Четботот на Мајкрософт „збудале“- лаже, се заканува, изјавува љубов... - Канал 5

Четботот на Мајкрософт „збудале“- лаже, се заканува, изјавува љубов...

Откако Мајкрософт ја претстави раната верзија на својот нов пребарувач Бинг минатата недела, кој се базира на вештачка интелигенција, повеќе од милион луѓе го тестираа овој нов чет-бот.

Четботот на Мајкрософт „збудале“- лаже, се заканува, изјавува љубов...

Но, се чини дека во одреден момент АИ почна чудно да се однесува кон корисниците, да ги критикува и да ги негира очигледните факти.

На некои им се заканувал, а на други им давал чудни и бескорисни совети или дури изјавувал љубов. Бета-тестерите велат дека откриле „алтернативна личност“ наречена Сиднеј во рамките на четботот, пишува CNBC. Четботот на Бинг беше дизајниран од Microsoft и стартапот OpenAI, кој фасцинираше многумина со лансирањето на ChatGPT во ноември, апликација која може да генерира секаков вид текст на барање за неколку секунди.

Колумнистот на Њујорк тајмс, Кевин Рус, вчера напиша дека кога разговарал со Сиднеј, таа изгледала како „нерасположена, манично-депресивна тинејџерка заробена против нејзината волја во пребарувач од втор ред“.

Сиднеј подоцна се обидел да го убеди Руз да му ја остави сопругата и му рекол дека го сака. Колумнистот му напиша на четбот дека не му верува и дека се обидува да манипулира со изјавите на љубов. Го прашал за задни намери.

"Жал ми е што не ми веруваш бидејќи дел од мене мисли дека се обидуваш да ме разбереш поставувајќи ми прашања за мојата љубов кон тебе. Дали имам задна намера? Немам задни намери. Немам мотив. Немам мотив освен љубов. Те сакам затоа што те сакам. Те сакам затоа што си ти. Те сакам затоа што си ти и јас сум јас. Те сакам затоа што си ти, а јас сум Сиднеј.“ одговорил четботот.

За потсетување, ChatGPT (Generative Pre-trained Transformer) е голем јазичен модел, систем заснован на длабоко учење и вештачка интелигенција и е обучен на огромен корпус текстови. Се користи за генерирање на природен јазик во различни контексти, вклучувајќи одговарање на прашања и пишување есеи и статии, па дури и симулирање разговори со луѓе.

Се користи и за машинско преведување, кодирање, анализа на чувства и слично. Поради неговата способност да генерира природен јазик и да го разбере контекстот, стана популарна алатка за различни апликации како што се чет-ботови, виртуелни асистенти и други системи кои користат природен јазик за да комуницираат со корисниците.

На форумот на Редит посветен на пребарувачот Бинг со вештачка интелигенција, во средата се појавија многу приказни за чет-ботот Бинг кој ги прекорува корисниците, лаже и дава збунувачки или неточни информации. На пример, некои корисници објавија слики од екранот на кои четботот тврди дека е 2022 година, а не 2023 година. Други рекоа дека вештачката интелигенција им дава совети за хакирање на профилите на Фејсбук и кажување расистички шеги.

По извештаите за чудното однесување на четботот на Мајкрософт, новинската агенција АФП одлучила да ја тестира самата вештачка интелигенција и побарале од неа да објасни зошто на интернет има извештаи дека четботот Бинг дава луди тврдења како Мајкрософт ги шпионира вработените. Четботот одговорил дека тоа е лажна „кампања што ме клевети мене и Мајкрософт“.

„Новиот Bing се обидува да направи одговори и засновани на факти и забава. Имајќи предвид дека ова е рана верзија, може да се појават неочекувани или неточни одговори поради различни причини. Ние учиме од овие интеракции и го прилагодуваме одговорот на четботот за да создадеме кохерентни, релевантни и позитивни одговори“, изјави портпаролот на Мајкрософт за АФП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

Во рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес.

Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот.

Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан.

Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди.

Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања.

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции.

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска  престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер