Честите отоци не се секогаш алергија – апел за навремено откривање на ХАЕ кај децата - Канал 5

Честите отоци не се секогаш алергија – апел за навремено откривање на ХАЕ кај децата

25 пациенти во Македонија живеат со наследната состојба ХАЕ или наследен ангиодем што предизвикува отоци на различни делови на телото дланки, лице, усни јазик грло, стомак.

Честите отоци не се секогаш алергија – апел за навремено откривање на ХАЕ кај децата

Оваа состојба се јавува без претходна најава уште во детството, и потсетува и на други заболувања како алергии. Но, честото појавување може да биде аларам за подетални испитувања со цел навреме да се направи редовно земање на терапија и да се има сосема живот без пречки. Наташа Јовановска Поповска има ХАЕ, таа е родена со оваа состојба. Таа е мајка, работи и го живее со полн капциетет. Вели дека во оваа состојба добро е што има лек и контрола на состојбата. Таа е во здржението ХАЕ Македонија. Лекови има редовни и тоа добро скоро 11 години. Она што е загрижувачко е што бројката од 25 дијганостицирани е повиска, но мора родителите навреме да реагираат заедно со матичните лекари доколку нивното дете има често отоци, но и доколку знаат дека во нивната фамилија имало. А отоците пред се во грлото може да се живото загозувачки.

Животот со ХАЕ е предизвик таа имало потешка бременост, но се било навремено регулирано, најтежок период бил кога немало терапија, а останале на нозе и се бореле со семејствата. Родиделите на децата со ваква состојба не треба да се плашат само редовно да ја земаат терпијата.

Сега е важна едукацијата од градинките и на децата дека ХАЕ е тука, но со зборување и едукација може да се помогне како со малата „Лили во видеото“.

Од Здружението се задоволни од лекарскиот тим на детската клиника со докторка хасани и од клиниката за кожни болести каде се зема терапијата, со „апел не секој оток е алерија и навреме да се открие“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски во Кичево: Новата болница е цел, но не чекаме — кичевската болница напредува уште сега

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Општа болница – Кичев

Клековски во Кичево: Новата болница е цел, но не чекаме — кичевската болница напредува уште сега

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Општа болница – Кичево, каде заедно со директорката д-р Маја Цветаноска Трајковска и градоначалникот Александар Јовановски одржа прес-конференција за новата болница и за намената на постојниот објект.

Овој настан е дел од работната посета на здравствените установи во југозападниот регион, која ги опфати и Специјалната болница за нефрологија и Општата болница во Струга.

„Новата болница е наша цел и активно работиме на реализација на овој проект. Но, граѓаните на Кичево и околината не можат да чекаат додека таа се изгради. Затоа, не чекаме — болницата ја зајакнуваме уште сега, со нова опрема, нови услуги и нов кадар“, изјави министерот Клековски.

Министерот ги истакна најзначајните новини во 2025 година, кои за првпат се воведуваат во болницата:

• имунолошки апарат за анализа на тумор-маркери, хормони, Д-димери, срцеви маркери (тропонин) и алерголошки панели;

• гасен анализатор за брза процена на итни и тешки пациенти;

• нов анестезиолошки апарат со капнограф и ново LED операционо светло, а во тек е набавка на видеоларингоскоп и автоклав;

• нов гастроскоп за подобра дијагностика;

• 4 специјализанти и 4 доктори по општа медицина трајно вработени, а за уште 5 специјализанти постапката е во завршна фаза.

„Опрема без кадар не значи ништо, а кадар без опрема не може да работи. Во Кичево ги градиме двете истовремено — за пациентот да добие дијагноза и лекување тука, во својот град, без да патува до Скопје“, истакна Клековски.

Директорката на болницата, Цветаноска Трајковска ја истакна важноста на новата опрема - во радиологијата болницата доби нов дигитален рендгенски апарат, нов дигитален мамограф и ехо-апарат 3D/4D со еластографија, донација од Општина Кичево.

Во РТГ кабинетот во 2025 година се реализирани околу 19.500 прегледи: рендгенски, компјутеризирана томографија, мамографии и ехо-прегледи на дојка.

„Имунолошкиот апарат ,,Siemens ImmuLite 2000 System" ни овозможува анализи кои претходно не можевме да ги правиме во установата, а биохемиската лабораторија годишно опслужува 28.000–30.000 пациенти. Гасниот анализатор EDAN е од особено значење за брза проценка на метаболичкиот и респираторниот статус, особено кај итни и тешки пациенти. Анестезиолошкиот апарат ,,Dräger Fabius plus XL" со капнограф овозможува подетално следење на пациентот за време на интервенцијата, а во оперативниот блок годинава се извршени над 200 хируршки интервенции. Новиот гастроскоп ја подобрува дијагностичката проценка, а со него се направени околу 100 прегледи“, потенцираше директорката.

Градоначалникот на општина Кичево, Александар Јовановски истакна дека кичевчани заслужуваат нова болница и Општината ќе продолжи да дава поддршка за нејзина реализација.

-Веќе покажавме дека даваме поддршка за болницата, со најновата донација на ехо-апарат 3D/4D со еластографија, кој денес им служи на пациентите во Кичево. Сè што е во наша можност, ќе го направиме за граѓаните да добиваат квалитетна здравствена заштита во својот град“, истакна градоначалникот Јовановски, потенцирајќи ја одличната соработка со Министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации

На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата.

Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации

Денеска (02.10.2026) полициски службеници од Полициското одделение Чашка реализираа превентивна активност „Не биди нем сведок“, при што во непосредна комуникација граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, мерките за заштита и за начините како да се препознае психолошко насилство, како и што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на насилство.

Во Кавадарци пак, беше реализирана превентивна активност „Кажи не на дрогата“, со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на девијантни појави. Полициски службеници од СВР Велес и Полициската канцеларија Градско, спроведоа превентивни активности за заштита од кражби и подобрување на взаемната соработка и довербата помеѓу локалната заедница и полициските службеници, во рамки на кои граѓаните се запознаа со начините за зголемување на нивото на нивната лична и имотна сигурност.

На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата и последиците кои може да настанат од возење под дејство на алкохол, при што на возачите им беше потенцирано дека се должни да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и сигурно учество во сообраќајот. Одделението за превенција при СВР Скопје, ПС БПС Штип и Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Скопје, Куманово и Штип, акцентот на превентивните активности го ставија на безбедното учество во сообраќајот на пешаците и возачите на мотоцикли и елктрични тротинети. Во ООУ „Св. Климент Охридски” во Делчево, полициски службеници од ПС Делчево и РЦГР Исток им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно.

Вчера (01.10.2026) во компанијата „Костал“ во Охрид, Отсекот за превенција при СВР Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска помош, како и други служби реализираа показна вежба за евакуација во услови на случен земјотрес и пожар. Вежбата имаше превентивен карактер, со цел координација и заедничко поефикасно делување на тимовите од надлежните служби за брзи и ефективни реакции при земјотреси и пожари и смалување на негативните ефекти од овие појави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„WFP“: Гладот ​​се влошува

Светската програма за храна (WFP) денес објави дека гладот ​​во Јемен се влошува и дека рекорден број луѓе не можат да ги задоволат своите потреби за храна поради ескалацијата на конфликтот во земјата.

„WFP“: Гладот ​​се влошува

Јемен се соочува со најтешката ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и движењето Хути, поддржано од Иран, откако примирјето постигнато со посредство на ОН во 2022 година во голема мера ги запре прекуграничните напади, пренесе Ројтерс.

Обновениот конфликт веќе доведе до раселување на десетици илјади луѓе и би можел да ја промени рамнотежата на силите во Јемен, со последици по поморските патишта во Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб.

Во областите под контрола на владата до кои „WFP“ има пристап, рекорден број луѓе ја изгубиле можноста да ги задоволат основните потреби за храна за само неколку недели.

Три од четири домаќинства прескокнуваат оброци, изјави Метју Холингворт, помошник-извршен директор на „WFP“ за програмски операции.

Околу 10 милиони луѓе живеат во областите под контрола на владата.

„Последиците од ова најново влошување на безбедносната ситуација врз безбедноста на храната се закануваат да бидат апсолутно катастрофални“, им рече Холингворт на новинарите во Женева преку видео-врска од Рим.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер