ЖивотЧешките законодавци го отфрлија барањето за легализирање на истополовите браковиДолниот дом на чешкиот Парламент вчера го отфрли барањето за легализирање на истополовите бракови, јави ДПА.Истополовите двојки во земјата со 10,5 милиони жители можеа да регистрираат граѓанско партнерство од 2006 година. Сепак, паровите не можат заеднички да посвојуваат деца, да поседуваат заеднички имот или да добиваат пензии за вдовци или вдовици. Пратениците вчера се согласија да дозволат заедничко посвојување само доколку еден од партнерите е биолошки родител. Групата „Ние сме фер“ („Jsme Fer“), која води кампања за истополови бракови, на „Х“ напиша дека тоа е „тажен ден за правдата и еднаквоста во земјата“. Во истражувањето на 834 учесници, спроведено од Институтот за истражување ЦВВМ минатата година, 58 отсто од испитаниците биле за воведување брак за сите, 38 отсто биле против, а четири отсто биле неопределени. Во Европската унија, многу земји-членки сега дозволуваат истополови бракови. Претходно во февруари, грчкиот Парламент со големо мнозинство го одобри граѓанскиот брак за истополовите парови, со што стана првата мнозинска христијанска православна земја што го направи тоа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ16 жртви во Ласкарци, укината пресуда.14 жртви во Модуларната болница, нема обвинение. Случај Мазут, вреден 167 милиони евра, запрена истрага. Ова не е случајност. Ова е правосудниот систем кој е поставен од СДС и ДУИ кој и денес ги штити нивните луѓе и интереси. СДС и ДУИ ја загубија власта, но нивните судии и обвинители останаа последната линија на одбрана на системот што го создаваа со години. Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска и Африм Фидани се дел од малкумината судии и обвинители кои грчевито ги штитат од одговорност поранешните функционери на СДС и ДУИ. Кога треба да одговара некој од нивниот круг, предметите се развлекуваат, истрагите се затвораат, а пресудите паѓаат. Тоа е причината зошто граѓаните не му веруваат на правосудството. Почитувани граѓани, Од Ласкарци и Модуларната до случајот Мазут, истата правосудна мрежа ги штити истите политички структури. Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ. Времето на недопирливите мора да заврши. Одговорност мора да има за секого. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГерманка забележала анаконда долга повеќе од два метра при прошетка крај ДунавГерманската полицијата и противпожарната служба соопштија дека една жена открила анаконда долга повеќе од два метра додека шетала покрај реката Дунав, во близина на градот Кирхрот во покраина Баварија. Жената ја забележала огромната змија во тревата на речниот брег и веднаш ги повикала полицијата и својот син. На местото на настанот пристигнале пожарникари од Кирхрот, кои со помош на експерт за влекачи утврдиле дека станува збор за анаконда – вид што потекнува од Јужна Америка, пренесува „Билд“. Со помош на импровизирана опрема, полицајците успеале да ја фатат змијата, која – според пожарникарите – останала мирна и не пружала отпор. „Беше подолга од змиите што обично ги гледаме овде“, изјавила таа пред полицијата, според „Еуроњуз“. Анакондата потоа била однесена во полициска станица, а подоцна и во прифатилиште за влекачи во Минхен, каде што била подложена на стандардни ветеринарни прегледи и карантин. Од прифатилиштето соопштија дека животното во моментов е мирно и во добра здравствена состојба. Експертите сметаат дека анакондата најверојатно избегала од заробеништво, наместо намерно да била пуштена во дивината. Од прифатилиштето напоменуваат дека чувањето анаконди во Баварија е дозволено само во ретки случаи и под строги услови. Анакондите потекнуваат од речните и мочуришните предели на Јужна Америка. Тие можат да достигнат должина од околу шест метри и тежина до 100 килограми, а пленот го убиваат со стегање. Германските власти сега се обидуваат да го пронајдат сопственикот на животното и ги повикаа сите што имаат информации за неговото потекло да стапат во контакт со прифатилиштето за влекачи во Минхен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести39-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34
МакедонијаДиректорот Гоце Димовски во посета на компанијата Витек во ТИРЗ СкопјеСогласно концептот за активна и транспарентна соработка, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Витек во ТИРЗ Скопје, каде оствари средба со директорот на компанијата, Чиријако Ло Конте.Во рамки на посетата, Димовски и Ло Конте разговараа за досегашното работење на компанијата, тековните активности, како и за плановите и можностите за понатамошен развој. Воедно, беше реализирана и обиколка на производствениот погон, при што беше согледан начинот на функционирање на производството, работните процеси и капацитетите со кои располага компанијата. Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ продолжува да биде во постојан контакт со компаниите кои работат во зоните, со цел подобро разбирање на нивните тековни потреби и поддршка на нивните развојни планови. На средбата беше истакнато значењето на континуираната комуникација меѓу Дирекцијата и компаниите во зоните, со цел навремено идентификување на потребите и предизвиците со кои се соочуваат инвеститорите, како и создавање услови за нивно успешно работење и понатамошно инвестирање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести39-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34