РакометЧервар и Мојсовски победата ја посветија на сите МакедонциИ подаривме на публиката еден голем подарок како благодарност за поддршката. Покажавме дека вредиме многу повеќе, отколку што некои мислеа пред овој дуел. Победивме една екипа која е богата со играчи кои имаат многу медали од големите натпреварувања. Покажавме дека заедно можеме против секого. Драго ми е кога ќе не прежалат, а ние ќе покажеме колку вредиме, истакна тренерот на Металург Лино Червар на прес-конференцијата веднаш по победата над Пари Сен-Жермен.Хрватскиот стручњак на клупата на металурзи нагласи дека на полувреме успеал да им влее дополнителен мотив на своите играчи и дека тоа бил клучниот момент за големиот триумф. - Не е лесно да се игра против шампионски тим како ПСЖ. На почетокот ги респектиравме малку повеќе, но на полувреме ги советував моите играчи да веруваат во себе и да одржуваме приклучок, а на крај срцето ќе победи. И навистина победи големото срце на Металург, рече Червар. Тој не сакаша да издвојува поединци и, како што рече, сите играчи беа фантастични. За Наумче Мојсовски големата желба за успех пресуди во неизвесниот финиш бодовите да останат во Скопје. - Заслуживме да победиме. Покажавме срце, инает, упорност и на крај се радувавме. На полувреме тренерот не мотивираше со еден говор, кој поттикна голема самодоверба и верба дека можеме да победиме. Оваа победа ја посветуваме на нашите навивачи и на цела Македонија, изјави популарниот „Мојсо“ и упати голема благодарност до навивачите присутни во арената „Борис Трајковски“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКако социјалните мрежи влијаат на појавата на депресија кај тинејџерите?Социјалните мрежи станаа еден од најважните фактори за појава на депресија и проблематични психолошки состојби кај помладата популација.Депресијата се јавува почесто во средини со повисоко ниво на цивилизација, а динамичниот начин на живот, императивот за користење и подобрување на новите технологии бара побрзо и пофлексибилно прилагодување на поединецот и разумно балансирање помеѓу реалниот и дигиталниот свет. Ова кај тинејџерите може да биде голем товар и причина за бегство во виртуелниот свет. Затоа психолозите сè почесто препорачуваат деца на возраст под 14 години да не ги користат социјалните медиуми. Тинејџерки под напад Социјалните медиуми можат да бидат корисни ако се користат умерено и со цел, со постојано напомена на децата дека не мора сè што се случува таму да биде реално. Ваквата перцепција од страна на тинејџерите може да биде проблематична и затоа не е ни чудно што прекумерното време што децата го поминуваат на социјалните мрежи е една од важните причини за развој на депресивни состојби. Истражувањата покажуваат дека депресијата се јавува почесто кај девојчиња отколку кај момчиња. Психолозите истакнуваат дека социјалните мрежи често испраќаат погрешна порака за тоа како би требало да се живее, каква облека е пожелно да се носи, се објавуваат фотографии кои даваат искривена и честопати неприродна идеална естетска слика. Се објавуваат статуси што покажуваат што е потребно за квази-среќен живот, се инсистира на забави, патувања, одење во скапи ресторани, се сугерираат и се пласираат како пожелни одредени модни брендови кои агресивно се рекламираат на социјалните медиуми. Сето ова кај тинејџерите, кај емоционално незрелата популација поттикнува потреба да создадат лажна слика за нивниот живот, очекувајќи при тоа реакции преку лајкови, восхит, позитивни коментари, а доколку замислениот задоволителен број изостане, се јавува чувство на тага, незадоволство, губење на самодовербата и повлекување, што е бавен, но сигурен пат до депресија. Според некои истражувања, за најпопуларна, но и најопасна социјална мрежа важи Инстаграм, а потоа следи Snapchat и Тикток. Колку социјалните мрежи може да бидат опасни говори и тоа што на социјалната мрежа Инстаграм постоеше група во која се поставуваа фотографии од тинејџери кои не ги исполнуваат стандардите на маркирана облека, а покрај тоа следува и потсмев што води до чувство на незадоволство и неприпадност на одредена „популарна“ групација. Чувство на изолација и осаменост Употребата на социјалните мрежи само по себе ја зголемува изолацијата и води кон физичка осаменост во која корисникот си е доволен сам на себе со своите „пријатели“ на мрежата. Психолозите предупредуваат дека овој факт е само врв од ледениот брег, бидејќи за вистинска поврзаност, на сите луѓе, а особено на децата и тинејџерите, е потребна интеракција „лице в лице“, тоа го зачувува менталното здравје и ја потврдува личноста како социјално битие. Познато е дека најдобриот лек за симптомите на депресија и анксиозност е личниот контакт со луѓе кои ни значат и на кои им значиме, бидејќи така се развива доверба и сигурност Разговор, следење на содржини и ограничување на пристапот до мрежи Сепак, семејните терапевти и психолози советуваат деца пред 14 г. да не користат социјални мрежи бидејќи не се доволно ментално зрели за ваков предизвик. Тие препорачуваат родителите да ги следат содржините што ги користи детето, да разговараат со него, да ги предупредат за бројните замки на социјалните мрежи, но и да ги истакнат добрите страни, како што се контакт со роднини и пријатели од странство, на пример, и споделување едукативни содржини. Исто така е важно да се ограничи времето поминато на социјалните мрежи бидејќи истражувањата покажуваат дека тинејџерите кои користат дигитални уреди повеќе од пет часа на ден имаат за 70 % поголем ризик од самоубиство, што секогаш произлегува од депресија и чувство на незадоволство. Доколку забележите повлекување во себе кај вашето дете, раздразливост, чести промени во расположението што траат повеќе од една недела континуирано, треба да побарате стручен совет и помош. Родителите, за жал, некогаш доцна стануваат свесни за фактот дека претераното користење Интернет и мрежи не само што го довело детето до депресија туку и создало зависност. Во ситуација кога родителите не можат со договор да го ограничат времето поминато на социјалните мрежи, тие се принудени да го блокираат пристапот до одредена содржина, мрежи или да го ограничат времето. Сепак, ова е само привремено решение и бара и отворен разговор и, по можност, консултација со психотерапевт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваХрватската пејачка Жанамари повторно „ги запали“ мрежитеАтрактивната хрватска пејачка Жанамари повторно го привлече вниманието на своите следбеници на Инстаграм, објавувајќи провокативни фотографии од плажа.На фотографиите таа позира во бикини додека излегува од морето, а со објавата сподели и кратка, духовита порака: „Тој ми ги испрати овие. Јас реков – Ти благодарам. Тој рече – Ти благодарам ТЕБЕ! Како се вика?“ Заедно со објавата, таа ги додаде хаштаговите #beachbody, #bikini и #papped, алудирајќи дека фотографиите се направени спонтано, како папарацо фотографии. За кратко време, објавата собра повеќе од две илјади лајкови и бројни комплименти во коментарите, каде што следбениците редеа емотикони од оган, срца и аплауз, фалејќи го нејзиниот изглед. Жанамари успеа да привлече многу внимание и претходно со своите објави за костим за капење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Шоу бизФото: Поранешната кралица на филмовите за возрасни без филтерПоранешната кралица на филмовите за возрасни, Џена Џејмисон, ги изненади своите следбеници на Инстаграм со фотографија без филтер, што го симболизира нејзиниот нов почеток во животот.Провокативната Џена Џејмисон, поранешната ѕвезда на порно индустријата, ги изненади своите следбеници објавувајќи фотографија без никакви корекции на Инстаграм. На фотографијата, направена од близу и од висок агол, Џејмисон лежи во кревет и гледа директно во камерата со неутрален израз на лицето. Русата коса ѝ е врзана во висока, разбушавена пунџа со голема ластичка со леопард-дезен. Носи тенка маичка со цветен дезен, а на лицето и деколтето јасно ѝ се гледаат пегите, додека доаѓаат до израз и бројните тетоважи на нејзините рамења. Во описот, таа кратко и јасно напиша: „Без филтри, како противтежа на мојата огромна љубов кон уредувањето фотографии“. Оваа објава не е само уште едно селфи по ред, туку се чувствува како силна порака што одговара на нејзините неодамнешни животни пресврти. Џејмисон, која изгради империја како една од најпознатите ѕвезди во индустријата за возрасни, а подоцна и како успешна бизнисменка, се соочи со големи предизвици во последните години. Нејзината јавна борба со мистериозна болест што ја остави привремено неподвижна во 2022 година и бурниот приватен живот што кулминираше со развод од сопругата Џеси Лолес во февруари 2025 година ја поттикнаа да направи длабока интроспекција. По разделбата, Џејмисон јавно го објави своето враќање во христијанската вера, зборувајќи за патот на „раст и искупување“. Затоа, нејзината одлука да го покаже своето вистинско лице, без дигитални подобрувања, делува како симболичен чекор на патот кон самоприфаќање и нов почеток.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07