Червар: Македонија живее за ракометот - Канал 5

Червар: Македонија живее за ракометот

Тренерот на македонскиот ракометен вицепрвак Металург, Лино Червар имаше многу причини за задоволство по натпреварот со рускиот шампион.

Червар: Македонија живее за ракометот
Металург вчеравечер го совлада Чеховски Медведи (31:24) и со пет победи и десет освоени бодови на 3.место ја заврши сезоната во Ц-групата од Лигата на шампионите.

- Мислам дека заслуживме да бидеме трети во групата и според освоените бодови и според прикажаната игра. Ова е наш најдобар пласман во овие две години. Што се однесува до играта, бевме трпеливи, брзо се одвоивме и, помалку или повеќе, во текот на целиот меч ние го диктиравме темпото. Ова е победа на тимот. Може некој да се истакне, но на крајот од сезоната во Лигата на шампионите, честитките одат на целиот тим . А честитки заслужува нашата публика. Македонија навистина живее за ракометот, рече Лино Червар на прес-конференцијата по натпреварот.

На дуелот со рускиот првак се осврна и пивотменот Жарко Пешевски.

- По победата во СЕХА-лигата, против Загреб, се обидовме да останавме на земја, Цела недела се договаравме како со мирни глави да излеземе и да го добиеме мечот. Ако не победевме денеска ќе бевме последни и ќе немаше никаков напредок во однос на лани. Дадовме се од себе, а, како и секогаш, имавме огромна поддршка од нашата публика, ги оставивме срцата на терен и победивме“, изјави Жарко Пешевски. /МИА


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – Пупи

По години посветени на стајлингот и модниот израз, Милена Танасковска – Пупи го претстави својот прв моден проект – колекцијата „MUSE”. 

„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – Пупи

Настанот се одржа на 16 октомври, во просторот на URMA Concept store, каде посетителите имаа можност одблиску да го запознаат новото креативно поглавје на Пупи.

„MUSE“ е природно продолжение на нејзиниот досегашен професионален пат, но и чекор кон поавторски моден израз. По долгогодишното искуство во создавањето и обликувањето стилски приказни, Пупи за првпат го преточува својот сензибилитет во сопствена колекција, во која модата станува начин за изразување став, индивидуалност и лична естетика.

Зад брендот PUPI стои идејата за мода создадена со личен пристап, надвор од концептот на масовно производство. Секое парче се изработува по нарачка, од висококвалитетни природни материјали, со можност за индивидуален избор на ткаенина и боја, како и прилагодување според мерките на клиентот. На овој начин, секоја креација добива лична димензија, а процесот на создавање станува исто толку важен колку и финалниот изглед.

Визуелната приказна на колекцијата е инспирирана од Париз – неговата безвременска елеганција, урбаниот ритам и ненаметливиот шик.

Соработката со URMA Concept Store ја поставува колекцијата во простор што ја обединува модата со концептуалниот пристап кон стилот и современото купувачко искуство. За презентацијата беше подготвен и ограничен избор парчиња, достапни ексклузивно на 16 октомври, со што настанот доби карактер на внимателно курирано модно доживување.

Со „MUSE“, Милена Танасковска – Пупи отвора ново поглавје во својата креативна приказна, претворајќи го долгогодишниот интерес за модата во сопствен бренд со јасна естетика и индивидуален пристап. PUPI е посветен на жената која ја цени автентичноста и не се стреми да биде обична, туку да го пронајде сопствениот израз преку парчиња создадени токму за неа.

Настанот беше поддржан од Play All Day Cafe.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петти ден насилни протести во Тирана

Вечерва тензично и во Тирана, каде што петти ден по ред студентите и граѓаните протестираат на улиците на Тирана. 

Петти ден насилни протести во Тирана

Според албанските медиуми, до жестоки судири дошло пред министерството за образование и владата, каде што полицијата употребила солзавец, водени топови, а според некои информации, и гумени куршуми.

Полицијата привела 167 лица, а тензиите од главниот град се прелеаја и во неколку други градови. Протестите се поттикнати од незадоволството поради наводната корупција во владата, недостигот од работни места и ниските стандарди во образованието. Демонстрантите воедно бараат оставка од премиерот Еди Рама.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маѓар се согласи, ќе дозволи транзит на украинско жито

Унгарскиот премиер Петер Маѓар денес изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од соседните земји Полска, Романија, Словачка и Унгарија да дозволат транзит на украинско жито поради блокадата на Црното Море.

Маѓар се согласи, ќе дозволи транзит на украинско жито

Маѓар, кој вчера се согласи да ги обнови односите меѓу Украина и Унгарија на билатералната средба со Зеленски, рече дека нема да се спротивстави на таквата мерка ако украинските пратки жито минуваат само низ Унгарија, објави „RTL.hu“.

Украина имаше тешкотии со извозот на жито по море поради руските напади врз нејзините пристаништа на Црното Море, па затоа пренасочува дел од своите земјоделски производи кон копнени патишта преку соседните земји.

Сепак, капацитетот на овие патишта е ограничен и не може целосно да го замени поморскиот извоз.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер