3Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
Шоу бизЧарли Шин мора да ѝ исплати 500.000 долари алиментација на поранешната сопруга Чарли Шин и неговата поранешна сопруга Брук Милер го завршија долгогодишниот спор околу неплатената алиментација. Според постигнатиот договор, актерот ќе ѝ исплати вкупно 500.000 долари (околу 440.000 евра). Судијата во Лос Анџелес ја потврди спогодбата на 7 јули, а според судските документи, 60-годишниот Шин мора да плати половина од износот до петок, 10 јули, додека преостанатиот дел треба да се плати до 1 септември. Во судскиот поднесок се наведува дека Шин се согласил на спогодбата откако „го разгледал ризикот од судски спор и поврзаните трошоци и одлучил дека е подобро да се решат овие прашања отколку да се биде изложен на неизвесностите од судскиот спор“. Со ова се заврши спорот во врска со неплатената алиментација и камата поврзани со периодот од 1 март 2011 година до 1 јули оваа година. Според договорот, Шин и 48-годишната Милер, кои ги имаат 17-годишните близнаци Боб и Макс, во иднина ќе ги сносат трошоците за грижа за децата додека се со нив. Покрај тоа, Шин ќе мора да плати 60.000 долари (околу 52.800 евра) за судските трошоци на неговата поранешна сопруга до 15 октомври. Крај на правната битка Спорот започна во декември минатата година, кога Милер поднесе тужба тврдејќи дека Шин ѝ должи речиси 9 милиони долари (околу 7,9 милиони евра) неплатена алиментација, со дополнителни повеќе од 6 милиони долари (околу 5,3 милиони евра) камата и 25.000 долари (околу 22.000 евра) судски трошоци. Во судските документи, таа навела дека во април 2010 година, на Шин му било наредено да плаќа 55.000 долари месечно (околу 48.400 евра), но дека од јули 2011 година, тој не ги плаќал редовно тие обврски. Турбулентно минато и помирна врска Шин и Милер беа во брак од 2008 до 2011 година, а нивната врска беше нарушена од бројни проблеми, вклучувајќи битки за старателство над децата, медицински патувања и инцидент од 2009 година во кој актерот наводно ѝ се заканил на Милер со нож. И покрај нивното турбулентно минато, нивната врска стана помирна во последниве години, а поранешните сопружници повремено јавно покажуваат поддршка еден кон друг. Во 2019 година, Шин коментираше за одлуката на Милер да побара помош во трауматски центар, велејќи за TMZ: „Мислам дека е на вистинското место“, додавајќи: „Се надевам дека ќе ја добие потребната помош. Ние сме тука за неа секогаш кога ќе се јави. Таа знае каде да нè најде“.Тагови: Чарли Шин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишено од слобода лице од тетовско, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожарНа 08.09.2026 во 09:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишија од слобода Р.С.(55) од с.Гајре. Според пријавеното, на место викано „Мала Зецка“ под с.Гајре, додека го чистел сопствениот имот од сува трева и нискостеблеста шума, запалил оган, по што пожжарот се проширил и зафатил поголема површина. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово и вработени во Шумското стопанство, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Тошковски го штити кумашинот ЈанушевСкандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност.Според јавно објавените информации, биле побарани 1.500 евра мито за да се „заврши“ вработување како пожарникар, а акцијата била спроведена при предавање на 500 евра. Зошто истрагата застанала тука? Зошто не било дозволено парите да го продолжат патот за да се утврди кој навистина стои зад ова и кој навистина го „завршил“ вработувањето? Возач не може сам да вработи пожарникар, ниту да влијае на конкурс, избор на кандидат или на одлука за вработување. Но Јанушев, како генерален секретар на Владата, како член на ИК на ВМРО, има. Дали Панче Тошковски го спаси својот кумашин Јанушев? Со прекинување на акцијата е спречен нејзиниот понатамошен развој. Ова е причина плус Јавното обвинителство да одговори зошто акцијата е прекината пред да се утврди целиот тек на парите и сите можни учесници. И во случајот со ИПАРД, кога беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, јавноста не доби целосен одговор каде водела трагата на парите и дали истрагата стигнала до сите можни учесници. Сега повторно имаме случај во кој се апси човек што е непосредно фатен, но останува неодговорено најважното прашање – кој стои над него? Откако Савески се врати од екскурзија и седна до Мицкоски, СДСМ бара да отвори истрага за случајот со возачот на Јанушев, која ќе се прошири и на Јанушев. Граѓаните заслужуваат одговори. Одговорност мора да има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотестТој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: сообраќајна незгода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook