БалканЧетири лица загинаа на пожар во вагон на централната автобуска во СофијаЧетири лица загинаа во пожар што избувна во вагон на централната станица во Софија.Во инцидентот се повредени и две други лица. Тие се примени на клиниката за токсикологија „пирогов“ и се во тешка состојба, бидејќи вдишале опасни гасови од пожарот. Двете жртви биле на на возраст од 35 и 65 години.. Пожарот избувнал во вагон на втората пруга на централната станица, подготвен за сервис на утринскиот воз Софија-Петрич. Не се познати причините за пожарот.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожар на експресниот пат Штип- Кочани, сообраќајот во прекин (ВИДЕО) На социјалните мрежи се појави снимка од голем пожар покрај експресниот пат Штип- Кочани.Поради силината на пожарот, сообраќајот вечерва е во прекин. На учесниците во сообраќајот им се препорачува, доколку е можно, да користат алтернативни патни правци и да не се упатуваат кон зафатената делница додека трае интервенцијата на противпожарниоте служби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДОМ: Одлуки за дата-центри зад затворени врати не смее да има!ДОМ бара да се стопира нетранспарентната постапка за дата-центарот во пресрет на утрешното гласање на советот во Пехчево.Недозволиво е за проект со потенцијално сериозно влијание врз водата, енергијата, природата и локалната заедница да се одлучува зад затворени врати, без доволно информации, јасни анализи и вклученост на експертите граѓаните. Како што истакнавме во неколку наврати, дигиталниот развој не смее да биде изговор за нетранспарентност и игнорирање на јавниот интерес. Одлуките за вакви проекти мора да се носат транспарентно, одговорно и заедно со граѓаните, а никако зад затворени врати, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
ЕвропаЖешкото лето скапо ги чини Германците- штетата од сушата е проценета на 36 милијарди евра Екстремната топлина и неколкунеделната суша предизвикаа штета од најмалку 36 милијарди евра на германската економија ова лето, проценува Гринпис. Ова одговара на 0,8 до 0,9 проценти од вкупната економска активност во земјата. Проценката ги вклучува економските загуби поради пропаднати земјоделски култури, пожари и трошоци за здравство, како и загубите на продуктивност и трошоците за образование предизвикани од високите температури. „Ова лето, обележано со топлина и суша, беше катастрофа за милиони луѓе и економијата“, рече финансискиот аналитичар на Гринпис, Маурисио Варгас. Температурниот рекорд беше соборен три дена по ред Националниот температурен рекорд беше соборен три дена по ред во јуни, а највисоката температура од 41,7 степени Целзиусови беше измерена во сојузната покраина Бранденбург на истокот од земјата. Во последните недели избувнаа бројни големи шумски пожари. Гринпис проценува дека десетици милиони работни часови се изгубени поради топлината, додека се очекува долгиот сушен период значително да ги намали приносите во некои делови од земјата. Внатрешната речна пловидба мораше да биде суспендирана во одредени делови поради екстремно ниските нивоа на водата на големите реки како што е Рајна. Индустриите што зависат од големи количини суровини и полуготови производи се особено погодени, вклучувајќи ја хемиската, челичната и нафтената индустрија. Die Umweltorganisation Greenpeace sieht hohe Einbußen in der Arbeitswelt durch den heißen Sommer. Auch Niedrigwasser, Ernteausfälle und Brände kosten Milliarden Euro. https://t.co/IVl8QlXYSg — DIE ZEIT (@zeitonline) August 24, 2026 Најголемите загуби се должат на пад на продуктивноста Гринпис нагласи дека ова е проценка заснована на нецелосни податоци, но верува дека сепак е важно да се пресмета обемот на економската штета предизвикана од високите температури. Најголемата единствена ставка на штета се однесува на губење на продуктивноста. 🇩🇪 Extreme heat and weeks of drought cost Germany’s economy at least $42 billion, Greenpeace says 🌡️ Heat-related productivity losses and downtime account for $12.60 billion, while forest damage and health-related absences add billions morehttps://t.co/0sI7aFcMtz pic.twitter.com/uShVLXh1jB — Anadolu English (@anadoluagency) August 24, 2026 Според проценката, околу 25 дена екстремна топлина предизвикаа загуби од 10,8 милијарди евра поради пониска продуктивност и поголемо отсуство од работа. Штетата во шумите беше проценета на 5 до 7,5 милијарди евра, додека трошоците за здравство достигнаа 6,9 милијарди евра. Земјоделството, внатрешната пловидба и образованието исто така беа значително погодени. Гринпис предупредува дека сè уште не е можно да се пресметаат некои сериозни последици, вклучувајќи го и влијанието врз енергетскиот систем поради недостатокот на вода за ладење и зголемувањето на концентрацијата на озон и мали честички од загадувањето на воздухот предизвикани од високите температури. „Со оваа пресметка, не е можно да се вклучат сите штети предизвикани од екстремни временски услови како што е топлотниот бран оваа година“, предупреди Варгас.Тагови: лето суша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook