Четири години по бегството од штипскиот затвор, кондовецот Агим Красниќи е уапсен во Косово - Канал 5

Четири години по бегството од штипскиот затвор, кондовецот Агим Красниќи е уапсен во Косово

По четири години во бегство кондовецот Агим Красниќи е упасен во Косово кој се бараше со меѓународна потерница.

Четири години по бегството од штипскиот затвор, кондовецот Агим Красниќи е уапсен во Косово

Полициски единици во петокот околу полноќ во Урошевац запреле „ауди“ со македонски регистарски таблици, при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и муниција. Уапесни се четири лица, македонски државјани. Според информациите се работи за Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Фадил Точи и Сеад Рамадани Цапи.

Потврда добило и македонското министерство за внатрешни од Интерпол, потврдуваат за Канал 5.

Косовоската полиција соопшти дека тројца од нив се бараат за тепачка и пукање што се случило лани во Урошевац.

-Четири лица се спроведени во полициска станица, поради сомнение дека се барани лица, инволвирани во кривични дела, а три од нив приложиле лажни документи за идентификација. При проверка на лицата, констатирано е дека трите лица се осомничени и барани за случајот во Урошевац на 17.10.2023 година. Лицето Б.К. македонски државјанин, се барало со меѓународна потерница, распишана од властите во Македонија,--Полиција на Косово.

Агим Красниќи во 2008 година во Македонија беше осуден на 15 години затвор поради тоа што во 2005 година во неговото родно село Кондово со својата група подготвуваше напад на Скопје. Беше прогласен за виновен за серија кривични дела меѓу кои и изборни нерегуларности. По скоро 13 години поминати зад решетки, Красниќи избега по слободен викенд од штипскиот затвор каде ја извршуваше казната во 2020 година, на два месеци пред тогашните парламентарни избори.

Активна е и меѓународната потерница за Бесим Красниќи кој се бара за дела како кражба, разбојништво, предизвикување општа опасност, тероризам, насилство. И во потерницата за Фадил Точи се наведени тероризам, насилство, тргување со оружје и други дела. На сите им е определен 48 часовен притвор со цел спороведување на истрага. За екстрадиција на Агим Красниќи е рано да се одлучува со оглед на тоа што првин треба да одговараат за делата кои таму ги сториле, а потоа македонското министерство за правда да ја започне постапката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оскаровецот „Господин Никој против Путин“ на јубилејниот Медиумскиот фестивал Скопје

Десеттото издание на Медиумскиот фестивал Скопје, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи - ПИНА, ќе се одржи од 17 до 19 ноември во Лабораториум. 

Оскаровецот „Господин Никој против Путин“ на јубилејниот Медиумскиот фестивал Скопје

Јубилејното издание на единствениот македонски фестивал целосно посветен на медиумската работа повторно нуди богата филмска програма и интересни разговори на актуелни прашања врзани со новинарската задача. Како и секогаш влезот е слободен и отворен за сите кои се заинтересирани да добијат подлабок увид во работата на медиумите.

Филмската програма е стандардно впеачатлив адут на МФС. За фестивалското отворање е закажан „Птици на војната“ каде ја гледаме храброста и човечноста низ комуникацијата и снимките направени директно од протагонистите - либанска новинарка со седиште во Лондон и сириски снимател, кои обелоденувајќи ја вистината успеваат да изртат и љубовна приказна во сенката на воената бруталност.

Првата дискусија на десеттото издание на МФС е посветена токму на промените на медиумската сцена во последнава декада и предизвиците што ни се најавуваат во иднина. Непосредно пред разговорот ќе се прикаже и кратко ретроспективно видео за изминатите девет фестивалски изданија.

Вториот фестивалски ден започнува со работилница за справување со стрес каде психотерапевтката Радмила Живановиќ ќе им отвори простор на учесниците да ги споделат предизвиците со кои се соочуваат и ќе им понуди начини за адекватна грижа за менталното здравје, особено за превенција од т.н. професионално согорување.

Програмата за новинарки на ПИНА веќе пет години создава простор за поддршка, поврзување и зајакнување на жените во новинарството, а тие заложби се отсликани и во фестивалската програма на МФС каде во среда ќе се одржи дискусија за женскиот глас во јавната сфера и обработката на теми што особено ги засегаат жените.

Во среда може да се погледнат „Укради ја приказнава, те молам!“ за непоколебливата легендарна новинарка Ејми Гудман, и „Демократија во мрак“ каде низ приказните за три храбри жени - новинарка, пратеничка од опозицијата и медицинска сестра, ја следиме трансформацијата на Унгарија од демократска земја во авторитарно владеење каде Орбан ја има апсолутната моќ.

Последниот фестивалски ден започнува со работилница каде Маја Атанасова од Македонско здружение на млади правници ќе покаже на што да се внимава при потпишување договори и прифаќање ангажмани, како да се откријат стапиците кои може скапо да чинат и на каква правна заштита може да се потпрат новинарите.

Дискусијата со која се заокружува фестивалот е со фокус на медиумската писменост, тема која сѐ повеќе се позиционира како неопходна не само за доаѓање до проверени информации, туку и воопшто за секојдневно функционирање во дигиталната ера.

Со филмската програма повторно се враќаме во Унгарија со впечатливиот „80 гневни новинари“ што ќе се прикажува во четврток во 20 часот. Воениот известувач Андраш Фелдеш ја насочува камерата кон сопствената редакција и одблизу го документира распадот на еден од водечките медиуми во Унгарија. Од колективниот отказ на целиот тим во знак на протест поради нарушената уредувачка независност на медиумот, следи петгодишна борба за професионална автономија во општество кое активно ја гуши слободата.

Фестивалот го затвора извонредниот „Господин Никој против Путин“, награден со Оскар за најдобар документарен филм за 2025 година. Снимките од едно руско училиште го откриваат длабокото влијание на режимот на Путин врз животот на обичните руски граѓани, особено врз децата, кои како пожелни регрути се директна цел на пропагандата. Учителот кој и покрај сите ризици успева да го сподели документираното, овозможува директен увид во инаку скриеното руско секојдневие, каде засилениот национализам полека го стивнува детскиот џагор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Погоден Кримскиот мост, сообраќајот со ограничување

Украина го погоди мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим преку Керченскиот теснец, што доведе до ограничување на сообраќајот, изјави Сергеј Аксјонов, гувернерот на полуостровот поставен од Русија. 

Погоден Кримскиот мост, сообраќајот со ограничување

Најдолгиот мост во Европа ја поврзува Русија со Крим, кој Москва го анектираше од Украина во 2014 година. Тој се смета за еден од најзначајните инфраструктурни проекти на рускиот претседател Владимир Путин.

Во објава на „Телеграм“, Аксјонов не наведе детали за штетата, но изјави дека сообраќајот преку мостот ќе биде ограничен до денеска напладне. Каналот на „Телеграм“ „Кримски ветар“ (Crimean Wind), повикувајќи се на информации од своите следбеници, објави дека еден од сводовите – под кој поминуваат бродови – бил погоден во 5:38 часот по локално време.

Во моментов се проценува обемот на штетата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?

Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?

Реакција на Славјанка Петровска за случајот со Сара од Охрид: Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?

Во продолжение Ви доставуваме реакција на пратеничката Славјанка Петровска за постапувањето на институциите во случајот со Сара од Охрид.

Сара е во болница. Осомничениот е на слобода. Кој ја гарантира нејзината безбедност?

Бесна сум што повторно едно семејство мора јавно да бара заштита, додека нивната ќерка закрепнува од брутално насилство.

СВР Охрид поднесе кривична пријава за тешка телесна повреда. Барам одговор: дали се проверени и документирани наводите на семејството дека осомничениот мислел дека Сара е мртва и барал начин да се ослободи од нејзиното тело? Дали се испитани сите околности што би упатувале на обид за убиство?

Тоа што Сара преживеала не смее да биде изговор за потценување на нападот.

Обвинителството мора да одговори дали побарало притвор. Ако не побарало, зошто? Ако побарало, судот треба да објасни зошто определил други мерки. Кој ја проценил опасноста од повторен напад и како се проверува почитувањето на забраната за приближување и контактирање?

Го повикувам министерот Панче Тошковски да наложи итна проверка на постапувањето на СВР Охрид и да ги објави резултатите.

Наводите на семејството за влијание врз постапката и медицинската документација мора да бидат темелно испитани. Дали осомничениот добива повластен третман како син на „локални шерифи“? Дали некој се јавувал, посредувал или вршел притисок?

Ако се утврди дека некој ја злоупотребил функцијата за да заштити осомничен, мора да одговара. Без оглед чие дете е и кој стои зад него.

На Сара ѝ посакувам сила и закрепнување. Таа и нејзиното семејство не смеат да бидат оставени сами да се грижат за нејзината безбедност.

Нема да прифатам одговорноста повторно да исчезне зад зборот „систем“. Зад секоја пријава, проценка и одлука стојат луѓе со име, презиме и надлежност.

Барам одговори и постапување сега, додека Сара може да биде заштитена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер