Чехот Забустран сензационален победник на супервелеслаломот во Вал Гардена - Канал 5

Чехот Забустран сензационален победник на супервелеслаломот во Вал Гардена

Чешкиот скијач Јан Забустран е сензационален победник на супервелеслаломот што денеска во рамки на Светскиот куп се одржа на патеката Саслонг во италијанскиот центар Вал Гардена.

Чехот Забустран сензационален победник на супервелеслаломот во Вал Гардена

Кога речиси сите мислеа дека најдобриот скијач на денешницата, 28-годишниот Швајцарец Марко Одермат, ќе победи втор ден по ред во супервелеслаломот во Вал Гардена, 27-годишниот Чех се појави на стартот со реден број 29 и ја мина патеката долга 2.415 метри со најдобро време од 1:24,86 минути.

Забустран беше за 22 стотинки побрз од Одермат и ја забележа првата победа во својата кариера. Ова беше негов 57 настап на трка од Светскиот куп, а неговиот претходен најдобар резултат беше на почетокот на март во норвешки Квитфјел, каде го освои осмото место во супервелеслалом.

Прв пат на подиумот во својата кариера се искачи и 24-годишниот Италијанец Џовани Францони, кој го освои третото место во Вал Гардена, заостанувајќи 37 стотинки зад победникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Територијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата.

Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранети

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.

Девет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранети

Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови.

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти.

„Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија без активни пожари

Центарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.

Македонија без активни пожари

Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати.

На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер