Чешкиот претседател се согласи да го назначи Бабиш за премиер - Канал 5

Чешкиот претседател се согласи да го назначи Бабиш за премиер

Два месеци по парламентарните избори, чешкиот претседател Петр Павел се согласи да го назначи десничарскиот популистички победник на изборите и милијардер Андреј Бабиш за премиер, отворајќи го патот за нова влада по неколку недели двоумење.

Чешкиот претседател се согласи да го назначи Бабиш за премиер

Павел во изјава на Х рече дека назначувањето ќе се случи во вторник.

Чешкиот претседател инсистираше Бабиш прво јавно да разјасни како планира да го реши потенцијалниот конфликт на интереси како политичар и сопственик на голема деловна империја со повеќе од 250 компании кои имаат корист од субвенциите на ЕУ.

Во видео на социјалните мрежи, Бабиш рече дека ќе го пренесе својот холдинг „Агроферт“ на труст кој ќе биде управуван од независен администратор.

- Одлучив неповратно да ја предадам компанијата Агроферт и да немам ништо повеќе со неа, рече 71-годишниот бизнсисмен, додавајќи дека средствата ќе преминат на неговите деца само по неговата смрт.

За време на неговиот прв мандат меѓу 2017 и 2021 година, Бабиш исто така ги довери своите компании на фонд, потег што подоцна го укина.

Критичарите ја доведуваат во прашање веродостојноста на овој потег. Премиерот во заминување Петр Фиала рече дека се надева оти Бабиш „барем овој пат ќе го исполни тоа што ѝ го ветува на јавноста“, додека други го отфрлија предложениот труст како „козметичко решение“.

Бабиш веќе потпиша коалициски договор со две десничарски партии-Партијата на моторџиите и анти-НАТО и партијата Слобода и директна демократија (СПД) на новиот претседател на парламентот, Томио Окамура која е критички настроена кон ЕУ.

Заедно, трите партии контролираат 108 од 200 места во Претставничкиот дом, помоќниот од двата дома на законодавниот дом.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од намерата за манипулација со 200 илјади гласови од дијаспората

Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од обидите за изборен инженеринг и манипулација со над 200.000 гласови од дијаспората. 

СДСМ: Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од намерата за манипулација со 200 илјади гласови од дијаспората

Откако им пропадна шверцерскиот обид за електронско гласање, без било каква контрола, сега се обидуваат да наметнат гласање по пошта, повторно без никаква контрола и безбедносни гаранции за слободната волја на граѓаните.

На Мицкоски не му е важна реформската агенда, тоа му е само параван за изборен грабеж.

Лага е дека СДСМ е против гласањето на дијаспората, бидејќи иселениците гласаат и сега. Ние сме против модел кој отвора врата за изборен грабеж и манипулација со гласовите на 200 илјади граѓани од дијаспората.

Власта категорично одбива ДИК со консензус да ги регулира овие процедури. Ако целта им е фер избори, зошто бегаат од механизми за контрола и доверба во процесот?

СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, власта треба да се повлече од овие намери и да достави нов предлог каде ДИК со консензус би да го регулира гласањето на дијаспората.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЕ: Продолжен рокот за државната поддршка-граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

Продолжен рокот за државната поддршка – нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

МЕ: Продолжен рокот за државната поддршка-граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со мерките што директно им помагаат на граѓаните да инвестираат во поекономично, поефикасно и почисто греење.

Во „Службен весник“ е објавена Програмата за изменување на Програмата за поттикнување за снабдување со гас во домаќинствата за 2026 година, со која рокот за аплицирање за финансиска поддршка се продолжува до 31 октомври 2026 година.

Со оваа одлука, Министерството отвора дополнителна можност за сите домаќинства кои сè уште не успеале да аплицираат, да ја искористат државната поддршка и да добијат до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци за приклучок на природен гас или за набавка на котел на гас.

За реализација на мерката се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување.

Продолжувањето на рокот е донесено со јасна цел – што поголем број граѓани да добијат можност да ја искористат оваа мерка и да ги намалат трошоците за греење, истовремено користејќи почист и поефикасен енергенс.

Право на аплицирање имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на гас за објект што веќе бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. Домаќинството може да поднесе едно барање.

Министерството ги повикува сите заинтересирани граѓани навремено да ги поднесат своите барања согласно условите од јавниот оглас. Повеќе информации има на сајтот на министерството – www.energy.gov.mk

По завршувањето на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа доставените апликации, а финансиската поддршка ќе биде исплатена на сите корисници кои ги исполнуваат пропишаните услови.

Поддршката на граѓаните, подобрувањето на енергетската ефикасност и создавањето поквалитетни услови за живот остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Преку вакви мерки, Министерството продолжува да води политики што носат директна корист за семејствата и придонесуваат кон посигурна, почиста и поодржлива енергетска иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски ќе информира за проширувањето на позитивната листа на лекови

Денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски  ќе информира за  проширувањето на позитивната листа на лекови, со цел отстранување на дилемите поврзани со нејзината примена во пракса.

Клековски ќе информира за проширувањето на позитивната листа на лекови

Клековски кој е кандидат за министер за здравство во телевизиско гостување вели дека заедничките служби на клинички должат 35 милиони евра, а Клиниката за онкологија, како што рече, е најголем должник меѓу клиниките.

– Реалноста е дека долгови има. Најголем должник е Клиниката за онкологија и тоа е наследен долг – мислам дека е околу една милијарда денари. Меѓутоа, кога ќе земете дека буџетот на онкологија сега е пет милијарди, не зборувам за нешто со што не може да се управува. Значи, една милијарда долг звучи многу, меѓутоа севкупниот буџет на клиниката е пет милијарди и како таков тој е 20 отсто од буџетот на клиниката, изјави Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер