ФудбалЧеферин: Нема да давам нереални ветувањаНовиот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Словенецот Александар Чеферин денеска изјави дека е голема чест да се биде на чело на таа организацијата, но истовремено е и голема одговорност. Тој се заблагодари за големата доверба од делегатите и порача дека нема да ветувам работи кои нема да може да се остварат. - Не сум шоумен, немам проблем со егото и сигурно нема да давам нереални ветувања, истакна Чеферин по изборот за прв човек на УЕФА. Тој денеска на Конгресот во Атина доби 42 од можните 55 гласа. Словенецот посочи дека не се согласува со неодамнешните промени во Лигата на шампионите каде се фаворизираат силните лиги и најави преиспитување на одлуката. Кога станува збор за форматот на Европското првенство во 2020 година за кога се планира повеќе земји домаќини, идеја на неговиот претходник Мишел Платини, новиот претседател на УЕФА вели дека повторно ќе се разговара на таа тема.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандераДел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера. Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација. Тагови: врнежи од дожд УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанскоГолем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа . Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48