Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаЧеститка од претседателката Сиљановска Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан БајрамПретседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница,Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед.Почитуван Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Дозволете ми Вам, лично, и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во државава, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник - Курбан бајрам и од сѐ срце да Ви посакам празничните денови да ги поминете во добро здравје, исполнети со среќа, радост и љубов. Како празник на дарувањето и на помагањето, Курбан бајрам ја истакнува благородноста на човекот, мотивирајќи нè да се грижиме за сите членови на заедницата. Како општество, отсекогаш се истакнуваме со солидарноста, сплотеноста, почитта и грижата, и тоа мора и понатаму да го чуваме и да го негуваме. Живееме во сложени и динамични времиња со тектонски политички и економски промени на глобално ниво, коишто бараат мудрост, заедништво и силна волја и истрајност. Да се потпреме еден на друг, да ги развиваме емпатијата и солидарноста, и суштински да се залагаме за благосостојбата на сите наши сограѓани и за просперитет на татковината! Честит Курбан Бајрам. Гордана Сиљановска-ДавковаТагови: Курбан Бајрам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПоранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвотоШефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи. Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот. -Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи. На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана. Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила. -Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. -Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризитеДенес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата. СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот. За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси. Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото. Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСавески: Повлекувањето на сексуалното образование не значи намалување на последицитеНевладината организација „Хера“ објаснува дека не треба да се избрзува со повлекувањето на предметот секуслано образование, бидејќи тоа е повеќе од важно во ера кога младите избираат да учат од интернет каде има многу непроверни инфомрации. Претседателот на Хера Велимир Савески објаснува дека се подготвени за разговри и со преставници од црквата и министерството за образовние за важноста на едукацијата кај младите, по примерот на речиси сите развиени земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter