Честитка од Иванов до Обама по повод Денот на независноста на САД

Претседателот Ѓорге Иванов по повод националниот празник на САД, 4 Јули - Денот на независноста, испрати честитка до американскиот претседател Барак Обама.

- Во мое име и во име на граѓаните на Република Македонија Ви посакам Вам и на пријателскиот американски народ, среќен 4 Јули. Остварувањето на неотуѓивите права „живот, слобода и потрага по среќа“, стана инспирација за многу генерации, ширум целиот свет, да ги бараат и да ги остваруваат овие права, се вели во честитката.

Претседателот Иванов во честитката искажува задоволство од досегашното ниво на македонско-американските односи, изразувајќи очекување за натамошно продлабочување на пријателството меѓу две држави.

- Потсетувајќи се на мислата на Абрахам Линколн дека „секоја куќа поделена против себе не може да опстане“, би сакал да Ве уверам, господине претседателе, дека Република Македонија, нејзиниот народ и натаму остануваат посветени на партнерството со Вашата голема нација, партнерство за одбрана на слободата, демократијата и човековите права во светот. Инспирирани од овие споделени вредности, остануваме сосредоточени за постигнување на целта – Македонија како рамноправна членка на европското и евроатлантското братство на народи. Ја користам оваа можност, господине претседателе, да Ви се заблагодарам за континуираната поддршка за исполнување на нашите стратешки цели, но и да искажам увереност дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено, за доброто на нашите деца, стои во честитката од претседателот Иванов.

Обезбедувач на Дрејк повреден во пукање од автомобил

 Имотот на Дрејк во Торонто, Канада, вчера бил цел на вооружен напад од автомобил. Канадскиот музичар е на безбедно и соработува со полициската истрага којашто сè уште не го открила мотивот.

Полицијата во Торонто во објава на „X“, соопшти дека по пукотниците во градскиот кварт Бридл Пет, еден маж е со „сериозни повреди“ и е пренесен во блиската болница. Се работи за лице од обезбедувањето на вилата.

- Тој стоел пред портите пред резиденцијата кога се случило пукањето. Засега нема познат мотив за пукањето од автомобил. Видеоснимката од безбедносните камери околу куќата на Дрејк се обезбедени и се чини дека пукањето е снимено. Имаме поединци кои очигледно го извршиле пукањето, и се гледаат во возилото. Засега немам опис на возилото или на осомничените. Повторно ќе речам, истрагата е во многу рана фаза, изјави претстаникот на полицијата.

Инаку, периодов се пишуваше за караницата меѓу Дрејк и неговиот колега-рапер Кендрик Ламар. Американецот ги турка своите наводи дека Канаѓанецот, наводно, е сексуален напасник и тоа ја прави кавгата сѐ пожестока. Полицијата сѐ уште не потврдува можна поврзаност.

Истражување:Опаѓа популарноста на САД низ светот поради поддршката на војната на Израел во Газа

 Глобалната популарност на Соединетите Американски Држави опаѓа поради поддршката за израелската војна во Газа, покажува најновото истражување на невладината организација „Сојуз на демократијата“.

Истражувањето е спроведено на околу 63.000 луѓе во 53 земји. Според анкетите спроведени од 20 февруари до 15 април, угледот на САД најмногу паднал во земјите со мнозинско муслиманско население, но и во Европа.

„За првпат од почетокот на администрацијата на Бајден, многу западноевропски земји се вратија на негативната перцепција за САД“, рече Фредерик Дево од истражувачката компанија „Латана“.

Тој изјави дека негативните ставови кон САД се зголемени особено во Германија, Австрија, Ирска, Белгија и Швајцарија. Позитивните ставови кон Кина, пак, се во пораст во Азија, Северна Африка, Блискиот Исток и Јужна Америка, и покрај европскиот скептицизам кон неа.

СИНТЕЗА – Центар за раст и развој на личноста - со НЛБ Рамка за помош

Интервју со Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста “СИНТЕЗА”

НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.

Веќе четврта година НЛБ Банка успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.

Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.

Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.

Во продолжение, Ви ја претставуваме Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста “СИНТЕЗА”

Целта на проектот е подигнување на свесноста за менталното здравје, поттикнување на здравствени обрасци на однесување и протективни фактори за ментално здравје. Превенецијата е насочена кон препознавање на ризично однесување кај поединци од целната група, како и нудење алатки за јакнење на менталното здравје. Промоцијата на менталното здравје ќе се спроведува на целната група адолеценти, кои имаат зголемен ризик за развој на разни патолошки состојби. Предвидено е креирање на програми за обука и волонтирање на млади луѓе во локалните институции, организации и заедници, што може да им помогне во нивната кариера и да придонесе кон економска независнот и стабилност на поединците и заедницата. Исто така ќе се работи на развивање на соработка со локални училишта, институции, организации и заедници за да се обезбеди широка база на поддршка и ресурси.

Третата фаза ќе опфати организирање на заеднички настани и активности кои ги вклучуваат младите луѓе и нивните родители за да се изгради поддржувачка заедничка мрежа и да се негуваат меѓусебните односи.

Зошто е меѓу избраните?

Зголемена свесноста за менталното здравје и неговото значење за поединецот и заедницата.

- Зголемена увид на психолошка состојба кај адолесциентите.

- Детектирање на потреба за психолошка помош и интервенции од страна на адолесцентите.

- Зголемена самоподдршка кај адолесценти.

- Интегрирање на континуиранта грижата за металното здравје како вредност (трајна промена).

притисни ентер