Честитка од директорот на Комисијата за односи со верски заедници по повод Велигден

Оваа година, нашите граѓани ќе имаат можност овој голем празник да го пречекаат повторно во македонските храмови.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден, упати честитка до Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Mакедонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан и до сите верници од православната вероисповед.

– Прославувањето на Христовото Воскресение Велигден секогаш одново буди полна и искрена радост во срцата на верниците, буди спомени, сеќавања, емоции, го оживува преданието, продирајќи во длабоката суштина која е основа на христијанската вера, стои во честитката.

Оваа година, се наведува натаму, нашите граѓани ќе имаат можност овој голем празник да го пречекаат повторно во македонските храмови поради олеснувањето на рестриктивните мерки кои доаѓаат по очекуваната стабилизација на пандемиската состојба.

– Сепак радувајќи се на достапната можност, да не заборавиме дека акцентот секој поединец треба да го стави на зголемувањето на личната одговорност и почитувањето на мерките во најубавиот празничен период. Честитајќи Ви го Христовото Воскресение – Велигден Ви посакувам убави праз-нични мигови и Ве поздравувам со најрадосниот поздрав. Христос Воскресна, Навистина Воскресна, Нека е за многу години!, стои во честитката на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Сотировски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден.

Реконструирана училишната спортска сала вп ООУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров финишираше со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба.

При реконструкцијата изведен е менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити.

Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со негово завршување, направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров.

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.

Општина Ѓорче Петров

До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи

Долж Повардарието утре ќе дува засилен ветер. До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. 

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град.

Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

Утринската температута ќе се движи од осум до 15, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени.

Теретана на отворено за прв пат во општина Илинден

Комплетно опремена спортска теретана на отворено за прв пат добија жителите на Општина Илинден, која се наоѓа кај пешачко – велосипедската патека во Марино, соопшти Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакнал дека во рамки на ова фитнес катче, каде младите па и повозрасните жители на општината ќе можат да се рекреираат и вежбаат, поставени се повеќе најсовремени фитнес справи.

-Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, па затоа Општина Илинден од сопствениот буџет оддвои средства за реализација на спортската теретана на отворено, а во наредниот период продолжува и понатаму со инвестиции во спортот и спортските терени на нејзина територија, се наведува во соопштението.

притисни ентер