Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
МакедонијаЧеститки по повод Велигден упати државниот врв, пораки за единство и меѓусебна почит Здравје, мир и благосостојба во секој дом им посака државно политичкиот врв на граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден. Во овие возвишени и благодатни денови, кога се открива тајната на животот како победа над смртта, од срце Ви посакувам во Вашите домови да се вселат мирот, љубовта, здравјето и Божјиот дух, порача македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова која присуствуваше на вечерната литургија во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид. -Во време на тешки општествени превирања, големи искушенија и силни и морални предизвици, мораме да истраеме во добродетелите, обединети околу вредностите на човекољубието, солидарноста и заемната почит. Да ги отвориме срцата за ближните, да ја засилиме грижата за ранливите и да го разбудиме духот на соборност и заедништво. Нека светлината на Христовото воскресение ни подари сила, мудрост и непоколеблива вера во доброто.- Гордана Сиљановска-Давкова. Празничните денови нека ви донесат спокој, топлина и сила да продолжиме напред, посилни, пообединети и со јасна визија за иднината, порача премиерот Христијан Мицкоски во велигденската четитка, посакувајќи здравје и благосостојба во секој дом. -Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата. Свесен сум дека постојат неизвесности и предизвици, но нашата определба е јасна, да продолжиме со одговорни политики, да ја зајакнеме економијата, да го заштитиме животниот стандард и да создадеме сигурна иднина за сите. Само заедно, со меѓусебна почит и разбирање, можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме стабилна, праведна и напредна.- порача премиерот Христијан Мицкоски. Нека Велигден биде поттик за уште поголемо разбирање, хуманост и почит меѓу сите граѓани, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши. -Велигден е празник што носи пораки на надеж, духовна обнова и зацврстување на вербата во доброто, човечноста и заедништвото. Во овие празнични денови, кога се слават љубовта, солидарноста и меѓусебната почит, уште еднаш се потврдува значењето на вредностите што нè поврзуваат како општество и нè упатуваат кон заеднички напредок.- претседателот на Собранието, Африм Гаши. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го честита големиот христијански празник, истакнувајќи дека Велигден е симбол на спасението и носи силна порака - и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат. -Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво - вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество. Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани. Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом,- претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Честитки за здравје, мир и обединување по повод празникот упати и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и претставници на политичките партии, граѓански здруженија и голем број институции, со желба за здравје и благосостојба во секој дом. Тагови: Венко Филипче Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24