Честитка од МД „Илинден“ до поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан по повод 24 мај - Канал 5

Честитка од МД „Илинден“ до поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан по повод 24 мај

Честитка од МД „Илинден“ до поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан по повод Денот на светите Кирил и Методиј.

Честитка од МД „Илинден“ до поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан по повод 24 мај

По повод 24 Мај - Денот на словенските просветители, светите Кирил и Методиј, македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г. г. Стефан и до сите Македонци.

-Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на вашето свештенство и на сите православни верници, на Македонците каде и да се, да ви го честитаме 24 Мај - Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, стои во честитката, потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Во честитката се посочува дека со празнувањето им се оддава почит на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј, како основоположници на словенската писменост и литература, основачи на првата словенска азбука – глаголица, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи.

-Нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот. Делото на светите Кирил и Методиј живеело со векови, живее и ќе живее за навек. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, се наведува во честитката на МД „Илинден“-Тирана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд не обезбеди мнозинство за носење одлука по одредбите од Изборниот законик за изборното рекламирање

Уставниот суд не обезбеди мнозинство при гласањето за да се прифатат иницијативите од Левица и Демократи за оценување на уставноста на делови од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање.

Уставниот суд не обезбеди мнозинство за носење одлука по одредбите од Изборниот законик за изборното рекламирање

Од Уставен соопштија дека од вкупно 9 уставни судии, седуммина биле присутни, но ги немало потребните 5 гласа ЗА, за да донесат било каква одлука и затоа по предметот ќе се гласа на некоја од следните седници. Подносителите во иницијативите наведуваат дека оспорените одредби промовираат дискриминаторски пристап за помалите партии, додека четирите најголеми партии-по две од власта и две од опозицијата добиваат привилигиран пристап до медиумите и државните средства, а останатите се потполно исклучени.

Судијата известител Осман Кадриу предложи да се поведе постапка за двете иницијативи и да се оценуваат спорните одредби со аргументи дека изборната регулатива што се оспорува е штетна, противуставна и непропорционална, а помалите партии се дискриминирани за разлика од поголемите кои се привилигерани. Поддршка дадоа и претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, судијките Ана Павловска Данева и Добрила Кацарска, иако имаше забелешки за неговата содржина.

- Сметам дека оспорувањето е основано, прави градација помеѓу политичките партии на тој начин што за поголемите партии предвидува привилегиран пристап до медиумите и до државните средства за рекламирање. На помалите партии на дискриминаторски начин им се оневозможува фер начело во изборната кампања за сите видови на избори што ги имаме, локални, парламентарни и претседателски. Оваа дискриминација се забележува посебно во нееднаквиот пристап и во можностите во изборните процеси на сите политички партии, изјави Кадриу.

– За плурализмот од суштествено значење е резултатот од слободните и демократски избори да биде резултат до кој е дојден низ еден процес во кој сите засегнати имале еднакви и фер шанси да ги понудат своите политички понуди. Дали со овие норми е тоа така направено? – Апсолутно, не. – изјави Костадиновски.

– И во овој модел на пропорционално плаќање и претставување треба да постои еднаквост, можност за сите, а сообено ако ОБСЕ тврди дека се исклучени одредени политички субјекти, тоа веќе зборува и за дискриминација и нееднаквост, изјави Павловска-Данева.

За разлика од овие ставови, дел од уставните судии се изјаснија против поведување постапка за иницијативите, а меѓу нивните аргументи беа дека на таков начин ќе се појави правна празнина за политичкото рекламирање, а Уставниот суд пред три години одлучувал по истите оспорени членови и веќе се произнел со неповедување постапка. Сметаат дека Собранието, а не Уставен е надлежно за промена на спорните законски решенија.

-Со оглед на тоа дека во услови кога тешко се постигнува консензус за измени и дополнувања на новиот Изборен законик со евентуалното потенцијално наше носење на одлука за поведување постапка, подоцна и за укинување на тие решенија ние ќе оставиме ден простор којшто нема да биде регулиран и во недостиг на законски одредби всушност нема да постои според мене платеното политичко рекламирање, изјави судијката Татјана Васиќ Бозаџиева.

-Судот ќе ги отфрли овие иницијативи ако за ова веќе одлучувал, а не постојат основи за поинакво ослучување, изјави судијата Насер Ајдари, а со сличен став беше и Фатмир Скендер.

Од Левица денеска предупредија дека евентуалното отфрлање на Иницијативата би значело легализирање на нерамноправните услови за учество на изборите и опасен преседан за политичкиот плурализам. Според нив Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик, а проблемот велат не е во финансирањето, туку во тоа што на Левица ѝ е оневозможен еднаков пристап до медиумскиот простор за време на изборната кампања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврден случај на маларија во Македонија

Бил на егзотично патување во Занзибар и на тура во Танзанија, се вратил во Македонија со маларија. 

Потврден случај на маларија во Македонија

Триесетгодишникот е хоспитализиран на Инфективна и прима соодветна терапија, со симптоми на грозница и треска уште вчера побарал медицинска помош, сега е стабилен, потврдува Директорот на Клиниката Д-р Фадил Цана. Со него на одмор била и неговата сопруга но засега таа нема симтоми, а важно е да се потенцира дека маларијата не се пренесува од човек на човек, туку преку убод од заразен комарец, навременото препознавање и лекување се клучни и нема простор за паника, вели Д-р Цана.

Овој случај доаѓа само по неколку дена откако кај двајца пациенти беше потврдена западнонилска треска кои се уште се на Инфективна, но лекарите оценуваат дека се во добра состојба иако остануваат на болничко лекување. Иако и двете заболувања се поврзани со комарци, станува збор за различни инфекции со различен начин на ширење.

Епидемиолозите апелираат граѓаните кои се враќаат од тропски земји и имаат висока температура, треска, малаксаност или други симптоми веднаш да побараат лекарска помош и да информираат каде патувале. Најдобрата заштита е превенцијата – користење средства против комарци, носење облека со долги ракави и, по препорака на лекар, превентивна антималарична терапија пред патување во ендемски подрачја.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Даниела Димовска е избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје

По една година вршител на должноста, судијката Даниела Димовска е избрана за претседател на скопскиот Кривичен суд. 

Даниела Димовска е избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје

При гласањето во Судскиот совет доби едногласна поддршка од сите 11 членови. Образложувајќи ја одлуката да и ја дадат поддршката рекоа дека нејзината програма за работа нуди визија за развој и подобро менаџирање со судот. во трката за позицијата влезе со еден противкандидат – судијата Ивица Стефановски.

-Aпликации доставија, за жал, според мое мислење, само двајца канндидати, бидејќи станува збор за голем суд во кој работат околу 50 судии каде 90 осто ги исплнуваат условите. Нивните апликации беа прифатени како уредни и по спроведување на постапката од Комисијата,- изјави – Ивица Николовски – Член на Судски совет.

-Присуствував на интервјуто на двата кандидати, можам да кажам имаше разлика во пристапот на гледањето на двата кандидати како треба да се менаџира судот. Судијата Даниела Димовска имаше менаџерска визија точно како треба да биде нејзината позиција и што треба да прави како иден претседател,- изјави – Антоанета Димовска – Член на Судски совет.

Според дел од членовите на Советот, постапката за избор за нов претседател која се одоговлече речиси една година, го отвори прашањето дали Димовска веќе со една година искуство како претседател, била во предност.

-Во дадениот случај имаме една година вршител на дејност кој имал можност во рамките на таа година да ги покаже своите организациски, менаџерски и комуникациски капацитети, да спроведува конкретни активности и да ги презентира своите резултати ние во Судскиот совет да ги видиме. Навистина ги видовме од в.д претседателката која сега е претседателка но се поставува прашањето долгото траење на изборите, дали се создава предност во однос на другиот кандидат,- изјави – Сузана Јошевска – Анастасовска – Член на Судски совет.

-Навистина е недозволиво постапките да ни траат толку колку што ни траат. Треба да се вложиме преку измена на нашите акти ова време да се сведе на најкратко можно,- изјави – Александар Камбовски – Претседател на Судски совет.

Инаку Димовска е позната дека го судеше поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски кој доби 3 и пол години затвор. Лани во јули беше избрана за в.д претседател на Кривичен а нејзиното име беше актуелно во јавност неколку месеци подоцна кога нејзиниот брат Драган Паунов, инспектор во УЈП Штип, беше уапсен во рамки на проширената истрага за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер