Чарли Дамелио е првата личност со над 100 милиони фанови на Тик Ток - Канал 5

Чарли Дамелио е првата личност со над 100 милиони фанови на Тик Ток

Ангажманот на социјалните мрежи ја довело Чарли до прва улога во долгометражен филм, лансирање на сопствена колекција шминки, соработки со големи брендови...

Чарли Дамелио е првата личност со над 100 милиони фанови на Тик Ток

Чаркли Дамелио е првата корисничка на Ток Ток која собрала 100 милиони следачи, оставајќи ги така зад себе ѕвездите како Ариана Гранде, Кајчи Џенер и Селена Гомез.

-Собрав над 100 милиони следачи на Тик Ток. Не знам ни како да реагирам, затоа што не сум свесна дека е ова вистина. Едноставно, искрено не знам што да правам. Сама сум во својот тоалет и ги гледам објавите на Твитер, а јас исркрено не знам што да правам. Толку сум збунета. Пред нешто повеќе од една година бев во Конетикат и редовно се школував, не правејќи ништо, а сега живеам во Лос Анџелес и ги имам најдобрите пријатели. Да нема пандемија, би сакала веднаш да се сретнам и да се поздравам со сите 100 милиони луѓе. Но тоа сега не е возможно, рекла Чарли.

Освен што има најмногу следачи на оваа социјална мрежа, Чарли урнала уште еден рекорд. Имено, таа собрала 100 милиони следачи во рекорден рок. На Јутјуб биле потребни 14 години за некој корисник на оваа платформа да собере толкав број на следачи, додека 16 годишната Чарли на Тик Ток тоа гоуспеала за година и пол.

Таа својот Тик Ток профил го направила во мај 2019, каде објавува снимки на кои игра во својата соба.

Бројката од 100 милиони е голем успех и за самата Тик Ток Апликација.

@charlidamelio

dc @wh0.nia

♬ original sound - YvnggPrince

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Во понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - Кисми

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Состојки за денешниот рецепт:

1500 гр. свинско филе

1 кг. свежи печурки буковки

200 гр. путер

100 гр. сенф

150 гр. мед

500 мл. кисела павлака

сол, бибер

лук во прав

италијанска (тајланска) мешавина

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка.

Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина.

Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ.

Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ.

Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт.

Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем.

Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза.

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско.

Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер