Чави во потрага по нови фудбалери - Канал 5

Чави во потрага по нови фудбалери

Европскиот фудбалски гигант Барселона и покрај одличниот пазар во летен преоден рок , е решен дополнително да го засили тимот и покрај големите долгови и финансиските проблеми.

Чави во потрага по нови фудбалери

Проблемите станаа посебно видливи по испаѓањето на тимот од Лигата на шампионите, што ја остави Барса без значителни финансиски средства. Милиони евра од спонзори и УЕФА.

Сега легендата на Каталонците, тренерот Чави, Ернандез сака нови имиња во својот тим.

Како што пренесува каталонски „Спорт“, на списокот на Чави има 19 фудбалери.

Предводникот на Барселона е во потрага по десен бек и централен играч за врска.

За позицијата десен бек на листата на желби се Диого Далот, Хуан Фојт, Томас Меуниер, Вандерсон, Џереми Фримпонг и Стефан Синго.

Кога станува збор за играчите од средниот ред, Чави би сакал да види еден од следниве играчи во Барселона: Дани Парехо, Деклан Рајс, Фабињо, Гвидо Родригез, Џејмс Вард, Жоргињо, Леон Геречка, Нголо Канте, Мартин Зубименди, Родри, Рубен Невес, Сандро Тонали и Вилфред Ндиди.

Инаку летово Барселона ги засили своите редови со Роберт Левандовски, Рафиња,Жил Кунде, Франк Кеси,Андреас Кристијансен, Хектор Белерин и Маркос Алонсо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ со кој до рани утрински часови седеа на пијанки, а заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Падот почна од СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, па продолжи со Вучиќ.

Венко Филипче не може да избега од сопственото политичко минато и тоа нема да успее да го направи ни со 1000 прес-конференции.

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови.

Имено, Филипче, Заев, Вучиќ и соработниците имаат и заеднички омилен пејач, кој им пее на приватни журки.

Постојат видеа познати на јавноста, на кои јасно се гледа како Зоран Заев и Венко Филипче се веселат на журка во Дубаи додека им пее Харис Џиновиќ, а ги има и такви на кои, на приватна журка, исто така, со Џиновиќ се гледа Ана Брнабиќ заедно со други министри на Вучиќ.

Исто така, постои и видео од самиот Вучиќ, на кое се гледа како ужива во песните на Џиновиќ.

Така што, кога Филипче зборува против Вучиќ, граѓаните се присетуваат токму на сцените кога до рани зори седеа на пијанки, како со највисоки почести го пречекуваше на граница, за тоа како марихуаната, која во негов и период на власт со Заев цветаше, одеше за Србија.

Но, конекции и врските на СДС, Филипче и Заев со Вучиќ не завршуваа тука, туку се надоградуваа и понатаму, така што заедно со Заев за директор на ЕСМ поставија човек на Вучиќ, додека за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум, Башановиќ.

И ова не е се, нивната поврзаност е уште поголема и таа допрва ќе се открива.

Едноставно кажано, Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно исто. Прво паднаа СДС, кои сега е едвај трета партија, додека во Скопје петта, а во Куманово и последните избори во Брвеница четврта, заедно со Заев и Филипче, а по нив сега падна и Вучиќ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Примирје во украинскиот град Олешки заради достава на хуманитарна помош и евакуација

Во украинскиот град Олешки,кој е под руска окупација, започна примирје за хуманитарна помош.Прекинот на огнот треба да овозможи снабдување со залихи и евакуација на цивилите.

Примирје во украинскиот град Олешки заради достава на хуманитарна помош и евакуација

Примирјето беше најавено минатата недела од првата дама на САД, Меланија Трамп.

Руското министерство за одбрана соопшти дека престанало да пука кон Херсон.Украинскиот комесар за човекови права, потврди дека примирјето започнало.Тој нагласи дека украинската страна ги почитува преземените обврски.олешки беше заземен од руските сили во февруари 2022 година, на почетокот на инвазијата.пред војната, градот имал околу 24.000 жители.

Според украинските проценки, во градот и околината сè уште живеат околу 6.000 луѓе.меѓу нив има и околу 200 деца, кои се соочуваат со тешки хуманитарни услови.жителите имаат сериозен недостиг од храна и други основни потреби.белата куќа соопшти дека Меланија Трамп посредувала за примирјето со цел да им се помогне на цивилите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

Израелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори, први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

На изборите ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Анкетите покажуваат неизвесна трка меѓу блокот на Нетанјаху и опозицијата.опозицискиот блок Јашар го предводи поранешниот началник на генералштабот, Гади Ајзенкот.

Ниту еден од двата табора, според анкетите, нема сигурно мнозинство од 61 пратеничко место.Тоа би можело да доведе до долги преговори за формирање нова влада.

Изборите се одржуваат во услови на меѓународни критики за војната во Газа. Критики има и поради насилството и проширувањето на еврејските населби на западниот брег. Резултатите се следат и во странство, во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер