Четири илјади пушачи годишно умираат, пушат 40 проценти од младите на 14 години, неопходно е ефикасно спроведување на законите - Канал 5

Четири илјади пушачи годишно умираат, пушат 40 проценти од младите на 14 години, неопходно е ефикасно спроведување на законите

Бројот на активни пушачи во земјата изнесува 40,4 отсто, а само пет проценти од пушачите успеале да се откажат од цигарите во последните години, покажуваат истражувањата на Институтот за јавно здравје.

Четири илјади пушачи годишно умираат, пушат 40 проценти од младите на 14 години, неопходно е ефикасно спроведување на законите

Македонија губи околу 4.000 животи годишно како последица од пушењето тутун или тутунски производи. Според податок од СЗО, 40 проценти од младите на возраст од 14 години веќе пушат. Сеопфатните закони за средини без чад, нивно ефикасно спроведување, достапни услуги за откажување од пушењето, оданочување и строга регулација на сите никотински производи доведуваат до намалување на хоспитализацијата од срцев и мозочен удар.

Ова беше истакнато на денешната јавна расправа на тема „Заштита на децата и младите од штетните влијанија и последиците од пушењето", организирана од собраниската Комисија за здравство.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во обраќањето пред учесниците на расправата рече дека општеството кое не ги штити децата од познатите ризици ја доведува во прашање сопствената иднина.

- Собранието останува посветено на поддршката на иницијативите кои имаат за цел зајакнување на законската заштита од пушењето. Нашата заедничка одговорност е законите да бидат јасни, применливи и усогласени со меѓународните стандарди, но и нивната примена во пракса да биде реална и ефикасна. Заштитата на децата од пушењето не е само здравствена политика, таа е заштита на основното право на здравје и на здрав живот, додаде Гаши.

Министерот за здравство Азир Алиу рече дека здраво општество не се мери само со модерни болници и инфраструктура, тоа се мери со чист воздух, заштита на децата и младите и долгорочна визија за општеството.

- Ако денеска инвестираме во здравјето на младите генерации, ние утре ќе имаме помалку болести, помал финансиски товар за државата, повеќе енергија, иновации и економски развој на државата. Користењето на тутунот и производи со никотин продолжуваат да се главни причинители за смртност во светски рамки. Здравјето е човечки капитал, а човечкиот капитал е највреден ресурс на секоја држава, додаде Алиу.

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски рече дека според проценките, Македонија губи околу 4.000 животи годишно како последица од пушењето тутун или тутунски производи. Посочи дека мора да се почне со менување на работите и справуваме со нив. Според податоците, појасни тој, седум од десет корисници на тутун и тутунски производи почнуваат да ги користат во малолетна возраст.

- Ние од малолетни деца создаваме доживотни зависници кои водат во висока смртност. Само пет отсто од зависниците од тутун успеале да ја надминат зависноста самостојно. Од лично искуство можам да говорам колку е значајно да излезме од таа зависност. Без промена на нашите животни стилови, без 30 минути пешачење, без сузбивање на пушењето, алкохолот, ние неминовно ќе се соочиме со неодржива ситуација на здравственото осигурување. Ако еден просечен пушач во Македонија пуши околу 275 цигари годишно, тоа е умерено пушење, троши на цигари над 500 евра годишно, односно издвојува повеќе отколку за здравствено осигурување. Заради сите овие причини, мора да ја подигнеме ситуацијата на повисоко ниво, да ја третираме како национална итност и соодветно да постапуваме, додаде Клековски.

Претседателот на Комисијата, Рашела Мизрахи рече дека пушењето во адолесценцијата не е фаза што поминува без последици, тоа е ризик кој може да остави трајна трага врз здравјето на идните генерации.

- Наша заедничка одговорност е да обезбедиме знаење, поддршка и здрави средини во кои младите ќе можат да функционираат без зависности, додаде Мизрахи.

Доктор Елизабета Зисовска, педијатар, неонатолог, упати апел до родителите, бабите и дедовците, наставно-воспитниот кадар, медиумите, јавните личности и креаторите на политики, дека заеднички треба да помогнат за да се обезбеди здрава средина, без чад, за раст и развој на младата популација.

Доктор Глигор Тофоски, специјалист, акушер, рече дека според податок од Светската здравствена организација (СЗО), 40 проценти од младите на возраст од 14 години веќе пушат, а имаме закон дека не смее да се продаваат цигари на малолетници.

- Имаме закон според кој пушењето е забрането и во здравствени установи, кафулиња, ресторани. Кога излегуваме од кафулиња и ресторани мирисаме на цигари, затоа што таму има квази тераси на кои може да се пуши. Пасивното пушење е исто така здравствен проблем, истакна д-р Тофоски.

Кардиологот Саша Ќаева Атанасова рече дека најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларните заболувања, а се поврзани со однесувањето, се употребата на тутун, физичката неактивност, неправилната исхрана и прекумерната консумација на алкохол. Значителен број од смртните случаи, посочи таа, се припишува на пушењето односно на тутунот кој го зголемува ризикот од смрт, од коронарна болест и цереброваскуларна болест за 23 пати. Таа рече дека бројот на пушачи продолжува да расте.

- Процентуалната застапеност на населението кое употребува тутун ја става Македонија во државите со најголеми стапки на активни пушачи. Според истражувањата на Институтот за јавно здравје, бројот на активни пушачи во земјата изнесува 40,4 отсто односно само пет проценти успеале да се откажат од цигарите во последните години. Во просек активен пушач консумира до 18 цигари дневно. Загрижувачки е што децата и младите се изложени на чад од тутун во домовите и јавните простори во период кога нивниот кардиоваскуларен систем е во развој, што создава трајни оштетувања и го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања во младата возраст. Изложеноста на пасивен тутунски чад носи значаен кардиоваскуларен ризик, рече доктор Ќаева Атанасова.

Таа појасни дека кај непушачите дури и краткотрајната изложеност на чад доведува до воспаление на ѕидот на крвниот сад, зголемена активација на тромбоците, што го зголемува ризикот за коронарна срцева болест и мозочен удар.

- Од аспект на јавни политики, контролата на тутунот претставува една од најисплатливите стратегии за кардиоваскуларна превенција. Сеопфатните закони за средини без чад, ефикасно спроведување, достапни услуги за откажување од пушењето, одданочување и строга регулација на сите никотински производи доведуваат до намалување на хоспитализацијата од срцев и мозочен удар, додаде Ќаева Атанасова.

Кардиологот Сашко Кедев рече дека има можеби еден алармантен сигнал дека има сигнификантно зголемен ризик од нагла смрт кај млади луѓе без никакво образложение, нагла смрт кај млад човек асоцирана со електронски цигари. Тоа, посочи д-р Кедев, не смееме да си дозволиме да не го заштитиме нашиот најмлад дел од популацијата.

- Втор аспект кој е многу важен е дека пасивното пушење, не зборуваме за конвенционалното пушење, тоа е расчистено, исто така е сигнификантно асоцирано со последици, бидејќи тој чад, тие аеросоли од електронските цигари содржат утрафини партикли, никотин во непредвилива концентрација, тешки метали, токсични алдехиди и нема дилема дека не смееме да бидеме жртви на правото на некој да пуши електронски цигари, а да го загрозува здравјето пред се на младата популација, меѓутоа и на сите останати. Најверојатно во овој процес пред се здравствени авторитети ќе бидат под голем притисок. Владата ќе биде под голем притисок. Влоговите се огромни, таа индустрија е многу силна. Бизнис заедницата која ја поддржува таа индустрија е многу влијателна и кај здравствените авторитети и во Владата и во Парламентот. Треба да им дадеме голема поддршка во овој нивен би рекол многу херојски чин и акт да го поминат и спроведат овој закон, рече д-р Кедев.

Од правните аспекти, појасни, дел ќе бидеме нападнати во однос на ограничување на слободите и правата на избор на пушачите.

- Тоа е во ред беше кажано многу аргументирано дека секој има можност таа слобода да си ја задржи и стои правото на избор. Меѓутоа, правото на избор и слободата е асоцирано со одговорност. Нема слобода без одговорност. Не зборуваме за лична одговорност, тоа е право на секој пушач, туку зборуваме за одговорност кон другите, бидејќи таму каде што завршува слободата и правото на избор започнува здравјето на еден млад човек, додаде Кедев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео)

Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.

Извадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео)

По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok.

Животното ја загуби контролата

Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот.

За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild.

Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир.

Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот.

Покрената е кривична постапка

Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб.

Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането.

По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено.

Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка.

Властите запленија и 33 лавови

Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година.

Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар.

Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)

Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. 

Тинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)

Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг.

Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime.

На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника.

Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи.

„Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи.

„Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа.

Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница.

Според извештаите, најмалку две деца се повредени.

На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура.

Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители.

Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување.

Погледнете ја снимката од овој хаос:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир.

Макрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, но таа, судејќи според фотографијата што брзо стана вирална, избега од неговата прегратка.

На фотографијата се гледа како Макрон е наведнат кон Фростадотир, очигледно обидувајќи се да ја прегрне, додека таа малку се повлекува назад, но ја држи раката на неговото рамо. Исландскиот премиер го бара фотографот што го забележал овој момент, додека францускиот претседател се насмевнува и ја гледа во очи.

Фотографијата е направена за време на состанокот на европските лидери на тркалезната маса на Европската политичка заедница во Даблин, пишува Дејли меил.

Брегзит во центарот на разговорот

Сепак, самитот беше обележан и со дискусии за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија. Енди Бернам го искористи собирањето на европските лидери за да го засили своето залагање за промена на односите меѓу Лондон и Брисел, додека се обидува да ги дотера условите на својот план за „ресетирање“ на тие односи.

Се очекува тој да разговара за претстојниот пакет со лидери, меѓу кои Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Сепак, расте загриженоста дека Бернам би можел да направи значителни отстапки за да обезбеди подобри трговски услови на самитот ЕУ-Велика Британија закажан за следниот петок.

Можните отстапки вклучуваат финансиски придонеси во буџетот на ЕУ, шема за слободно движење за млади луѓе и прифаќање на правилата на ЕУ. Од друга страна, земјите-членки се подготвуваат за тешки преговори околу барањето на Лондон за пониски школарини за британските студенти.

Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, наводно понудил да ја води кампањата за презентирање на можен договор пред јавноста.

Во меѓувреме, Бернам, исто така, започна поширока иницијатива за повторно приклучување кон Европската Унија по следните избори, што предизвика несогласувања во владата, и покрај наредбата на премиерот министрите да останат неутрални во јавноста.

Камерон предупредува за враќање во ЕУ

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон предупреди синоќа дека Велика Британија не треба повторно да се приклучи кон Европската Унија, повикувајќи го Бернама да престане да го обвинува Брегзит за економските проблеми на земјата.

Камерон рече дека повторното отворање на „болната дебата“ за Брегзит нема да донесе никаква корист. Неговата влада падна по референдумот за ЕУ ​​во 2016 година, на кој тој ја водеше кампањата за останување во блокот.

„Кога ќе ги погледнете економските проблеми што ги имаме денес, навистина не мислам дека тие имаат врска со Брегзит“, изјави Камерон за Блумберг.

Се очекува британскиот премиер да одобри серија договори на самитот следната недела што ќе ги опфаќа трговијата со храна и пијалоци, шемата за тргување со емисии и програмата за „искуство на младите“.

Во друга можна отстапка кон Брисел, министрите наводно се подготвени да ги усогласат целите за продажба на електрични возила со целите на ЕУ. Во исто време, расте притисокот Велика Британија да се приклучи на блокот во воведувањето царини за кинески автомобили.

Шефицата за надворешна политика на Европската комисија, Каја Калас, по пристигнувањето во Даблин, изјави дека „многу би сакала да ја види Велика Британија назад во Европа“, и покрај „траумата“ предизвикана од преговорите за Брегзит.

„Преговорите нема да бидат лесни, но мислам дека можеме да постигнеме напредок со мали чекори. Убеден сум дека, ако сме заедно, сме многу посилни кога станува збор за економијата, но и кога станува збор за безбедноста“, рече Калас.

Барнам најави дека ќе го искористи самитот следната недела и за „воспоставување сериозен дијалог“ за долгорочните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, оценувајќи дека „останувањето во статус кво не е доволно добро за Велика Британија“.

Британскиот премиер претходно изјави дека би сакал да ја види земјата како се враќа во ЕУ за време на неговиот живот, а исто така најави дека наскоро ќе им претстави на гласачите „различни опции“ за идните односи со Унијата.

Спор околу слободата на движење

Неговиот повик за „отворена дебата“ за евентуалното враќање на слободата на движење предизвика бура во редовите на Лабуристичката партија.

Дополнителна конфузија предизвикаа неговите објаснувања за тоа како ќе им бидат претставени на гласачите какви било промени во изборните ветувања на Лабуристичката партија. Манифестот на партијата ја исклучи можноста за враќање во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ.

Барнам првично рече дека нема да има промени во текот на тековниот парламентарен мандат, но навести дека можеби ќе се кандидира на следните општи избори со ветување дека ќе ја врати Велика Британија во ЕУ.

Сепак, во друго интервју, тој одговори негативно кога беше прашан дали би дозволил повторно воведување на слободно движење за граѓаните на ЕУ без референдум.

Како резултат на тоа, Даунинг стрит мораше да разјасни дека Барнам „не е посветен на ниту една страна“ кога станува збор за идната насока и евентуалната потреба од национален референдум.

Во писмо до членовите на кабинетот, Барнам изјави дека по самитот ќе бидат разгледани опциите за долгорочен однос со ЕУ, за кои ќе се одлучи во следниот парламентарен мандат.

„На крајот од овој процес, ќе ѝ ги презентираме на јавноста предностите и недостатоците на различните опции. Важно е во текот на овој период, како влада, да останеме кохерентни и дисциплинирани во начинот на кој комуницираме со јавноста. Нема да биде соодветно поединечните министри да се залагаат за конкретни опции или да изразуваат мислења за веројатниот исход од процесот“, напиша Барнам.

Поранешната конзервативна министерка Прити Пател го критикуваше неговиот пристап, велејќи дека неговата „опсесија со Европската Унија“ може да ѝ наштети на британската економија и да претставува дополнителен товар за даночните обврзници.

„Британскиот народ гласаше за напуштање на Европската Унија. Таа демократска одлука мора да се почитува, а не постојано да се поткопува од либерален левичарски естаблишмент кој одбива да ја прифати“, рече Пател.

Таа додаде дека, наместо повторно да ја отвори дебатата за Брегзит, Барнам треба да се фокусира на економски раст, намалување на даноците и регулативите и поддршка на британските компании. „Ни треба влада фокусирана на иднината на Британија, а не влада опседната со враќање во минатото“, заклучи поранешниот министер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер