МакедонијаЧебрен и водите мораат да бидат македонски – протест на македонски инженери Тоа е од стратешки интерес за Македонија и тоа во момент кога Европа се соочува со недостиг на енергија.Група инженери со оставање на шишиња вода денеска под мотото Чебрен и водите мора да бидат македонски, го изразија своето незадоволство и се спротивставија на владината одлука, концесијата за користење на водата на Црна река за производство на елекртична енергија да биде доделена на грчки ППЦ -Архиродон. Бараат преиспитување и повлекување на одлуката. „Тоа е од стратешки интерес за Македонија и тоа во момент кога Европа се соочува со недостиг на енергија. И сега јонските батерии кои се начин којшто светот се справува со акомулирање на енергијата од фотоволтаиците се скапа инвестиција, ова е идеалното решение не само за Македонија него и за регионот. Но тоа треба да биде наше македонско не нечие , туѓо. Ние нашата територија ја даваме на странци и тие може во таа прилика нас да ни наплаќаат по берзанска цена струја и ништо не сме добиле.“- -изјави Дениз Мустафаоглу – термоенергетичар. Експертите, кои денеска дадоа поддршка на Здружението на инженери, оценуваат дека станува збор за лоша енергетска политика, која на идните генерации ќе им донесе само висока цена на струјата. „Проблемот е сериозен и овој проект треба да го води Македонија. Или ако веќе се прави партнерство Македонија треба да биде најмалку 51 % сопственик за да може да управува и раководи и профитот од тоа генерално да остане во Македонија.“- -изјави Костантин Димитров – МАЦЕФ. Од Влада за Канал 5 велат дека со изградба на овој проект бенефит ќе имаат токму граѓаните. „ Со изградбата на ПАХЕ Чебрен, ќе се обезбеди праведната транзиција кон чисти извори на енергија, ќе се зголеми капацитетот на нашиот енергетски систем за поголем број на обновливи извори на енергија, од кој директен бенефит ќе имаат самите граѓани, домашни мали и големи фирми, кој ќе инвестираат во таквите проекти, кој и во моментот инвестираат во нови фотонапонски електрани на целата територија. Директен бенефит ќе имаат и нашите инженери, кои ќе бидат најбарани токму во делот на проектирањето, развојот и изградбата на ПАХЕ Чебрен. “—Влада. Владата пред околу еден месец, по повеќе од 20 години донесе одлука за реализација на хидроцентралата Чебрен. Ова е четиринаесетти обид за доделување на концесија на Црна Река. На овој му претходеа 13 неуспешни тендери. Проценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра со која е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала Чебрен, со инсталиран капацитет од најмалку 333 мегавати. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter