Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?
2Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?
РакометЧервар: На моите млади ракометари е да се претстават во најдобро можно светлоМакедонското дерби Вардар – Металург во ракометната СЕХА лига доаѓа во незгодно време за „металурзи“, бидејќи тие дури вчера вечер се вратија од тешкото гостување во Норвешка. Пред денешното соочување лидерот во СЕХА, тренерот Лино Червар го потенцираше заморот од долгиот пат од Норвешка. - Натпреварот со Вардар доаѓа во незгоден момент за нас, бидејќи пред само еден ден имавме тешка гостинска средба со екипата на Елверум, па моите ракометари во голема мера се уморни. Сепак, овој дуел има големо минато и секогаш е интересен за љубителите на ракометот во Македонија. Вардар е апсолутен фаворит, а на моите млади ракометари е да се претстават во најдобро можно светло, изјави Червар. Натпреварот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот и 45 минути.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаКФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – КипарЦена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.Кошаркарската федерација на Македонија како организатор на натпреварот Македонија - Кипар, кој е дел од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката можат да обезбедат влезни билети преку онлајн сервисот „МКТикетс“. Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Натпреварот Македонија – Кипар, ќе се игра на 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКлековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторатМинистерот за здравство, Сашо Клековски денеска оствари средба со д-р Димитар Ангелески, кој е именуван за нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Д-р Ангелески е специјалист ортопед кој своите студии ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа завршил и специјализација од областа на ортопедија. Во својата професионална кариера работел во Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, а ја извршувал и функцијата директор на Медицинскиот симулациски центар. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а со тоа и од новиот директор очекувам да ја зајакне улогата на инспекторатот во заштита на јавното здравје, што е можно побрза и повидлива инспекција на терен со доследна примена на прописите, како и континуирана отчетност и транспарентност во работата. Упатувам и благодарност на досегашниот директор д-р Кирил Лазов за работата и професионалниот ангажман, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваГолем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во ГрузијаМакедонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на престижниот меѓународен избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој изминатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија.Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска, која со својот настап, харизма и елеганција оствари значаен успех, освојувајќи ја титулата трета придружничка. Одличен пласман забележа и македонскиот претставник во машка конкуренција, Јасмин Мустафоски од Охрид, кој се закити со две титули – четврти придружник и најдобар фотомодел (Best Photo Model). На годинешното издание на Miss & Mister Planet, титулата во женска конкуренција ја освои претставничката на Романија, додека во машка конкуренција победи претставникот на Индија. Катарина и Јасмин се членови на Модното студио „Црнокрак“, кое е официјален носител на лиценцата за Македонија за овој престижен светски избор за убавина. Со освоените три титули, македонските претставници уште еднаш го потврдија потенцијалот на домашната модна сцена, успешно претставувајќи ја Македонија на меѓународно ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter