Чествување на раѓањата на Петре М. Андреевски, Матеја Матевски и Гане Тодоровски - Канал 5

Чествување на раѓањата на Петре М. Андреевски, Матеја Матевски и Гане Тодоровски

Се чествуваа раѓањата на  Петре М. Андреевски, Матеја Матевски и Гане Тодоровски, објавена збирка со нивни песни на Брајево писмо.

Чествување на раѓањата на  Петре М. Андреевски, Матеја Матевски и Гане Тодоровски

Чествувања на 90-годишнината од раѓањето на македонскиот книжевен великан, еден од најдаровитите македонски раскажувачи, академик Петре М. Андреевски, 95-годишнината од раѓањето на еден од највпечатливите македонски поети и доминантна личност во македонистиката, академик Гане Тодоровски и 95-годишнината од раѓањето на вториот македонски лауреат, добитникот на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, академик Матеја Матевски, се одржаа денес во рамки на „Струшките вечери на поезијата“, чие свечено затворање ќе се случи вечерва на Мостот на поезијата во Струга.

За ликот и делото на Петре М. Андреевски говореше академик Влада Урошевиќ, кој во својата беседа го нарекува Андреевски „волшебник“.

- Од сите македонски поети Петре М. Андреевски успеа да навлезе најдлабоко во древноста на Македонија, да го оживее тој свет кој веќе, во детските години на овој поет, беше на работ на исчезнување и чиишто траги тој знаеше да ги насети и да ги изрази на еден извонредно креативен начин. Тргнувајќи од своето село, како од некое скриено јадро во кое се крие тајната суштина на цела една земја, Петре М. Андреевски ја слика, во својата поезија, картата на Македонија чиишто поетски граници се далеку пошироки и посеопфатни од географските - рече Урошевиќ.

За македонскиот поет Матеја Матевски свој говор имаше македонскиот поет, есеист и преведувач, Иван Џепаровски.

- Светот што го осветлува Матеја Матевски со својата поезија е светот на потеклото и на раѓањето, светот на убавината и на добрината, а оттаму и светот на вистината. А што е нашиов денешен омаж на поетот Матеја Матевски на девеведесет и петгодишнината од неговото раѓање, ако не е празник, вистински празник на поезијата и на вистината! Празник, зашто неговата поезија од денес ќе може да се чита и да се доживува и со допирот на прстите - истакна Џепаровски.

Промовирано беше и изданието „Мостови на Струга“, збирка-поезија од Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски и Матеја Матевски, чиј избор го приреди Кристина Николовска.

Збирката е испечатена на Брајово писмо.

Проф. д-р Кристина Николовска имаш беседа посветена на Гане Тодоровски, за кој рече дека има опус-океан.

- Како да се опише Ганевата грандиозна поетска, литературно-научна, препевна, уметничка, културолошка, творечка, општествена и патриотска мисија? И може ли да се опише творечката и креативна „планета-опус“ на раскошен полиграф со над, замислете 230 наслови на дела! Фасцинантна е полиграфската мапа на: поетот, преведувач, литературен критичар, есеист, историчар на литература, теоретичар, врвен македонист, публицист, полемичар, антологичар, редактор, приредувач на изданија избори и препеви (македонски и странски), истражувач на фолклорот, театролог, сценарист, патеписец, културолог, општественик - рече Николовска, соопштуваат од СВП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Компании и адвокатски друштва намерно уриваат тендери за потоа да заработуваат од жалби

Премиерот Мицкоски ги брани измените на Законот за јавни набавки кои Собранието ги донесе вчера.

Мицкоски: Компании и адвокатски друштва намерно уриваат тендери за потоа да заработуваат од жалби

Тој тврди дека адвокатски друштва и компании свесно се договарале да пропаѓаат јавни набавки за потоа да заработуваат од жалбените постапки, па затоа, според него е оправдано двојното зголемување на прагот за набавки без тендер, т.н. во „четири очи“, од 5.000 на 10.000 евра или од 10 на 20, со цел, како што рече, да се избегне ситуација да се плаќа повеќе на тие што свесно ги туркаат јавните набавки или уценуваат.

Премиерот ги отфрли предупредувањата дека повисокиот праг може да овозможи однапред договорени набавки и злоупотреби при изборот на понудувачите. Тој уверуваше дека законските процедури и контролата не дозволуваат такво сценарио, додавајќи дека за измените биле консултирани со меѓународната заедница.

-Со овој закон ние го зголемуваме тој праг за да не ни се случи како што досега ни се случуваше свесно овие групи да ги манипулираат процедурите за да наплаќаат од државата и институциите. Пример еден, имате градинка којашто објавува тендер за да се сервисираат прозорите. Тоа е 50.000 денари. Некој свесно го турка тој тендер, а наплаќа многу повеќе од тие 50.000 денари во процедура. Е тоа не може веќе да се случува. Или, пак, ако сака, наместо досегашните 100 евра за жалба ќе си плати многу повеќе, па да го видам тогаш нека обжалува, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, предупредуваат дека со овие измени власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ сама на себе си овозможува набавки без тендер на драстично поголема сума до 25.000 евра за стоки и до 120.000 евра за градежни работи. Со овој закон, велат од „Бихаќка“, многукратно поскапуваат надоместоците за поднесување жалби, а наместо фирмите да се охрабрат да пријавуваат неправилности, правната заштита им станува поскапа и потешко достапна.

- Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови. Тоа се повеќе пари за во четири очи, за криминални тендери без контрола и за свои партиски фирми. Истовремено, се брише обврската воведена во 2019 година за задолжителна согласност од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без објавување оглас. Значи, ги зголемуваат износите за набавки без тендер, а ја отстрануваат контролната пречка за договорите во четири очи, реагираат од СДСМ.

Пратениците вчера со 63 гласа „за“ и 20 „против“ ги усвоија измените на Законот за јавните набавки. Со усвоениот текст прагот за набавки без тендер се зголемува двојно, а се воведува и надоместок за пристап и користење на податоците за јавните набавки. Претходно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова стави вето на законските измени, но само поради можноста за неограничен мандат на членовите на комисијата за јавни набавки. Мицкоски денеска кажа дека Владата направила грешка за овој член, а како причина го наведе недостигот од експерти во оваа област.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе реагира ли сега официјална Атина? Мајк Тајсон во улога на Александар Македонски

Поранешниот професионален боксер Мајк Тајсот се пошегува со помош на вештачка интелигенција.

Ќе реагира ли сега официјална Атина? Мајк Тајсон во улога на Александар Македонски

Тој на Фејсбук објави фотографија генерирана со ВИ, на која тој е прикажан како Александар Македонски. Во описот на фотографијата стои „Mikesander The Great“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?

Новиот предлог-Кривичен законик предвидува значителни промени во казнената политика за корупциските дела.

Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?

За основниот облик на злоупотреба се предлага затвор од шест месеци до пет години, а за прибавена значителна имотна корист или предизвикана значителна штета – од четири до 15 години. Посебно се враќа и делото за злоупотреби при јавните набавки или договори за јавно приватно партнерство. Ако е прибавена поголема корист или предизвикана поголема штета, казната може да достигне до десет години, а за значителна корист или штета – до 15 години затвор.

Според поранешната врховна судијка Вера Коцо, построгите казни можат да придонесат за поголема казнивост и враќање на довербата во правосудниот систем.

-Сметам дека овие измени во однос на злоупотребата на службената положба и во однос на постапката за јавни набавки секако ќе имаат свој голем допринос во однос на казнивоста за овие кривични дела. Меѓутоа, секако дека зголемувањето на казната, со оглед на сите случувања во нашата држава, ќе имаат голем одраз во однос на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Бидејќи она што се случи во 2023 година со намалувањето на казните за сторителите на одредени кривични дела на многу ниско ниво, допринесоа да довербата кај граѓаните падне, бидејќи тие кривични дела на некој начин застареа и сторителите останаа неказнети. – Вера Коцо – Поранешен судија

Токму измените од 2023 година предизвикаа негативни реакции во јавност ја променија казнената политика кога дојде и до застарување на многу предмети од висока корупција. Тогаш за најтешкиот облик на злоупотреба казната од три до 20 години беше намалена на една до пет години, а беше избришано и посебното дело за злоупотреби при јавните набавки. Во јануари годинава следуваше корекција, со зголемување на казната до осум години и повторно воведување на одредбата за јавните набавки.

Но, Европската комисија во јулскиот извештај оцени дека овие измени не ги отстраниле целосно последиците од 2023 година. Предупреди на стеснетиот опфат на делото и на пократките рокови за застарување, кои оставаат помалку време за истрага и гонење на сложени корупциски предмети.

Коцо очекува новите решенија да спречат повторување на ваквите последици, но посочува дека законот нема да важи за делата сторени пред неговото донесување.

-Па, со овие измени сега секако дека ќе се избегнат оние случувања во 2023 година, затоа што на некој начин, нели, ќе се потенцира казнивоста за овие така значајни кривични дела во системот на нашата држава. Меѓутоа, морам да кажам дека важноста на законот ќе биде од неговото донесување. Што значи, законот сè уште не е донесен и не може да се применува кога не е донесен на оние кривични дела кои се сторени пред неговото донесување. - Вера Коцо – Поранешен судија

Меѓу другите новини е и новото кривично дело за загрозување на стабилноста на банкарскиот систем, за кое се предлага затвор од една до пет години. Освен новиот КЗ и ЗКП, во Брисел на разгледување се пратени и други законски решенија поврзани со Реформската агенда. Премиерот Мицкоски денеска изјави дека очекува клучните закони да бидат усвоени во предвидениот рок, односно до декември, кога, како што најави, треба да биде завршена и реализацијата на реформската агенда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер