Челзи сака да го замени Симонс за Нкунку во Лајпциг - Канал 5

Челзи сака да го замени Симонс за Нкунку во Лајпциг

Фудбалерот од средниот ред на Лајпциг, Чави Симонс, би можел да ја продолжи кариерата во Челзи.

Челзи сака да го замени Симонс за Нкунку во Лајпциг

Според „Гардијан“ лондоснките „Сини“ преговараат за можна размена на 22-годишниот Холанѓанец за напаѓачот Кристофер Нкунку, кој веќе играше за германскиот тим.

Во сезоната 2024/25, Симонс одигра 33 натпревари, постигнувајќи 11 голови и осум асистенции.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар се прости од Бразил: Веќе не сакам да се борам за жолтиот дрес

Нејмар, еден од најголемите бразилски фудбалери, официјално потврди дека повеќе нема да игра за репрезентацијата. 

Нејмар се прости од Бразил: Веќе не сакам да се борам за жолтиот дрес

Одлуката ја објави 34-годишниот напаѓач по победата на неговиот Сантос против Универсидад Централ со резултат од 4:2.

Збогум по 130 настапи

Во емотивна изјава, Нејмар рече дека дал сè за дресот на својата земја. „Моето време во репрезентацијата заврши. Напишав историја, бев многу среќен, ја дадов мојата крв, мојот живот и секогаш се борев за жолтиот дрес, но сега повеќе не го сакам тоа“, рече тој.

Тој ја напушта репрезентацијата како нејзин најдобар стрелец во историјата со 80 гола во 130 настапи. Последен пат играше за Бразил на Светското првенство во 2026 година, каде што репрезентацијата беше елиминирана во осминафиналето со пораз од Норвешка со 2:1. Нејмар постигна гол од пенал во тој натпревар, но не можеше да спречи испаѓање и го напушти стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси во солзи.

Реакција на обвинувањата во клубот

Фудбалерот се осврна и на медиумските написи според кои ги навредил помладите соиграчи Габриел Буонтемпо и Жоао Ананијас по ремито на Сантос против Чапекоенсе. Тој категорично ги отфрли таквите тврдења.

„Тажно е и ме лути, но не е моја вина. Ваквите приказни допираат до многу луѓе. По натпреварот, само реков дека мора да се подобриме и дека не треба лесно да губиме бодови“, рече Нејмар.

Тој додаде дека како капитен има право да ги посочи грешките на тимот. „Реков дека ќе им се вратиме следната година, ако разбирате што мислам. Како капитен имам целосно право да го кажам тоа. Лукас Верисимо и Габигол го кажаа истото“, заклучи тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници фанови се собраа на концерт во Вела Лука во чест на Оливер Драгојевиќ (ВИДЕО)

Во Вела Лука започна концерт за Оливер Драгојевиќ, по повод годишнината од неговата смрт.

Илјадници фанови се собраа на концерт во Вела Лука во чест на Оливер Драгојевиќ (ВИДЕО)

Според организаторите, настанот „Трага во бескрајот“ собра 30.000 луѓе.

Програмата ја отвори Петар Грашо. „Верувам дека нè гледа во оваа ноќ на полна месечина“, рече Грашо, а потоа ја отпеа „Моје прво пијанство“.

Кој настапува?

Централниот дел од настанот, концертот „Трага на крајот“, се одржува вечерва на пловечката сцена пред кејот во родната Вела Лука. Песните на Оливер ќе ги изведат Петар Грашо, Зорица Конџа, Нина Бадриќ, Матија Цвек, Ивица Сикириќ Иќо, Јаков Јозиновиќ, Марко Тоља, Ива Ајдуковиќ, Инес Тричковиќ и Клапа Ошјак. Концертот ќе биде емитуван во живо од Хрватската радио и телевизија, а по емитувањето програмата ќе продолжи со бендот „Анте Гело“.

@hypetelevizija.hr Sve je spremno za veliki koncert posvećen Oliveru Dragojeviću u Veloj Luci. Publika koja će događaj pratiti sa svojih plovila već se usidrila u luci i nestrpljivo čeka prve taktove poznatih melodija. Na pontonu na velolučkoj rivi nastupaju Nina Badrić, Tedi Spalato, Marko Tolja, klapa Šufit, Petar Dragojević, Marko Škugor, Dino Jelusić, klapa Kaše, Eli Žuvela, Antonio Serrano, Miroslav Tadić, Vlatko Stefanovski, Yvette Holzwarth i Ante Gelo ansambl. Biste li radije Oliverove pjesme slušali na barci ili na rivi s ostalima? Napišite nam u komentar. 📹: Čitatelj #hypetv #hypetvhr #hrvatska #velaluka #oliverdragojevic ♬ izvorni zvuk – HYPE TV HR - HYPE TV HR

Овогодинешниот настан започна во недела со концерт на бродот „Јадролинија“, каде што настапија Марко Тоља, Ива Ајдуковиќ и Марио Павлиќ, во придружба на бендот „Анте Гело“. Во вторник, во Ѓардино се одржа концерт насловен како „Младите пеат за Оливер!“, а подоцна истата вечер во атриумот на Културниот центар, книгата „Оливер - Сите нежни зборови на светот“ чиј автор е проф. д-р Зоран Цуриќ.

Програмата продолжува и во наредните денови. Во четврток, на пазарот пред црквата „Свети Јосип“ ќе се одржи концертот „Пријатели од балонот“, каде што ќе настапат Дражен Зечиќ, Ален Нижетиќ, Џулијано, Хари Рончевиќ и Перо Пањковиќ. Настанот завршува во петок со концерт на Нина Бадриќ и акустичниот оркестар „Анте Гело“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две лица спасени од Охридското Езеро- возеле СУП даски на силен ветер

Со брза реакција езерската полиција спаси две лица во водите на Охридското езеро кои пловеле со даски и поради силниот ветер неконтролирано се оддалечувале од брегот.

Две лица спасени од Охридското Езеро- возеле СУП даски на силен ветер

Вчера (28.07.2026) во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во Охрид било пријавено дека две лица кои со „СУП“ даски пловеле во водите на Охридското езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош. Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се обидувале да го одржат пловењето и барале помош. Полициските службеници веднаш пристапиле и презеле мерки за нивно безбедно префрлање на полициските чамци, по што констатирале дека се работи за Е.С.(19) и И.А.(18), двете од Охрид, кои поради нагло влошување на временските услови со силен ветар и големи бранови, со даските се повеќе се оддалечувале и не биле во можност да се вратат на брегот. Тие безбедно биле пренесени во просториите на езерската полиција.

Со цел зголемена безбедност на вода, СВР Охрид и езерската полиција упатуваат апел до сите капачи и корисници на „Суп“ даски или педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони и да ги почитуваат безбедносните мерки, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер