Четири деца по потекло од БиХ украле автомобил, па прегазиле жена во Италија, 11- годишник е во бегство - Канал 5

Четири деца по потекло од БиХ украле автомобил, па прегазиле жена во Италија, 11- годишник е во бегство

Италијанската полиција трага по момче (11) за кое се сомнева дека е вмешано во трагедијата кога деца од Босна и Херцеговина ја убиле Италијанката Сесилија Де Астис (71) во украден автомобил.

Четири деца по потекло од БиХ украле автомобил, па прегазиле жена во Италија, 11- годишник е во бегство

Според италијанските медиуми, се верува дека четвртото дете избегало со својата мајка во областа Сан Паоло, недалеку од населбата Гратосољо, каде што се случила несреќата. Се верува дека е само прашање на време кога полицијата ќе ги пронајде.

Несреќата се случила на 11 август, по што децата избегале од возилото „Ситроен“. Благодарение на снимките од безбедносните камери, тие брзо биле идентификувани.

На 16 август, судија за малолетници издал забрана за патување за три од четирите деца, бидејќи некои од тројцата се обиделе да избегаат од Италија, но биле пронајдени на наплатна рампа.

Несреќата се случила во миланската населба Гратосољо кога Сесилија Де Астис (71) се движела кон автобуската станица. Таа била удрена од возило управувано од 13-годишно момче. Тој бил придружуван од уште три малолетници, на возраст од 11 и 12 години, две момчиња и едно девојче. Возилото било украдено од француски туристи.

Локалната полиција ги пронашла во рок од 36 часа следејќи необична трага - маички со ликови од Покемон што ги носеле трите момчиња.

Истрагата утврдила дека децата провалиле во автомобилот на француските туристи ноќта пред несреќата. Ги зеле нивните куфери и сите нивни електронски уреди, а меѓу нивните работи пронашле и резервен клуч. Ова ги натерало да се вратат во автомобилот следниот ден и да го одвезат. Тогаш се случила несреќата.

По првичниот притвор, малолетниците биле ослободени и предадени на нивните мајки бидејќи немаат 14 години и не можат да бидат кривично одговорни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата: Донесена е конечна судска пресуда за концесијата за Иловица

Владата на денешната седница беше информирана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за донесена пресуда на Вишиот управен суд.

Владата: Донесена е конечна судска пресуда за концесијата за Иловица

Владата на денешната седница беше информирана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за донесена пресуда на Вишиот управен суд, со која се поништува одлуката за престанок на важење на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово и Општина Ново Село. Станува збор за конечна судска одлука која Владата, како институција што го почитува владеењето на правото, е должна да ја почитува.

Истовремено, сакаме транспарентно и отворено да ја информираме јавноста дека ова прашање не е резултат на одлуки донесени од актуелната Влада, туку претставува наследена правна состојба која произлегува од одлуките за спојување на концесиите донесени во јуни 2023 година, како и од последователните одлуки за нивен престанок донесени само еден месец подоцна, во јули 2023 година, по што е покрената судска постапка пред надлежните судови. Денешната состојба е резултат на завршување на таа постапка со конечна пресуда на Вишиот управен суд.

Свесни сме дека кај дел од граѓаните, локалното население и граѓанските организации постојат оправдани прашања и загрижености поврзани со овој проект. Токму затоа Владата ќе продолжи целосно транспарентно да ги разгледува сите релевантни факти, стручни мислења и аргументи, во рамки на законските процедури и институционалните надлежности.

Наш приоритет останува создавање услови за економски раст, нови инвестиции и отворање работни места, но тоа никогаш нема да биде на сметка на здравјето на граѓаните, природните ресурси и животната средина. Заштитата на јавниот интерес, почитувањето на највисоките еколошки стандарди и целосната законитост на постапките остануваат принципи од кои Владата нема да отстапи.

Секое понатамошно постапување во однос на овој предмет ќе се одвива исклучиво врз основа на стручни анализи, законски процедури и институционален надзор, со целосна информираност на јавноста. Владата ќе продолжи одговорно, транспарентно и во согласност со законите да носи одлуки кои ги штитат интересите на граѓаните, обезбедуваат правна сигурност и создаваат услови за одржлив развој на државата, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жители на Горна Матка веќе осум дена оставени без вода за пиење

Селото Горна Матка е едно од најживописните места во Македонија, а и покрај неговата локација, стотици жители се оставени без еден од основните извори за живот, питка вода.

Жители на Горна Матка веќе осум дена оставени без вода за пиење

Веќе осум дена со возила, пеш, со автобус, кој како може, знае и умее се снаоѓа за вода за пиење. Вака, со револт и разочарување во гласот, но и крик за помош мештаните на селото кое се наоѓа близу акумулацијата Матка и реката Треска пред камерата на Канал 5 раскажуваат како десетина дена преживуваат, иако редовно си ги подмируваат сметките и легално се приклучени на мрежата.

Откако ни покажаа и во своите домови дека од чешмите со денови нема капка вода, дел од жителите велат дека се пие и нечиста вода од сред село, особено старите и немоќни луѓе кои не можат да одат за да купат или да наполнат.

Мештаните знаат дека најголем проблем се дивите приклучоци, и самите на лице место ги затекнуваат.

Раководните лица од Водовод за Канал 5 потврдуваат дека проблемот е во дивите приклучоци и во нерационалното користење на водата. Оттаму појаснуваат дека на годишно ниво се испумпуваат 10 милиони кубни метри вода само за општина Сарај, а се наплатуваат милион и 800 илјади.

Градоначалникот на Општина Сарај Мухамет Елмази вели знае за проблемот кој го имаат повеќе села, и дека заедно со градоначалникот на Скопје ќе се рекоинструра мрежата.

Во меѓувреме, надлежните уверуваат дека цистерна со питка вода ќе има среде село, за да можат, особено повозрасните граѓани да имаат поблизу до дома чиста вода за пиење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во напната атмосфера тече расправата по амандманите на законот за правична застапеност

напната атмосфера со меѓусебни препукувања меѓу Европскиот фронт и ВРЕДИ.

Во напната атмосфера тече расправата по амандманите на законот за правична застапеност

Во напната атмосфера со меѓусебни препукувања меѓу Европскиот фронт и ВРЕДИ, во комисијата за политички систем тече расправата по амандманите за законот за правична застапеност...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер