Четири кафулиња, бордел и аптека – дали ова е најнаселениот остров на светот? - Канал 5

Четири кафулиња, бордел и аптека – дали ова е најнаселениот остров на светот?

Мигинго во езерото Викторија се смета за еден од најнаселените острови во светот. Околу илјада луѓе живеат на површина од приближно 2.000 квадратни метри.

Четири кафулиња, бордел и аптека – дали ова е најнаселениот остров на светот?

Фотографиите од воздух на Мигинго изгледаат нереално. Тоа е едно од најгусто населените острови во светот, се простира на површина од само 2.000 квадратни метри во африканското езеро Викторија, и е дом за околу илјада луѓе.

Овој остров предизвика конфликт меѓу Кенија и Уганда бидејќи двете земји го сметаат за своја сопственост, иако географски припаѓа на Кенија.

Се верува дека двајца кенијски рибари, Далмас Тембо и Џорџ Кибебе, биле првите жители на островот. Наводно го населиле во 1991 година, иако бил обраснат со трева и полн со многу змии.

Угандскиот рибар Џозеф Нсубуга еднаш изјави дека официјално почнал да живее на островот кога пристигнал во 2004 година. Во тоа време никој не живеел на Мигинго, а Нсубуга затекнал само една напуштена куќа.

Бидејќи водите околу Мигинго се богати со риба, рибари од други африкански земји, како Танзанија, на крајот се преселиле на островот. Официјалниот попис од 2009 година наведува дека на островот живееле 131 лице, иако денес таа бројка е осум пати поголема.

Куќите се буквално наредени една врз друга, а покрај едноставните станови, островот има четири кафулиња, бордел и аптека, пишува Пун куфер.

Најинтересно од сѐ е што веднаш до Мигинго се наоѓа поголемиот остров Усенго, кој е речиси ненаселен. Жителите на Мигинго не сакаат да живеат таму бидејќи, наводно, го прогонувал демон, а исто така е подложен на чести напади од пирати кои ограбуваат по најголемото тропско езеро во светот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. 

ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус

На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2.

Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија.

На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија.

Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. Радобор

Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. 

ДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. Радобор

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила.

Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода црногорец, со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час

Лишен од слобода црногорец, на автопатот во гевгелиско со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час, поднесена пријава.

Лишен од слобода црногорец,  со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето е поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер