Четири лица загинаа во експлозијата во Иран, најмалку 516 повредени - Канал 5

Четири лица загинаа во експлозијата во Иран, најмалку 516 повредени

Четири лица загинаа во експлозијата што се случи денеска во пристаништето Шахид Раџаи на југот на Иран, соопшти организацијата за спасување на Иран.

Четири лица загинаа во експлозијата во Иран, најмалку 516 повредени

Иранската телевизија објави дека најмалку 516 лица се повредени и дека стотици се однесени во медицински центри по експлозијата што се случи во близина на големиот град Бандар Абас на Ормутскиот теснец.

Властите не соопштија за причината за експлозијата, но се претпоставува дека експлодирал запалив материјал во пристаништето.

Во Иран се случуваат индустриски несреќи, особено во нафтените постројки кои се под меѓународни санкции.

Сепак, иранската државна телевизија ја отфрли можноста дека експлозијата предизвикала или била оштетена која било енергетска инфраструктура.

Пристаништето Шахид Раџаи, каде што се случи несреќата, е важно трговско пристаниште во Иран и се наоѓа повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран, во близина на големиот пристанишен град Бандар Абас.

Во 2020 година компјутерската мрежа на пристаништето Шахид Раџаи беше мета на хакерски напад, што предизвика хаос во доставите. /МИА

ВРЕДИ: Пообединети од кога било, нови политички моментуми во земјава

ВРЕДИ денес повеќе од кога било го потврдува своето политичко и институционално единство. Сите наши партии и претставници се синхронизирани во визијата, целите и одлуките. 

ВРЕДИ: Пообединети од кога било, нови политички моментуми во земјава

ВРЕДИ е обединето тело кое дејствува одговорно кон граѓаните и со решителност на политичката сцена.

Обидите на ДУИ преку Таравари да предизвика земјотрес во ВРЕДИ се целосно неуспешни. Обидот за поделба се претвори во политички бумеранг за самите автори. Ова докажува дека ВРЕДИ не е случајна коалиција, туку сериозен политички проект со силна основа и јасна визија за иднината.

Денес, ВРЕДИ гарантира стабилност со бројки во владата, како важен столб на парламентарното мнозинство и новиот пат на управување што се воспоставува во земјата. Ние сме посветени на унапредување на интересите на албанците, борба против корупцијата и овозможување државата да биде функционална за сите граѓани.

Во наредните денови се очекуваат нови политички случувања што дополнително ќе ја зајакнат водечката улога на ВЛЕН во албанскиот блок и ќе ја позиционираат како авангардна сила на промените на албанската политичка сцена.

ВРЕДИ не се плаши од старите политички превирања. ВРЕДИ е токму земјотресот што го соборува скапаниот систем на ДУИ и го носи новиот дух на достоинствено, чесно и храбро претставување.

ВРЕДИ

ВМРО-ДПМНЕ: Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни

Пресудата за Модуларната болница, покажа дека судиите бирани во штабовите во Струмица и Тетово верно му слугуваат на СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ: Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни

Отвореното како пупка судство на Зоран Заев, расцвета на сите страни, од Струмица до Тетово, од каде што ги бираа.

Правосудството во државата продолжува да носи срамни пресуди и да дели неправда, да биде за едни мајка, за други маќеа.

Судиите бирани во Струмица и Тетово, по партиските штабови на СДС и ДУИ продолжуваат верно да му слугуваат, спасувајќи ги од прогон оние кои ги бираа по партиска директива и во партиски штабови.

Така и со пресуда за трагедијата во Модуларната болница во Тетово, каде на 8 септември 2021 година животот го загубија 14 лица.

Во петокот, тетовскиот суд донесе скандалозна и срамна пресуда каде што поранешните директори на болницата Флорин Бесими и Артан Етеми ги осуди на по една и пол година затвор.

Во секоја друга држава осудени ќе беа сите кои на некој начин се поврзуваат со случајот и кои со правење или не правење придонеле за трагедијата, а казните ќе беа во десетици години. Кај нас осудени се само поранешни директори на болницата, а казната е минорна.

Ваквите пресуди покажуваат дека луѓето блиски до СДС и ДУИ кои се огрешиле пред законот правдата не ги стигнува, па така за кубење на косата на Шекеринска казна затвор од четири години, за изгорени 14 лица во моруларната, казна затвор во траење од година и пол.

Оваа срамна пресуда е доказ дека СДС и ДУИ го контролираат правосудниот систем, а судиите одлучуваат по нивна волја, а не според закон и правни норми.

Пресудата за Модуларната болница за поранешните директори е параван на СДС и ДУИ некој да се пушти низ вода и да се осуди на минимална казна, за да се спаси еден од најодговорните, Венко Филипче.

Во моментот на несреќата, Филипче беше министер за здравство и одговорен за функционирањето на болниците низ државата, особено за модуларните во чие време е реализиран тендерот за нивно поставување.

Правосудниот систем треба да се исчисти од луѓето во правосудниот систем, кои наместо да носат правда, штитат лица од СДС и ДУИ огрешени пред законот. Но, таму има чесни, професионални и луѓе со интегритет за кои законот е светост.

Време е за одговорност и за правна држава.

ВМРО-ДПМНЕ

Видео: Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени

Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.

Видео: Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени

Адамс рече дека на бродот во времето на несреќата имало 277 лица, а 19 биле повредени. Од нив, двајца остануваат во „критична состојба“, а двајца „за жал починаа од повредите“, напиша Адамс на X.

Морнарицата соопшти дека бројот на повредени лица е 22, од кои 19 се на лекување во болница, се наведува во нивната објава на X, пренесена од германската агенција.

Морнарицата додава дека никој од бродот не паднал во вода заради ударот во мостот.

Бродот „Куаутемок“ е оштетен во несреќата, додаде морнарицата.

Бродот бил во Њујорк на промотивна посета и бил на пат кон Исланд кога се случил судирот, соопшти полицијата на прес-конференција.

Шефот на полицијата Вилсон Арамболес изјави дека првичните информации за причината за судирот укажуваат на механички проблем.

Градоначалникот Адамс рече дека бродот „ја изгубил моќноста“, што довело до судир со мостот, пренсеува ДПА.

Полициската комесарка Џесика Тиш изјави дека е започната целосна истрага. Њујоршката полиција ги повика луѓето да ја избегнуваат областа околу мостот.

Непроверени видео снимки на социјалните мрежи покажаа како бродот се судира со мостот додека минува под него, предизвикувајќи кршење на јарболите на бродот.

Бродот со три јарболи беше спуштен во вода во 1982 година и е долг околу 90 метри со висина на јарболот од околу 48 метри. /МИА

притисни ентер