Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
1Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
ЗабаваЧеститките неизоставен дел од новогодишната еуфоријаНеизоставен дел од новогодишниот декор во минатото беа честитките што поштарот ни ги носеше до врата, но дали сè уште се одржува традицијата и колку современите технологии го заменија овој детаљ.Дел од граѓаните ја задржале традицијата со пишување новогодишни честитки. Некои од нив купуваат, а други пак сами ги изработуваат, но најголем дел го следат модерното, честитајки си со електронски пораки и гифови. Тетка Кате, иако во поодминати години вели дека новогодишните и божиќните празници во нивниот дом не поминуваат без пишување честитки. – Во моето семејство ја задржавме традицијата за испраќање честитки по пошта. Праќам за најблиските, за роднините и пријателите, посебно за децата. Сакам да ги изненадам, да се израдуваат. Внимателно ги одбирам. Купувам и обични и музички, ги пакувам и испраќам по пошта пред празниците. Посебни емоции создава ѕвонењето на поштарот кога ќе ни донесе новогодишна честитка, посочува Кате. Традицијата со пишување, но и изработка на новогодишни честитки ја задржале и во семејството на Верче, која заедно со тригодишната ќеркичка Искра со возбуда и големи емоции го споделуваат овој момент. – Јас пишувам честитки, испраќам и примам. Ги обожавам уште од дете. Во мене секогаш будат неопислива детска радост и насмевки. Ми асоцираат на среќа и безгрижност. И мојата ќерка Искра се радува кога пишувам честитки и заедно ги украсуваме, а кога ќе стигне некоја честитка прва ги отвара пликоата да ги види и да и ја прочитам пораката, раскажува Верче. Наставничката Сандра навраќајќи се на детството ја опиша возбудата и предновогодишната еуфорија. – Стојам со пликоата, ги отворам и се радувам на секоја посакана желба. Исто толку сум возбудена и кога стојам пред трафика и внимателно ги одбирам честитките за соучениците. И секако бирам една музичка за учителката, која се трудам да ја напишам најубаво што можам, се присети Сандра. Новогодишната магија од детството се обидува да им ја пренесе на своите ученици со изработка на честитки со најубави желби и украси. – Подготвувам кутија, нашето поштенско сандаче, го украсувам и го закачувам во училница, им зборувам за магијата на честитката и желбите на децата. Секој ја бележи својата желба и прави честитка до другарчето. Ги ставаме во сандачето. Го чекаме последниот ден од полугодието за да ги прочитаме и посакаме сите тие искрени детски желби, кои пленат искрени насмевки зад маските. Секако, тука се честитките кои ги добивам од моите ученици постојано и тоа е мотивот во мојата работа, за вложување на повеќе труд и пренесување на знаењето, вели Сандра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Славна убавица не се откажува лесно од бикинитоСветскио топ модел нема така лесно да се откаже од своето бикини – затоа повторно се соблече.Се чини дека летото сè уште трае за една од најубавите манекенски на светот, екс топ моделот, Алесандра Амброзио и дека таа нема намера толку лесно да се откаже од своето омилено парче облека – костимот за капење. Иако есента полека, но сигурно се приближува, убавата Алесандра не сака лесно да се „предаде“. Судејќи според нејзината најнова објава на социјалните мрежи, таа сè уште сака да ужива во сончевите денови и во придобивките од потоплото време. Таа моментално престојува на Ибица, а за ова свое патување веднаш ги извести своите верни обожаватели на Инстаграм. Тагови: Алесандра Амброзио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДачија подготвува нов, помал кросоверПроизводителот на автомобили од Романија, Dacia се подготвува да предизвика уште еден „земјотрес“ на европскиот пазар на автомобили. Романскиот производител, чии модели традиционално постигнуваат одлични продажни резултати, планира да ја прошири својата понуда на компактни кросовери со сосема нов модел. Ова возило – кое неофицијално веќе го нарекуваат „Baby Duster“ – ќе биде позиционирано веднаш под актуелниот хит-модел Duster, нудејќи им на возачите во Европа уште подостапна опција со теренски способности. Сè започна со прототипот Renault Bridger, кој првично беше дизајниран исклучиво за пазарите надвор од Европската Унија. Концептот на возилото беше официјално претставен во март 2026 година, но раководството на компанијата брзо го препозна неговиот огромен комерцијален потенцијал. Во тек се интензивни подготовки за воведување на овој проект на европскиот пазар под логото на романската марка Dacia. Со планирана должина од околу четири метри, новиот кросовер ќе биде цели 35 сантиметри пократок од актуелниот Duster, но сепак ќе го задржи препознатливиот, робустен теренски изглед со зголемено растојание од подлогата. Иако дизајнот засега постои само во форма на шпекулации на француските медиуми, се очекува предниот дел да ги содржи модерните стилски елементи на брендот, додека силуетата ќе остане доволно компактна за градско возење, а сепак забележливо помасивна од онаа на стандарден хечбек. Пристигнувањето на „Baby Duster“ би можело целосно да ја измени структурата на понудата на романскиот бренд. Неговото лансирање совршено би ја пополнило значителната празнина помеѓу стандардниот Sandero и моделот Duster. Што се однесува до погонската единица, инженерите разгледуваат неколку докажани опции. Како логична почетна точка се спомнува добро познатиот 1,0-литарски мотор со три цилиндри од моделот „Sandero“. Сепак, се очекува главна ѕвезда во понудата да биде новата генерација на моторот „Eco-G“ со 120 коњски сили, кој користи течен нафтен гас (ТНГ), додека сериозно се разгледува и можноста за модерна хибридна верзија, дизајнирана да ги задоволи строгите европски еколошки стандарди. Она што несомнено најмногу ќе ги израдува купувачите низ Европа е цената: се очекува почетната цена за овој атрактивен SUV да се движи меѓу 17.000 и 18.000 евра! Оригиналниот модел „Bridger“ прво ќе се појави на патиштата во Индија следната година, додека европската верзија на „Dacia“ би можела да дебитира многу брзо потоа.Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГенерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во КопенхагенНачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген.Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови, која се одржува во Копенхаген, Данска. На состанокот, со кој претседаваше претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, учествуваа началниците на Генералштабовите на сојузничките земји, како и врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич и врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие. Во фокусот на дискусиите на конференцијата беа актуелните безбедносни предизвици и стратешки прашања од витално значење за Алијансата со посебен акцент на зајакнување на колективното одвраќање и одбрана, имплементација на одлуките донесени на Самитот на НАТО во Анкара, иновации и технолошки развој во одбраната, како и континуирана поддршка за Украина. За време на состанокот, генералот Лафчиски ја потврди цврстата посветеност на нашата држава кон зајакнувањето на колективната одбрана и зачувувањето на регионалната стабилност. Притоа, тој го истакна непрекинатото учество на нашата Армија во активностите за заштита и одбрана на источното крило на Алијансата, како и посветеноста кон постојано унапредување на оперативната подготвеност преку процесите на модернизација, интензивни обуки и учество на меѓународни вежби. Во рамки на работниот дел од конференцијата беше спроведено и гласање за избор на следен претседавач на Воениот комитет. Воениот комитет се состанува за да дискутира за операциите, мисиите, вежбите, капацитетите и други релевантни теми на НАТО. Како највисок воен орган на НАТО, неговата главна улога е со консензус да му обезбеди на Северноатлантскиот совет воени совети за начинот на кој Алијансата најдобро може да се справи со глобалните безбедносни предизвици. Пред почетокот на активностите, делегацијата на Армијата предводена од началникот на Генералштабот, оствари средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Кралството Данска, господинот Фадил Зендели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter