Четири лекции упатени од таткото до ќерката пред неговата смрт кои ѝ го смениле животот - Канал 5

Четири лекции упатени од таткото до ќерката пред неговата смрт кои ѝ го смениле животот

Кристи Дејли бил успешен банкар и воен ветеран, кој починал во 2012 година од рак. Да беше жив, годинава ќе го прославеше својот 82. роденден. Пред да почине, на својата ќерка ѝ оставил важни животни лекции кои ѝ го промениле животот.

Четири лекции упатени од таткото до ќерката пред неговата смрт кои ѝ го смениле животот

Во својата исповед за Си-Ен-Би-Си (CNBC), Кристи открила што ја научил нејзиниот татко пред неговата смрт, како и фактот дека таа секогаш ги применува овие совети кои ѝ го промениле погледот на животот.

Престанете да се жалите, соочете се со предизвици

-Татко ми секогаш се фокусираше на тоа да биде конструктивен и да не се жали за работи кои се надвор од негова контрола. Тој очекуваше да не се откажуваме кога се соочуваме со предизвиците.

Располагајте паметно со вашите пари

- Татко ми никогаш не се жалеше на трошоците за основните потреби. Знаеше дека мудрото раполагање со парите значи да гледаш подалеку од тие секојдневни трошоци.

Дојди дома на вечера

- Моите родители имале 20 години кога го добиле своето петто дете. Сите се сеќаваме како татко ми секогаш си доаѓаше дома за вечера. Иако имаше успешна кариера, секогаш одвојуваше време за семејството. Откако ќе јадевме, ќе ја извадеше актовката и се посветуваше на работата. Имаше среќа во животот благодарение на тоа што знаеше како да го усогласи времето, пишува Индекс.хр.

Споделувајте љубов со другите и во најтешките моменти

- За жал, мајка ми ја загуби битката за здравјето шест години пред смртта на татко ми. Тие беа во брак 42 години. Сакајќи да го одвлече вниманието од својата тага, почна да волонтира во црквата и во заедницата. Со пријателите основаше непрофитна организација за испраќање пакети на војниците во странство. Покрена и стипендија во спомен на мајка ми. По смртта на татко ми, јас и моите браќа и сестри го продолживме тоа. Секоја година нашето поранешно средно училиште избира матурант кој од нашето семејство добива чек од 1.000 долари. Можеби не се многу, но верувам дека примателите паметно ќе ги искористат парите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Нема чиста вода за граѓаните, нема струја, а Мицкоски и ВМРО за профит туркаат дата центри

Европа се соочува со суша, со намалување на водните ресурси и пресушување на реките.

Штерјова: Нема чиста вода за граѓаните, нема струја, а Мицкоски и ВМРО за профит туркаат дата центри

Поради ниските нивоа на реката Дунав нарушено е производството на струја низ Европа, постои голем ризик за недостаток на струја што ќе доведе до значително покачување на цените.

А Македонија повеќе увезува струја отколку што произведува. Додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со загадена вода.

И во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги продадат водата и струјата на граѓаните за интереси на странски дата центри и сопствени тендерски профити.

Во Еврпа и светот се стопира изградбата на дата центри, само Владата на

Мицкоски продолжува да ги турка како завршена работа.

Овие објекти за дата центри трошат огромни количини струја и чиста вода, додека економскиот бенефит во однос на нови работни места и даночни приходи е минимален.

Еден голем дата центар троши меѓу 1 и 3 милиони литри вода дневно, колку што троши град со 15.000 до 30.000 жители.

Нашата инфраструктура не може да ја издржи и носи ризик од рестрикции за вода и покачување на цените на струјата.

А видовме што се случува и со водата, владата на Мицкоски не може да обезбеди доволно чиста вода за пиење а не повеќе!

Македонија нема доволно електрична енергија за дата центри и ќе мора да се увезува.

И клучното прашање колку поголем увоз на струја ќе биде потребен, бидејчи крајно повторно цената ќе ја платат граѓаните преку повисоки сметки за струја.

Која вода ќе се користи, дали тоа значи дека ќе се загреваат реките и дали ќе има испуштање на затоплена вода во реките? Како тоа ќе влијае врз биодиверзитетот?

Водата и струјата не може да бидат скапа авантура која ќе ги збогати блиските до Мицкоски и ВМРО – ОКГ на штета на граѓаните.

Во повеќе американски држави и во Европа се стопираат ваквите инвестиции поради недостиг на вода, огромна потрошувачка на струја и влијанието врз животната средина.

Само Мицкоски и неговата Влада ја туркаат оваа идеја. Граѓаните да плаќаат повисоки сметки за струја, да немаат вода – ама криминалната организација ВМРО да има полни џебови.

СДСМ не е против дигитализациа. Дигитализацијата не значи само да се изгради дата-центар. Таа значи функционални електронски услуги, поврзани институции, помалку бирократија и држава која работи побрзо и поефикасно за граѓаните.

СДСМ е против ставање на водата и струјата под ризик за бизнис интересите на власта.

Бараме мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за Карпалак: 8 август е ден кога Македонија се сеќава на своите загинати синови

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак, упати порака дека 8 август останува засекогаш врежан во колективната меморија на македонскиот народ.

Мицкоски за Карпалак: 8 август е ден кога Македонија се сеќава на своите загинати синови

Во објавата на Фејсбук напиша дека изминатите години не ја избришаа болката за загинатите кои ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Премиерот истакна дека Карпалак претставува заедничка рана, но и трајна обврска за градење држава во која почитта кон загинатите ќе биде над политиката.

„Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме. Да не дозволиме имињата и жртвата на загинатите да бидат заборавени. Да градиме држава во која почитта кон оние што ја исполниле својата должност кон македонија ќе биде над времето, политиката и поделбите., стои меѓудругото во објавата на премиерот Мицковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни се два пожара – гори кај Брњарци и Волково

Шест пожари на отворен простор се пријавени денеска, но ниту еден од нив не претставува посериозна закана и се очекува наскоро да бидат ставени под контрола.

Активни се два пожара – гори кај Брњарци и Волково

Според информацијата на Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на државата се уште се активни два пожари, а четири се веќе изгаснати.

Активни се пожарите кај селото Брњарци во општина Арачиново и во населбата Волково во општина Ѓорче Петров, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во селото Бањица во општина Чашка, селото Биџево во општина Струга, селото Сенакос во општина Врапчиште и на депонијата во Делчево, информира ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер