Богева Мицовска: Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме
2Богева Мицовска: Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме
ФудбалЧетири голмани на Баерн се надвор од игра поради повреди, 16-годишниот Прескот би можел да дебитира против АталантаГолманот на Баерн, Свен Улрајх, заработи повреда на аддукторскиот мускул на десната бутина во ремито 1:1 вчера против Баер Леверкузен во натпревар од 26. коло од германската Бундеслига.Тој е четвртиот голман на тимот од Минхен кој е надвор од игра поради повреда. Претходно, Мануел Нојер заработи истегнување на листот, на Јонас Урбиг му беше дијагностициран потрес на мозокот, а на Леон Кланац повреда на бутот. Според Кикер, 16-годишниот Леонард Прескот би можел да дебитира во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Аталанта. Баерн ќе биде домаќин на Аталанта во среда, 18 март. Првиот натпревар меѓу екипите заврши со резултат од 6:1 во корист на Баварците. Тагови: Баерн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
СветНајмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка Два минибус-такси се судрија челно, а потоа беа удрени од трето возило на голем автопат во Јужна Африка, при што загинаа најмалку 21 лице, а уште четири лица беа сериозно повредени, соопштија денеска властите.Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП. Агенцијата додаде дека бројот на жртви „може да се промени бидејќи службите за итни случаи и властите на Западен Кејп продолжуваат да го истражуваат местото на настанот“. Минибусите-такси се главна форма на јавен превоз за милиони луѓе во Јужна Африка и често се вклучени во фатални сообраќајни несреќи. Најмалку 25 лица, меѓу кои 14 деца, загинаа во две одделни несреќи во јануари во кои учествуваа минибуси-такси. Три жртви од несреќата во недела навечер беа итно префрлени во болница, но беа прогласени за мртви по пристигнувањето, соопшти полицијата. Властите веруваат дека несреќата започнала кога две минибуси-такси се судриле челно, пред да бидат удрени од теренско возило, соопшти Секретаријатот за мобилност на покраината Западен Кејп. Автопатот N1 беше затворен на местото на настанот додека Корпорацијата за управување со патниот сообраќај започна истрага.Тагови: Јужна Африка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотХималаите блиску до критична точка поради топење на глечерите- загрозени се милиони луѓе Хималаите се приближуваат кон пресвртна точка, бидејќи глечерите се топат побрзо отколку пред една деценија, загрозувајќи ја безбедноста и егзистенцијата на милиони луѓе, според студијата на консултантската куќа за одржливост Системика.Наодите доаѓаат откако хималајскиот глечер се сруши кон крајот на август по должината на границата меѓу Непал и Тибет, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и ненадејни поплави во долините подолу. Потврдено е дека најмалку 1.300 луѓе загинале, а повеќе од 5.300 се водат како исчезнати. Студијата покажа дека како што глечерите се повлекуваат, тие оставаат зад себе нестабилни леднички езера кои содржат претежно лабави карпи и мраз, над долините каде што живеат милиони луѓе, објави денес Ројтерс. Губењето на масата на хималајските глечери се забрза во последните децении, при што моментално се следат само 21 глечер на терен од околу 40.000 во регионот Хиндукуш-Хималаја, огромен планински систем што се протега низ осум земји од Авганистан до Мјанмар. Во Индија се идентификувани речиси 200 леднички езера со висок ризик, од кои 56 се класифицирани како „многу висок ризик“, што ги става во опасност милиони луѓе низводно. Како што регионот се приближува до „врвот на водата“, точката кога речните текови престануваат да растат и почнуваат да се намалуваат, тоа ќе има сериозни последици за безбедноста на водата, заклучува студијата.Тагови: Хималаите глечерите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
МакедонијаБогева Мицовска: Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме На денешната панел дискусија насловена „Учеството како двигател на демократијата“,учествуваше Маре Богева Мицовска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Бирото за јавни набавки.На денешната панел дискусија насловена „Учеството како двигател на демократијата“, во рамките на првата политичка платформа по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваше Маре Богева Мицовска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Бирото за јавни набавки. Таа посочи дека тоа што функцијата го носи кога се управува со одредена институција е преземањето одговорност и самата одговорност, по себе, носи голем товар, каде без поддршка на најблиски нема да може да се износи. Богева Мицовска потенцираше дека политичкото вклучување дава друга димензија, каде што идејата може да прерасне во иницијатива од која потоа може да има конкретен резултат. „Кога политички ќе се вклучиме, веќе даваме друга димензија, веќе нашата идеја, нашата заложба може да прерасне во иницијатива, а иницијативата да има и резултат. Поттикната од тоа сакам да ги поканам и да ги повикам сите присутни, но и што не поддржуваат да бидат проактивни во начинот на којшто сакаат да ги прикажат своите визии, своите идеи имајќи предвид дека ние сме Унија во којашто може да се вклучите и да партиципирате за да ги носиме одлуките заеднички. Бидејќи, токму и демократијата подразбира носење на одлуки, не во затворен круг, туку напротив со една повеќе“, истакна Богева Мицовска. За мене, додаде Богева Мицовска, политичкото присуство не значи само присуство на состаноци или да ја имаме функцијата како таква, туку тоа значи да преземеме одговорност и да не бидеме неми набљудувачи на проблемите и предизвиците. „Да бидеме проактивни чинители, да даваме решенија и да ги решаваме проблемите. Токму тука ја гледам и улогата на ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила која остава и отвора простор за луѓе што имаат знаење, искуство и желба да работат за Македонија. Простор во кој професионалното искуство може да се претвори во политичка иницијатива, а политичката иницијатива во конкретен резултат. Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме преку директно политичко учество“, посочи, меѓу другото, Богева Мицовска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter