Час на планетата Земја 2022:Момент на солидарност за луѓето и планетата - Канал 5

Час на планетата Земја 2022:Момент на солидарност за луѓето и планетата

Часот на планетата Земја, најголемата светска еколошка акција, ќе обедини милиони луѓе ширум светот во момент на солидарност за луѓето и за планетата Земја.

Час на планетата Земја 2022:Момент на солидарност за луѓето и планетата

Одржувајќи се во особено клучен момент во човечката историја, овогодинешната акција ги повикува луѓето од целиот свет да се обединат во момент на размислување за нашиот однос едни со други, но и за нашиот единствен дом – планетата Земја.

Од Сиднејската опера каде што Часот на планетата Земја започна во 2007 година, преку споменикот на Христос Спасителот во Бразил, Колосеумот во Италија и Емпајер Стејт Билдинг во Америка – повеќе атрактивни светски локации ќе потонат во симболичен едночасовен мрак испраќајќи порака за посигурна, позелена и почиста иднина за нас и за идните генерации.

– Часот на планетата Земја 2022 го повикува светот да се обедини во момент на солидарност за луѓето и планетата. Знаеме дека покрај многуте предизвици со кои се соочуваме, особено во овие невидени времиња, 2022 година останува да биде критична година за планетата, нашиот заеднички дом. Оваа година светот ќе се собере за да се направи нов климатски договор, и ова претставува можност еднаш во една деценија лидерите да се договорат за планот за враќање на загубата на природата до 2030 година и изградба на позитивна иднина за природата, изјави Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за природа – WWF.

Според ова светско еколошко движење, оваа година одбележувањето на Часот на планетата Земја се случува во навистина тешки и предизвикувачки времиња за човештвото, споделувајќи ја при тоа тагата и загриженоста поради конфликтот во Украина.

Нашите мисли се со народот на Украина и со сите оние кои се засегнати од тековната ситуација, велат од локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во државава и сметаат дека сега не е моментот климатските промени да бидат ставени во фокусот, па поради тоа, наведуваат, се придружуваат кон одлуката на голем број земји ширум регионот, Европа и светот, оваа година во знак на поддршка и солидарност на тековната светска криза да не го одржи едночасовното исклучување на осветлувањето и прославата на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја.

– Знаеме дека за да изградиме иднина во хармонија со природата ни треба и мир меѓу луѓето. Затоа, овогодинешниот Час на планетата Земја нуди момент на солидарност со сите народи кои страдаат од војни и конфликти ширум светот; шанса за нашата глобална заедница да го изрази она што им е важно, заеднички да преземеме позитивни активности и да повикаме на свет каде што луѓето и планетата ќе можат да напредуваат заедно, вели Ѓорги Селков, претседател на локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија.

Часот на планетата Земја, додава Селков, отсекогаш имал славенички тон и ги повикувал луѓето да учествуваат во обедување за спас на природата и планетата Земја, а оваа година, како одговор на конфликтите во Украина, вели. нашиот тон е сочувствителен, обединувајќи се во глобална солидарност.

– Важно е да се нагласи дека законите на природата се нарушуваат и кога ја уништуваме природата, но и кога ги уништуваме луѓето. Нашето мото е – природата и луѓето, потенцира Селков.

Инаку, поддршка на акцијата најавиле повеќе од 190 земји ширум светот, меѓу кои и нашата земја.

Часот на планетата Земја ќе се одржи во 20:30 часот по локално време, кога милиони луѓе ширум светот симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во период од еден час во момент на солидарност за луѓето и планетата Земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели

Најмалку 22 лица загинаа денеска во судир меѓу автобус и камион на автопат во Кенија, соопшти полицијата.

Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели

Во несреќата се повредени уште неколку лица, кои се лекуваат, објави Асошиејтед Прес.

Се вели дека патниците се враќале од погреб кога се случила несреќата.

Абдулахи Калиф, комесар на округот Макуени, каде што се случила несреќата, изјавил дека бројот на жртви може да се зголеми.

Околностите околу несреќата сè уште не се јасни, објави АП, додавајќи дека пребрзото возење и лошите услови на патиштата претходно се наведуваат како фактори што придонесуваат за сообраќајните несреќи во Кенија.

Националниот орган за транспорт и безбедност на Кенија соопшти дека делот од патот каде што се случила несреќата е означен како „црна точка“ и дека веќе се дадени препораки за подобрување на безбедноста.

Пред три недели, 17 лица ги загубија животите во друга несреќа на истиот пат, кој го поврзува главниот град Најроби со крајбрежниот град Момбаса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова и ЛДП: Граѓаните на Србија покажаа дека нема поголема сила од демократската одлучност!

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува историската победа на демократијата и волјата на српскиот народ, кој преку незапирлива енергија, одлучност и масовност ја сруши долгогодишната автократска матрица. 

Зајкова и ЛДП: Граѓаните на Србија покажаа дека нема поголема сила од демократската одлучност!

Студентите, младите и сите граѓани на нашата северна соседна земја докажаа дека тие се единствениот вистински суверен и дека ниедна власт не е посилна од желбата за слобода, праведност и правна држава.

Овој демократски пресврт е директна шлаканица за сите автократски системи кои функционираат преку масовна контрола на медиумите, злоупотреба на буџетските ресурси за партиски цели, целосна партизација на институциите и манипулација со изборниот процес. Србија денеска покажа дека нејзиниот демократски капацитет е длабоко всаден во сржта на народот и дека секоја изборна инженеринг-машинерија паѓа пред гневот и волјата на граѓаните.

„Студентите и граѓаните на Србија покажаа дека со енергија и одлучност можат да бидат тие кои ќе одлучат за иднината на својот народ – надвор од сите манипулации, надвор од злоупотребата на медиумите, надвор од вклучувањето на буџетот во служба на една партија и надвор од воспоставените автократски матрици! Србија покажа дека единствено народот е суверен. За ЛДП, казнивост за корупцијата мора да има, правда мора да има подеднакво за сите, а за единството и европскиот пат нема алтернатива. Ова е доказ за целиот регион дека единствено демократијата, транспарентноста и одлучноста на граѓаните победуваат“, изјави Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание.

ЛДП изразува надеж дека со овој демократски чин, Србија конечно се враќа на вистинскиот европски пат. Оваа победа е јасен сигнал и предупредување за сите регионални политичари кои мислат дека со контрола, монопол и трошење на народни пари можат вечно да го држат сопствениот народ во заложништво.

Времето на автократите и партиските монополи завршува. Демократијата, праведноста и европската иднина на Балканот немаат алтернатива!

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не се гледа крајот на протестите во Франција- Макрон нема решение

Групи француски демонстранти и синдикати повикаа на понатамошни демонстрации за да го продолжат притисокот врз владата откако голема безбедносна операција помогна во контролирањето на немирите во саботата за време на протестите низ целата земја.

Не се гледа крајот на протестите во Франција- Макрон нема решение

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 410.000 луѓе учествувале во маршевите во саботата, а властите распоредиле 70.000 полицајци за да спречат повторени грабежи и вандализам во голем број градови на 17 октомври.

Синдикалните лидери повикаа на понатамошни протести следната сабота и национален штрајк на 5 ноември, истакнувајќи дека фрустрацијата поради платите, трошоците за живот и јавните услуги се проширила далеку над студентското движење кое првпат се мобилизираше минатиот месец.

„Гледаме натрупување на гнев и ги повикуваме луѓето да излезат на улиците и следната сабота“, изјави за BFM TV Муриел Гилберт, копретседател на левичарската федерација на синдикати „Солидари“. Таа рече дека незадоволството на студентите, работниците, пожарникарите и другите групи се претвора во заеднички бунт.

Синдикатот на наставниците во образованието SUD изјави дека ќе се придружи на демонстрациите на 31 октомври, додека главниот синдикат CGT изјави дека ќе одлучи во текот на неделата.

Просторот за реакција на Макрон е минимален

Членовите на движењето „Жолти елеци“ - граѓанска иницијатива создадена во 2018 година како бунт против данокот на гориво - исто така повикаа на масовни собири следната сабота, вклучувајќи протестни седења пред градските собранија и зградата на Националното собрание.

„Во оваа земја има гнев. Расте во училиштата и универзитетите, на кружните текови, во населбите, на фармите и на работните места“, изјави активистката Азелма Сиго за новинарите.

Во 2019 година, претседателот Емануел Макрон успеа да најде средства за намалување на трошоците за гориво како одговор на барањата на „Жолтите елеци“.

Седум години подоцна, поради преоптоварени јавни финансии, има многу малку простор за исполнување на барањата на демонстрантите. Покрај тоа, мандатот на Макрон истекува следната година, а неговата центристичка партија повеќе нема мнозинство потребно за донесување важни закони. Владата започна преговори со синдикатите и претставниците на студентите во обид да ја ублажи кризата, но водачите на протестите тврдат дека мерките што ги предложи досега се недоволни.

Се подготвуваат нови демонстрации

„Не добивме никаков одговор од оваа влада“, рече Гилберт.

Полициските синдикати денеска изјавија дека немаат доволно работна сила за да го одржат високото ниво на распоредување на сила што помогна да се ограничат немирите на спорадични судири во неколку градови во Франција, вклучувајќи ги Париз и Марсеј.

Министерството за внатрешни работи во неделата објави дека 1.314 лица биле уапсени во саботата, половина од бројот од минатата недела, и дека околу 50 полицајци биле повредени, во споредба со повеќе од 1.000 повредени минатата недела.

Протестите одекнаа надвор од границите на Франција

Во саботата, белгиската полиција во Брисел употреби солзавец и спреј со бибер во судир со антивладините демонстранти. Во Албанија, мирните протести, кои започнаа кон крајот на мај, се претворија во насилни немири, а во неколку италијански градови, втора недела по ред, се случуваат помали конфликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер