Чествување на 2-ри Август – Ден на Републиката со обраќање на претседателот Пендаровски од Вила Водно

На 2-ри Август во Кабинетот на Претседателот во Вила Водно, со почеток во 11:30 часот ќе се одржи централна манифестација на која ќе се обратат Претседателот Стево Пендаровски и претставник на главниот одбор на Сојузот на борците.

На свеченоста во Кабинетот на Претседателот се поканети членови на Сојузот на борците, претставници на институции и на политички партии во државата, како и членови на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Северна Македонија.

Претходно, во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во Скопје ќе се одржат неколку настани во рамки на чествувањето на 2-ри Август - Ден на Републиката.

Во Алејата на великаните, на градските гробишта Бутел во Скопје, претседателот Пендаровски заедно со претставници на Сојузот на борците, во 10:00 часот ќе положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, а ќе се поклони и ќе оддаде почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски.

Делегација од Кабинетот на Претседателот, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, во 8:45 часот ќе положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец, во 09:00 часот пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија, и во 09:15 часот пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на градскиот плоштад во Скопје.

Свеченостите за чествување на 2-ри Август - Илинден во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија ќе бидат отворени за медиумите, а од централната свеченост во Вила Водно, Кабинетот на Претседателот, ќе се врши и директен пренос на јавниот сервис , се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер