Червар и Лазаров едногласни, најважни се победата и бодовите - Канал 5

Червар и Лазаров едногласни, најважни се победата и бодовите

Македонската ракометна репрезентација со победа ги почна квалификациите за Европското првенство 2018 во Хрватска.

Червар и Лазаров едногласни, најважни се победата и бодовите
Вчеравечер совладана беше Украина со 27:21, а по дуелот селекторот Лино Червар и капитенот Кирил Лазаров со сличен став на прес конференцијата.

- Полесно е кога ќе почнеме со победа. Квалификациите се секогаш нешто посебно, задоволен сум од резултатот. Важни се само победата и двата бодови. Тргнавме добро, но, потоа одбраната од 6-0 не играше добро. На крајот бевме најдобри, а охрабрува што и новите играчи се зрели. Против Чешка ќе биде друга приказна. Треба да отспиеме и да се подготвиме. Благодарност и до публиката која не поддржа и кога не ни одеше, изјави Червар.

Капитенот Кирил Лазаров, истакна:

- Благодарност до публиката. Салата беше скоро полна во работен ден. Украина беше потценета, но јас сметам дека тоа е тим кој може да направи изненадување. Не триумфиравме лесно, но два бода се два бода. Знаеме што не чека во Чешка. Таму треба да играме мудро за да дојдеме до позитивен резултат.

„Црвено-жолтите“ денеска ќе тренираат во Скопје, а утре заминуваат за Чешка, каде во Плзен ќе имаат еден тренинг во попладневните часови. Натпреварот ќе се игра в сабота. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топлотниот бран во Европа однесе најмалку 18 животи, издаден е црвен аларм

Најмалку 18 лица починаа во Франција, вклучувајќи две деца кои беа оставени во загреан автомобил, бидејќи топлотен бран ја погоди Европа и ги собори рекордите за температура во неколку градови.

Топлотниот бран во Европа однесе најмалку 18 животи, издаден е црвен аларм

Училиштата низ Франција се затворени или работат по изменет распоред, додека метеоролозите во Велика Британија предупредуваат дека рекордите за температура во јуни би можеле да бидат соборени оваа недела.

Температурите во Бордо, во западна Франција, достигнаа 41,9 степени Целзиусови, соборувајќи го рекордот поставен минатиот август. Во Поатје, во централна Франција, беа измерени 41,2 степени.

Во Сан Себастијан, во традиционално постудениот север од Шпанија, се очекува температурите да достигнат 40 степени, повеќе од двојно од историскиот просек за 22 јуни.

Европа се затоплува двојно побрзо од остатокот од светот

Извештајот на Светската метеоролошка организација објавен во април покажа дека Европа се затоплува повеќе од двојно побрзо од глобалниот просек.

Службите за итни случаи не беа во можност да реанимираат две деца, на возраст од две и четири години, кои беа пронајдени во несвест во автомобилот на нивната мајка пред семејниот дом, изјави обвинителот во Карпентрас во југоисточна Франција.

„Три постари лица, на возраст меѓу 80 и 95 години, починаа за време на викендот во регионот Бордо поради здравствени компликации предизвикани од топлотниот бран“, изјави локален функционер.

Портпаролот на француската цивилна заштита, Жером Буланже, ги повика луѓето да пливаат само во области под надзор на спасувачи откако беа пријавени 13 давења.

Велика Британија би можела да постави јунски рекорд

Топлотниот бран што зафати големи делови од Европа е познат како „Омега блок“ поради неговата форма, која наликува на грчката буква омега - со маса топол воздух во средината и постуден воздух од двете страни.

„Топлиот воздух доаѓа од Северна Африка, или Сахара, и се движи многу бавно. Затоа имаме толку интензивна топлина“, објасни Клер Барнс, истражувач за екстремни клими на Империјал колеџ во Лондон.

Британската Национална метеоролошка служба соопшти дека четиридневниот топлотен бран би можел да ги зголеми температурите над 39 степени Целзиусови во некои области, со што ќе го сруши јунскиот рекорд поставен во 1957 и 1976 година. Само пред неколку недели, Велика Британија веќе го сруши својот температурен рекорд за мај.

Според прелиминарните податоци од Метео Франс, Париз би можел да ја забележи и највисоката јунска температура досега, со очекувани 38,4 степени Целзиусови.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ребалансот на буџетот денеска на владина седница, ќе има зголемување на буџетскиот дефицит

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најави дека е планирано ребалансот на буџетот денеска да се разгледува на владина седница.

Ребалансот на буџетот денеска на владина седница, ќе има зголемување на буџетскиот дефицит

Од она што можеше да го сподели со медиумите, рече дека ќе има корекција на буџетскиот дефицит, односно негово зголемување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер