Честитка од Груевски до Обама по повод Денот на независноста на САД

Премиерот Никола Груевски по повод националниот празник на САД, 4 Јули - Денот на независноста, испрати честитка до американскиот претседател Барак Обама.

- По повод Националниот празник на Соединетите Американски Држави, во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, Ви ги упатувам најискрените честитки и желби за сéстран развој на Вашата држава и благосостојба на нејзините граѓани. Овој празник е втемелен во националната свест и историјата на американскиот народ, како трајна вредност за сегашната и идните генерации на Вашата земја, но тој претставува и вредност на демократијата и слободата препознаена во светски рамки, стои во честитката.

Во оваа прилика, покрај искрените честитки, посочува Груевски, сакам да Ве уверам дека пријателството и традиционалното партнерство и одличните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во континуитет ќе се зајакнуваат во сите области од взаемен интерес, и тоа и на билатерален план и на планот на заедничкиот ангажман во мировните мисии и изградување на мирот и промоција на цивилизациските вредности во целиот свет.

- Дозволете ми уште еднаш да Ви се заблагодарам за континуираната поддршка што Соединетите Американски Држави и ја даваат на Република Македонија во правец на зачленувањето во НАТО и Европската Унија, како прашања коишто остануваат наша трајна стратешка определба. Повторувајќи ги уште еднаш најсрдечните честитки и желби, и потенцирајќи ги стратешките врски меѓу нашите влади и држави, Ви ги упатувам, почитуван Претседателе, изразите на моето високо почитување, се вели во честитката на премиерот Груевски до американскиот претседател Обама.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер