Честитка од Стоилковиќ по повод Рамазан Бајрам - Канал 5

Честитка од Стоилковиќ по повод Рамазан Бајрам

Честитка од потпретседателот во Владата на РМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ по повод Рамазан Бајрам.

Честитка од Стоилковиќ по повод Рамазан Бајрам

Почитувани граѓани од исламската вероисповед, дозволете ми, во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, да ви упатам искрени честитки по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

По завршувањето на светиот месец Рамазан, месец на пост, духовна посветеност и солидарност, ви посакувам празничните денови да ги поминете во мир, добро здравје, радост и спокој, опкружени со семејството и најблиските. Нека вашите молитви бидат примени, а вредностите на хуманоста, толеранцијата, заемната почит и меѓусебното разбирање бидат водилка во секојдневието на сите верници.

Големите верски празници се потсетник на универзалните вредности што нè обединуваат, за грижата за другиот, подадената рака кон оние на кои им е потребна помош и негувањето на соживотот. Само преку заемна почит, одговорност и заеднички заложби можеме да градиме праведно, инклузивно и просперитетно општество во кое сите граѓани ќе се чувствуваат еднакви и почитувани, без оглед на нивната верска или етничка припадност.

Нека празникот донесе мир во Вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите, а духовниот благодет од овие денови нека биде поттик за личен и заеднички напредок во текот на целата година. Честит Рамазан Бајрам!

Со почит,

Односи со јавност

Кабинет на потпретседател на Владата на РМ и министер за односи меѓу заедниците

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.

Петмина загинаа во украински напад кај Москва

Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. 

Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба

Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење.

Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Во Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер