и дебелеење во средниот дел на телото. „Печивата не создаваат здрави нивоа на цревни бактерии и всушност може да предизвикаат прекумерен раст на лоши бактерии, како што се кандида и цитробактер“, вели Грим за „SheFinds“. Таа додава дека овие намирници за појадок негативно влијаат на здравјето на цревата и контролата на тежината, бидејќи високиот шеќер може да доведе до повисоки нивоа на инсулин во телото. „Високото ниво на инсулин може да доведе до акумулирање на масти во ткивата, што го отежнува слабеењето“, објаснува таа. 2. Преработки на месо за појадок Високопреработеното месо може да влијае на здравјето на цревата и да доведе до надуеност. Понатаму, неговата висока содржина на заситени масти е поврзана со зголеменото таложење на масти во стомакот и зголемување на телесната тежина. „Конзумирањето премногу преработено црвено месо може да предизвика неповолни промени во микробиомот, а тоа значи повеќе патогени бактерии, а помалку здрави. Високопреработеното месо од фармите, потекнува од животни кои биле хранети со неквалитетна храна и често третирани со хормони и други хемикалии. Честото консумирање на ваквите преработки на месо може да има негативно влијание врз здравјето на цревата“, предупредува Грим. 3. Засладени јогурти Засладениот јогурт, иако често се рекламира како здрава опција, е преполн со додадени шеќери и вештачки состојки. Овие комерцијални производи можат да го нарушат нашето здравје на цревата и да предизвикаат надуеност и зголемување на телесната тежина околу половината. „Многу овошни јогурти имаат премногу додаден шеќер, што го надминува препорачаниот дневен внес. Вишокот шеќер го поттикнува растот на штетни бактерии во цревата, што доведува до воспаление, надуеност и проблеми со варењето. Одредени јогурти содржат вештачки засладувачи за кои студиите покажале дека потенцијално може да го нарушат составот на цревниот микробиом и да доведат до зголемена тежина“, предупредува Нанавати. 4. Плочки од гранули Многу од овие „гранула плочки“ се полни со додаден шеќер, нездрави масти и висококалорични состојки како јаткасти плодови и сушено овошје. Според Нанавати: „Тие често се продаваат како здрава ужина, но овие производи може да бидат висококалорични поради додадените шеќери, масла и преработените житарки“. Покрај тоа, тие често содржат концентрирани форми на шеќер, како што се сирупи и сушено овошје. Многу од овие плочки од гранули содржат рафинирани зрна наместо цели, па затоа не содржат растителни влакна и предизвикуваат скок на шеќерот во крвта, што потенцијално води до зголемување на телесната тежина и зголемено чувство на глад“, заклучува Нанавати. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Џебот на граѓаните најважен, бараме итен спас на ЕУ милионите во присуство на Марта Кос!Денешното утро е клучен момент за иднината на Македонија. За само неколку часа во државава пристигнува еврокомесарката Марта Кос, во денови кога судбината на парите од Европската Унија наменети за македонските граѓани виси на конец поради политичка неодговорност и партиски пазарења. Либерално-демократската партија излегува со јасен, конкретен и итен предлог до Собранието: бараме уште денес, на консензуален начин, пратениците итно да ги усвојат измените на Изборниот законик, но само во делот на техничките барања и препораките предложени од ОБСЕ и ОДИХР. Не смееме да дозволиме ниту едно евро предвидено за Македонија да биде блокирано поради внатрешни политички калкулации. ЛДП инсистира ниту евро од сиромашниот македонски граѓанин да не биде доведено во прашање поради политичката неспособност за изнаоѓање компромис. Не смеат политичките и партиските интереси да бидат пред и над џебот на Македонецот или на било кој граѓанин во државата, кој и без тоа плаќа огромни давачки, а има најниски плати и стандард во регионот. Владеачкото мнозинство и Владата веднаш да престанат да играат политички игри и да провоцираат блокада на носењето на измените на изборниот закон во делот на измените кои се чисто технички. Бараме уште денес, преку Министерството за правда, во Собранието да се поднесат овие измени на изборните правила кои се побарани од Европската Унија, тие веднаш да се стават на гласање и да се усвојат со консензус пред да замине комесарката Марта Кос. ЕУ преку еврокомесарката мора да се врати во Брисел со сознание дека политичарите во Македонија реално работат за македонскиот народ и граѓани. Но, должни сме пред јавноста да ја кажеме и целата, брутална вистина, тргајќи ги настрана евтините политички соопштенија. ЛДП јавно предупредува: само со донесувањето на Изборниот законик, Македонија НЕМА да успее да ја повлече целата транша од парите од Планот за раст! Овие технички измени спасуваат само еден поединечен износ од околу 4 милиони евра дефиниран за оваа изборна реформа, со што ја тргаме вината од себе пред Брисел. Но, огромната сума од над 70 милиони евра сепак ќе остане замрзната во Брисел сè додека паралелно не се реши и правосудниот пакет. Европската комисија функционира по строг принцип на условеност во клучниот кластер „Темели“ (Fundamentals). Ако паднеме на најважниот испит – правосудството – не можеме да ја минеме годината само затоа што сме донеле технички измени во изборните правила. Затоа, бараме итни гаранции од нашата влада дека ќе се однесува максимално одговорно и за другите клучни реформи – вклучително и четирите закони за правосудството кои бараат двотретинско мнозинство – за да не се изгуби ниту еден единствен цент од парите предвидени од Реформската агенда. Што се однесува до суштинските политички измени во изборниот модел, ЛДП бара дијалогот меѓу партиите да продолжи веднаш по заминувањето на комесарката, со цел да донесеме правила кои ќе значат поголема правичност, отвореност, рамноправност и над сè – сувереност на народот. ЛДП не се откажува од своите црвени линии, кои се воедно и црвени линии на 1,5 милион граѓани во државата: една изборна единица и отворени листи. Ќе продолжиме цврсто да инсистираме на нашите логични и корисни предлози, но во моментов, во овие неколку часа на одлука, не прифаќаме да се ставаат прсти во плиткиот џеб на нашите сограѓани кои живеат во Македонија. Никаков изговор од никого за негласање на овој предлог за техничките измени нема да биде прифатен од жителите на Македонија, затоа што секое кочење во овој момент директно придонесува за нивната сиромаштија. Време е за одговорност пред сопствениот народ!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законикСДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор.СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, а ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати се што ќе побараат, само дијаспората да гласа по електронски пат или по пошта. Македонксата јавност е сведок на целосна политичка конфузија од страна на СДС, Левица и ДУИ во однос на новиот Изборен законик. Не може еден ден да се договараат, а следниот ден да го блокираат истиот закон кој веќе бил договорен. Не може во јавноста да пласираат различни тези, а зад затворени врати да преговараат за сосема други прашања. Затоа ги повикуваме најпрво да се договорат меѓу себе. Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на којшто тие би биле прифатливи и конечно, да седнат и да се договорат дури и за моделот за изјаснување на дијаспората. Сето тоа коешто овие опозициски партии ќе го понудат до нас, ние тоа ќе го прифатиме. ВМРО-ДПМНЕ нема проблем да разговара за секое прашање што е важно за унапредување на политичкиот систем, за продолжување на реформите, за европската интеграција на државата и за интересите на сите граѓани. Нашата определба е дијалог, а не блокади. Изборниот законик не смее да биде жртва на дневнополитички калкулации. Доколку СДС, Левица и ДУИ изградат единствен став и покажат искрена волја за договор, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено веднаш да седне на маса и да разговара во интерес на државата и на сите нејзини граѓани. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВтор ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на буџетотСобраниската комисија за финансирање и буџет денеска втор ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на буџетот.На првиот ден беа разгледани десетина амандмани со коишто се бараа повеќе средства за министерството за односи со заедниците и за плати за вработените во одбраната и армијата. Со дел од амандманите се бараше и зголемување на блок дотациите за општините наменети за противпожарните бригади и за изградба на објекти за армијата.поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 87 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од „ВРЕДИ“. Ребалансот, според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, не е резултат на недостигот на приходи или нарушена ликвидност, туку на потребата буџетските проекции да се усогласат со актуелните глобални економски услови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДаниела Димовска нова претседателка на скопскиот Кривичен суд10:27Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43