Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Од сè срце посакувам празникот на Христовото воскреснување да го поминете во добро здравје, мир, радост и неизмерна љубов. 

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до Претседателот на Црковното претставништво на Евангелско - методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско-методистичката црква во државата.

„Од сè срце посакувам празникот на Христовото воскреснување да го поминете во добро здравје, мир, радост и неизмерна љубов. Нека празникот на светлината придонесе да ги отвориме нашите срца и да ја зацврстиме нашата вера и оптимизам, мотивирајќи нè на духовни подвизи и на благородни дела. Велигденското празнување годинава ни доаѓа во период кога целиот свет се соочува со една од најголемите закани за човештвото. Затоа мораме да останеме внимателни и дисциплинирани, преземајќи ги сите мерки на претпазливост и почитувајќи ги сите препораки во борбата со КОВИД-19. Токму Христовата победа над смртта нека ни биде инспирација и надеж да истраеме пред предизвикот и да излеземе како победници. Светлината на Велигден нека ни дава сила и верба во искушенијата со кои се соочуваме", се вели во честитката од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Стано: Очекуваме новата Влада на Србија да работи на стратешката цел за членство на земјата во

 ЕУ со нетрпение очекува да соработува со новата српска Влада и очекува таа да испорачува резултати во однос на стратешките цели на Србија, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Србија е земја кандидат за членство и го посочува пристапувањето во ЕУ како свој стратешки приоритет, па Европската Унија и земјите членки очекуваат тоа да го покаже и во пракса, нагласи Стано, запрашан за коментар за тоа што во новата српска Влада, како што беше посочено, се предложени двајца министри кои се наоѓаат на листата на лица кон кои ЕУ има воведено санкции.

Според Стано, Србија знае што се очекува од неа како земја кандидат за членство во ЕУ кога станува збор за исполнување на критериумите, особено за оние поврзани со надворешната политика и за усогласување на заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Кога станува збор за конкретните лица, како што нагласи Стано, активностите и изјавите на предложениот вицепремиер Александар Вулин во минатото биле во спротивност со декларираните приоритети на Србија, кога станува збор за обврските поврзани со процесот на пристапување и односите со Русија.

- Членството во ЕУ е стратешки избор и очекуваме од Србија и нејзината Влада, независно во кој состав, да ја демонстрираат посветеноста на европскиот пат, во интерес на нејзиниот народ и на нејзиниот кредибилитет, бидејќи одлуката да се избере европската интеграција за стратешка цел беше донесена од српските власи. Затоа очекуваме од нив да испорачаат и секој член на Владата да работи на таа цел колку што може, додаде Стано. /МИА

Лидерот на Златна зора ќе излезе од затвор

Поранешниот лидер на сега непостоечката неонацистичка партија Златна зора Никос Михало-Љакос, кој беше осуден на 13-годишна затворска казна за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор, пренесуваат грчките медиуми.

Судот во градот Ламиа донел одлука тој да биде ослободен, откако издржал три петтини од казната. Златна зора пред четири години беше прогласена за криминална организација обвинета за бројни насилства од омраза , а нејзиниот лидер и пет поранешните пратеници добија 13 години затворска казни. Михалољакос, според одлуката на судот, ќе има забрана да ја напушта поширокиот регион на атина и ќе треба еднаш месечно да се јавува во полициска станица, пишува Катимерини. Златна зора беше дел од парламентот во периодот од 2012 до 2019 година..

Полската полиција приведе 16-годишно момче за нападот со молотов коктел врз синагога

Полската полиција приведе 16-годишно момче осомничено дека фрлило молотов коктел врз историската синагога Ножик во Варшава, изјави денеска портпаролот на полицијата за весникот „Ржечпосполита“.

Мотивот зад вчерашното фрлање молотов коктел врз единствената синагога во Варшава што го преживеа нацистичкиот напад за време на Втората светска војна, остана нејасен. Осомничениот одбил да даде изјава.

„Срамотните антисемитски напади како овој не можат да се толерираат денес. Сторителите мора да бидат пронајдени и казнети, објави вчера на „Икс“, израелскиот амбасадор во Полска, Јаков Ливне.

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда исто така го осуди фрлањето молотов коктел врз синагогата. „Нема место за антисемитизам во Полска! Нема место за омраза во Полска", напиша Дуда на „Икс“.

Синагогата од 1902 година, во центарот на градот на левиот брег на Висла, денеска е главната синагога во Варшава. /МИА

притисни ентер