СДСМ: Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласови
Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица
1СДСМ: Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласови
2Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лица
РакометЧервар: Една ипол година не сум земал плата ,а за ракометарите сум предавник Искусниот тренер на македонскиот ракометен шампион Металург Хрватот Лино Черва по штрајкот на ракометарите на Металург која за сите лоши работи во клубот го обвинија токму него својот став за случувањата во клубот го објави во хрватскиот јутарњи лист.Во изјавата за весникот Червар истакнува дека секогаш максимално се залагал за доброто на ракометрите и бил изненаден и шокиран од нивниот заеднички став дека тој е виновен за случувањата во клубот. Дека бил издајник кој намерно ги губел мечевите и секогаш го гледал својот интерес и не се гриѓел за ракометарите. „Кога тоа се случи во средата бев навистина шокиран и во тие околности не можев да давам изјави и да зборувам. Обвинет сум дека ги гледам своите интереси, а јас како тренер правев се играчите да ги добијат заработените пари. Повеќе гледав на нив отколку на себе. Мене ме нападнаа дека ги гледам само своите интереси, а јас година и пол не сум земал плата и продолжив да работам за доброто на клубот. Ова ќе остави силна трага која никогаш нема да зарасне. Со овој клуб освоив пет трофеи и сме меѓу осум најдобри клуба во Европа. Се прашувам само како сето тоа сме го направиле ако јас продавав натпревар“ – изјави во интервјуто за Јутарњи лист Лино Червар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРеконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието08:56 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Реконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието08:56
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
МакедонијаСДСМ: Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласовиПо насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Сега сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови.Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола. Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред гласање – дури и отпечаток од прст, проверка на документи, потпис во избирачки список, Мицкоски сака да има апсолутна можност за кражба преку гласање на далечина. Зборуваме за ВМРО, партијата која знаеме како ги местеше изборите во времето на Груевски. Сега неговиот најдобар ученик сака да го унапреди системот на својот ментор. Граѓаните се сеќаваат дека во декември беше покрената истрага во Америка поради кражба на гласови. Истрагата покажа дека серверите кои учествувале во кражбата биле во сопственост на српска фирма и бизнисмени блиски до Вучиќ и СНС. Сите знаеме за односите меѓу Вучиќ и Мицкоски, за нивната „братска“ врска и сестринските партии. Знаеме за користење на истата бот-платформа и фарми на тролови за влијание на социјалните мрежи. Знаеме и за 40 отсто од медиумите во Македонија кои се во сопственост на нивниот „голем брат“ Орбан, а во служба на ВМРО и Мицкоски. Знаеме и за Латас, кој е главниот човек за медиуми и уредувачка политика во име на Мицкоски. Знаеме и за најновите желби и упорност на Мицкоски да ги протурка дата- центрите во Македонија, иако се на штета на екологијата и со ненормална потрошувачка на струја која може да доведе до проблеми со снабдувањето на домаќинствата. Знаеме и кој се занимава со увоз на струја со својот бизнис партнер од Србија, почесниот конзул. Сега сè е познато. И прашањето е јасно: Дали овие се доволни причини СДСМ да не дозволи ваквиот закон да помине? Мицкоски може да најавува повлекување, но на сите им е јасно дека човекот нема таква идеја. Како што ги укина потпретседателите во ВМРО, така управува и во Владата. Целосен авторитаризам, на кој му е потребно и гласање на копче. За неговиот лагоден живот и луксуз му е неопходна власта. Само додека е на власт може да оди и на море, без да го болат колената. Скопје, 02.07.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта, загинаа најмалку 10 лицаРуските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, при што загинаа најмалку 10 лица, соопштија официјални лица.Неколку населби беа евакуирани откако беа нападнати станбени згради низ градот, неколку часа откако украинскиот претседател Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за „масовен“ напад. Деца беа меѓу „значајниот број“ жртви, рече Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на киев.„непријателот повторно намерно ги таргетира станбените области и убива цивили“ рече тој . Руското министерство за одбрана тврди дека ги таргетирало енергетските објекти како одговор на неодамнешните украински напади.Тагови: русија Украинка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРеконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието08:56 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Реконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието08:56
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
МакедонијаПремиерот мицкоски во посета на Општина НеготиноПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Неготино каде ќе ја пушти во употреба реконструираната улица „29 ноември“ и ќе изврши увид во Градежните активности за изградба на кружен тек на спојот на улицата „Маршал Тито“ со улиците „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook