Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветЧетири децении од катастрофата во нуклеарната централа во ЧернобилДенеска се навршуваат 40 години од катастрофата во Чернобил, најголемата цивилна нуклеарна несреќа во историјата, кој го промени начинот на кој светот ја гледа нуклеарната безбедност.Несреќата се случи во 1:23 часот, за време на тест во реакторот број четири на тогашната советска нуклеарна централа, а радиоактивниот облак се прошири преку Украина, Белорусија, Русија и делови од Европа. Катастрофата предизвика масовно изложување на радијација, евакуација на стотици илјади луѓе и долгорочна контаминација на големи територии. Податоците за жртвите и последиците и денеска се предмет на различни процени. Додека некои меѓународни извештаи зборуваат за неколку илјади директни и последовни смртни случаи, други организации проценуваат значително повисоки бројки, поврзувајќи ги долгорочните здравствени последици со стотици илјади погодени лица.Тагови: Чернобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВоз излета од шините во Франција, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)Околу 20 лица се повредени во железничка несреќа што се случи вчеравечер кога воз излета од шините помеѓу Руан и Кан во северна Франција, објавија француските власти.Возот превезувал 180 патници и излетал од шините во близина на градот Клеон во Нормандија, објави францускиот министер за транспорт Филип Табаро на социјалната мрежа „X“. Un train déraille en Seine-Maritime, 44 blessés dont une personne en urgence absolue pic.twitter.com/bH4BRfA6Yx — BFM (@BFMTV) September 11, 2026 140 пожарникари биле на местото на несреќата помагајќи им на повредените и патниците, додаде тој.Тагови: воз Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 5.5 милиони евра - оваа година лото добивката се падна кај МицкоскиОваа година лото-добивката – се падна кај Мицкоски и неговата Организирана криминална група.5,5 милиони евра преку криминални договори кои Мицкоски сакаше да ги сокрие дека се „нула денари“. Огромни народни пари, во време кога Владата нема пари за земјоделците, нема пари за плати, за пензии, за мерки за помош на граѓаните поради високите цени. Тоа се 5,5 милиони причини граѓаните да ја знаат целата вистина, да ги видат документите и да добијат одговори каде завршија нивните пари. Кои компании добиле милиони евра и врз основа на кои критериуми? Како била избрана тричлената комисија во АД „Државна лотарија“, која одлучувала за изборот на фирма за прославата? Како е можно претседателот на таа комисија истовремено да се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите за концертот? Врз основа на кои критериуми биле ангажирани фирми-ќерки и колку милиони евра народни пари добиле преку Државната лотарија? Колку пари се потрошени за провизии и проценти и во чии џебови завршиле? Кога биле платени изведувачите и колку? Дали со Гета сè било претходно договорено, уште пред да биде завршен јавниот повик и пред да се знае кој ќе биде избран на тој повик? Мора да има одговори на сите прашања. Ова е оргомен сомнеж за проневера на народни пари и уште еден доказ за арамискиот концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион на „Рајанер“ удри во пистата со крило при грубо слетување (ВИДЕО)Авион на „Рајанер“ на лет од Манчестер до Даблин направи ризично слетување за време на бура, а снимката снимена од патник покажува како врвот на крилото ја удира пистата.Авионот силно отскокнува и скршнува од курсот при слетувањето, но пилотите успеале да ја одржат контролата врз авионот. Видеото го прикажува крилото на Боингот 737 како се витка под налетите на ветерот пред неговиот врв накратко да ја допре пистата. Патник по име Метју, кој го снимил инцидентот, го опишал искуството како „многу страшно“, но ја пофалил реакцијата на пилотите. WATCH: Ryanair 737 came close to striking its right winglet at Dublin airport earlier today. Video: Garden-Lane pic.twitter.com/EPE8mrP8s0 — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) September 10, 2026 Незгодно слетување „Пилотите завршија неверојатна работа. Авионот силно отскокнуваше при слетувањето, потоа се крена и се сврте надесно. Да бидам искрен, мислев дека крилото е готово“, рече тој. „Рајанер“ потврди дека летот „FR5042“ од Манчестер слета во Даблин поради силни ветрови, но ја опишуваат ситуацијата поинаку. Во официјалното соопштение, тие наведуваат дека авионот слета „нормално“ и дека по корекцијата, слета на пистата при вториот обид без тешкотии. Инцидентот се случил за време на бурата Кетлин што ја погоди Ирска. Налетите на ветер достигнаа брзина и до 113 километри на час, поради што неколку летови на аеродромот во Даблин беа откажани или пренасочени кон други дестинации. Извор: Индекс.хрТагови: Рајанер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter